7 јануари, 2009 - 22:38
[веб кирилица]

Балканкан - TOTAL SHIT !!!!

од Chima на 5 фев 2005 - 16:36

Тукушто се враќам од кино , го гледав Балканкан кој го чекав толку
време и можам да кажам дека ТОТАЛНО се разочарав. Се извинувам на сите
што сеуште не го гледале филмот а сакаат да го гледаат што со ова
можеби ќе добијат лош впечаток , ама сепак толку сум револтиран што
морав да напишам нешто.
Филмот е СРАЊЕ , од неверојатни размери , без поента , без визија , без
финти , евтино сценарио , одлични глумци ама безвезни улоги , со еден
збор КАТАСТРОФА. Со брат ми едвај чекавме да заврши , цело време филмот
влегува од една глупост во друга , не ми се веруваше како може толку да
ме разочара. Не можам да пишам повеќе , знам дека ќе серам до крај , па
затоа ќе прекинам , судете сами и чекам ваши коментари на Багра.
Балканкан ми го расипа денот , сега ќе почнам да пијам , иако е 16:35

Опции за гледање на коментари


сликата на гоце
Балканкан - TOTAL SHIT !!!! - од гоце на 5 февруари, 2005 - 16:50

Го гледав решисерот на ТВ и збореше нешто како ќе се борел против пиратеријата со редари низ салите каде што ќе се прикажувал, да не некој случајно го снимал со камера . Немало да има ни ДВД издание...

Него ако го најде некој дајте го да го рашириме [се смее]

Чики, не знам што очекуваше сеќавајќи се на она срањето „Збогум на 20-ти век“.

сликата на Chima
Балканкан - TOTAL SHIT !!!! - од Chima на 5 февруари, 2005 - 17:01

Цитат:

Го гледав решисерот на ТВ и збореше нешто како ќе се борел против пиратеријата со редари низ салите каде што ќе се прикажувал, да не некој случајно го снимал со камера . Немало да има ни ДВД издание...

Него ако го најде некој дајте го да го рашириме [се смее]

Чики, не знам што очекуваше сеќавајќи се на она срањето „Збогум на 20-ти век“.

Епа баш затоа , тој филм беше такво срање да мислев дека нема да му се повтори уште еднаш , ама во споредба со Балканкан тој е дури и добар филм , ова е МИЗЕРИЈА од невидени размери

И уште сега знам дека некои критичари ќе го фалат као неверојатен филм , демек јас не сум го разбрал , не сум ја сватил приказната , јас као обичен смртник не сум ја сватил поентата , ама ме боли к*р , за мене ова е СРАЊЕ и точка , еден од најлошите филмови кои сум ги гледал во животов

[Сменето на 5/2/2005 од Chima]

Балканкан - TOTAL SHIT !!!! - од Obi на 5 февруари, 2005 - 19:04

Ај чкртнете шо се дешава во филмот на кратко.

сликата на Mistress
Балканкан - TOTAL SHIT !!!! - од Mistress на 5 февруари, 2005 - 19:33

Цитат:

Чики, не знам што очекуваше сеќавајќи се на она срањето „Збогум на 20-ти век“.

Баба во тепих, па тоа е deja vu бе луѓе. Се сеќавате ли на Џипси Меџик? Значи до толку да се немало оргинална идеја...

сликата на TedBundy
Балканкан - TOTAL SHIT !!!! - од TedBundy на 5 февруари, 2005 - 19:46

А шо реклама само му удрија...
Балканкан по весници.
Балканкан по телевизии.
Балканкан на фестивали.(?!?)
Балканкан...

И стварно ли е толку лош?!?

сликата на Chima
Балканкан - TOTAL SHIT !!!! - од Chima на 5 февруари, 2005 - 20:59

Цитат:

Ај чкртнете шо се дешава во филмот на кратко.

Пријателе , многу би сакал да напишам што све се дешава во филмот ама не сакам пошто можеби некој сака да го гледа па ќе му го расипам впечатокот

TedBundy , филмот е катастрофално лош , цел ден со брат ми го збориме и се гадиме од него , ги анализираме сите грешки и глупости кои ги има ама на анализата и нема крај , тотално сум разочаран , but that's our opinion , you be the judge [намигнува]

Балканкан - TOTAL SHIT !!!! - од Голем_Ебиветер на 6 февруари, 2005 - 21:58

Филмов можеби не е најдобриот македонски филм, ама насетувам дека од него ќе заживеат еден куп добри реплики. Е сеа глумата е тенка ама што да очекуваш повеќе кога има т.н. глумци во филмот. Не зборам за веќе докажаните.
Сепак филмов е доволно добар за да се насмееш а и да коментираш дека можеле и подобро да го суредат.

сликата на Алек
Балканкан - TOTAL SHIT !!!! - од Алек на 6 февруари, 2005 - 22:11

За македонски добар е (еден одговор заз часовите по литература)
Филмот е тешко срање (поинаков одговор)
Џабе си ги дадов парите....
Едина работа што е добра е звукот...изненадува како добро напредувала мак кинематографија на ова поле. Инаку режисерот е промашена приказна...
Алек

сликата на SuperGirl
Балканкан - TOTAL SHIT !!!! - од SuperGirl на 7 февруари, 2005 - 00:07

Баш вечерва го гледав...дека е полош од "Збогум на 21-ви век" не...ама дека него бива, не го бива. Приказна нема, туку само лепени ситуации една до друга без некој развој на настаните. И преку к*р веќе од тие крвови, насилства и остали демек "балкански" срања. Има и други работи кои можат да бидат инспиративни. Добро бар цигани немаше...освен трубачите...

сликата на TedBundy
Балканкан - TOTAL SHIT !!!! - од TedBundy на 7 февруари, 2005 - 03:24

Не го имам гледано филмов.
За друго нешто се сетив. Кога го гледав Муње,ми остави впечеток крајот...каде што се набројани спонзорите. И, се разбира - најголемиот е министерство за култура.А после него и еден куп други спонзори. Самото тоа покажува зошто србите вадат и добри филмови...пошто има интерес кон кино културата, филмовите се добри и гледани,и спонзорите не веруваат во тоа балканско табу - дека од филмови не се прават пари.

А Балканкан, со сите пари фрлени на реклама... абе тие пари можеле да се инвестираат во самиот филм.Вака испаѓа дека имаме холиувудски модел. Силна реклама... за слаб филм (велат дека е слаб). И сепак, сите го гледаат

сликата на bst^^
Балканкан - TOTAL SHIT !!!! - од bst^^ на 10 февруари, 2005 - 10:45

Стварно може да се рашири Балканкан некако?

сликата на anastas87
Балканкан - TOTAL SHIT !!!! - од anastas87 на 10 февруари, 2005 - 11:56

Цитат:

Силна реклама... за слаб филм (велат дека е слаб). И сепак, сите го гледаат

Тоа е целта..

Балканкан - TOTAL SHIT !!!! - од strelcho на 10 февруари, 2005 - 16:16

А и песнана е дебилна ... Аман више со тие етно тупса-тупса срања на Џајковски

Балканкан - TOTAL SHIT !!!! - од fLeX на 10 февруари, 2005 - 19:32

Страње! не ми се троши поише зборови за филмов..и вицоите им се стари курац..

сликата на anastas87
Балканкан - TOTAL SHIT !!!! - од anastas87 на 15 февруари, 2005 - 01:11

Филмот е осреден.

Одлично почнува, со К-15.. натак не стануе лош него праи мучнина, не се доседуе. Едноставно не те боли кур како ќе заврши. Можда зашто типот сакал све у едно да убута.. не иде така. И да, многу украдени финти има, ама дефинитивно од сеа сите ќе си се обраќаме на „куме“ [се смее]

Куме, биди карактер! [се гази од смеење] [се гази од смеење] [се гази од смеење] [се гази од смеење] [се гази од смеење] [се гази од смеење] [се гази од смеење] [се гази од смеење] [се гази од смеење] [се гази од смеење] [се гази од смеење]

сликата на Julls
Балканкан - TOTAL SHIT !!!! - од Julls на 15 февруари, 2005 - 08:20

Цитат:

Филмот е осреден.
Одлично почнува, со К-15.. натак не стануе лош него праи мучнина, не се доседуе. Едноставно не те боли кур како ќе заврши. Можда зашто типот сакал све у едно да убута.. не иде така. И да, многу украдени финти има, ама дефинитивно од сеа сите ќе си се обраќаме на „куме“ [се смее]

К15 нека си снимаат скечеви, не филмови. Тоа за нивната глума. Со се друго се согласувам, апсолутно. Да не речам лош филм, ама осреден е најпогодениот збор.

сликата на dimitar27
Балканкан - TOTAL SHIT !!!! - од dimitar27 на 15 февруари, 2005 - 09:09

Филмот го гледав на премиерата у Скопје.Толку народ пред кино да чека одамна немам видено.
Филмот е направен многу професионално,туку зборувам за камера светло.звук,и остали занатски ствари.За причата може да се дискутира на долго и широко.Некој ке му смета тоа што секогаш Балканот е прикажан како едно големо БУРЕ БАРУТ.На некој друг не така реалната приказна.Ама јас мислам дека не ни била целта на Дарко да раскаже вистинска приказна.Па зар стварно некој бара вистинити случаии во ваков фикционен филм??
Во секој случај,не дека давам десетка за БАЛ КАН КАН,ама дека е SHIT не би рекол.Ако ништо друго барем у занатскиот дел филмот е направен онака Амерички-професионално.
За спонзорите на МУЊЕ...ако добро прочиташ(a така се прави пред да се коментира) и во БАЛ КАН КАН најголоем спонзор е Министерството за култура на РМ,а понатаму се другите наредени.
Тоа...не е одличен ама е далеку од лош.

сликата на KenobiBen
Балканкан - TOTAL SHIT !!!! - од KenobiBen на 15 февруари, 2005 - 09:32

Чек филмот се продава како вистинска случка (во Италија) . Изгледа како прикаска за мали деца - и после на волкот ја изеба бабата. Има сцена со детенце каде го убиваат . Океј кастинг аме тапа улоги - на бабата и фалеше сачмара или папагалче на рамо. Што е со литературните пцовки ? Ружа е ќерка на старешина од Јна, а Трендафил без школо,домец и повторно литературни пцости - простете. До кога така ? Никола којо и Џуро - бре зар заслужиле такви дебилни улоги ? На крајот нека се одлучи што сака да прави дотичниот режисер - Комедија,Драма, Хорор,Акција или детска прикаска. Да не почнам па за крајот каде што има теми за - проституција, трговија со деца, оружје, дроги и слични срања. Знам дека повеќето спијат, аме ова е навистина смешно и досадно. Нема ништо да се измени тоа е суровата реалност и филмов е ништо само ебано перење на пари од страна на фондации за борба против тоа и тоа и бла бла бла . А тоа срањето со пиратеријата
баш би сакал да видам пиратска верзија на ова срање, чисто од инат . Уште немало да искочи на двд. Биг факиг дил.. Можел да земе самер скол часови со тие пари. Ебате тоа филм да незнае да се направи. ебати и диплома и сите други срања.

сликата на DJRadovan
Балканкан - TOTAL SHIT !!!! - од DJRadovan на 15 февруари, 2005 - 10:23

aj koa ke dojdam da go gleam i jas..sho znam,sea me stavivte u zbunka..da go gledam ili ne... [тажен] nekoj mi spomna deka bilo neshto kako najbolje makedonski film dosega napraven...dali e toa vistina???

сликата на KenobiBen
Балканкан - TOTAL SHIT !!!! - од KenobiBen на 15 февруари, 2005 - 10:45

Чек, поради суровата реалност од страна нашето општество , и неговото инволвирање во култура и слично., ОДИ ДА ГО ГЛЕДАШ - без разлика каков е, тоа се подржува. А тоа што одредени никови го плукаат е - бидејќи знаат дека копилето може 100х подобар филм да направи. Само незнам кој к*р му е у глава. [се гази од смеење] А на крајот може и да ти се допадне.

сликата на ZisDead
Балканкан - TOTAL SHIT !!!! - од ZisDead на 15 февруари, 2005 - 11:44

Доста ни се филмови на тема циганска егзотика. Ајде некој нека филмува една урбана приказна,... или тоа им е претешко, па вака со циганскиве приказни им е проверен концепт. Па уште кога се чукаат во гради демек ја претставувале Македонија. Фала за претставувањето на Македонија како една голема Шутка,...затоа после странците ке не прашуваат дали имаме фрижидери и телевизори, а и во ЕУ ептен ке не сакаат.

сликата на Chima
Балканкан - TOTAL SHIT !!!! - од Chima на 15 февруари, 2005 - 12:01

Јас не знам зошто во Македонија веќе еднаш не се сними еден класичен урбан филм , без пиштоли , бомби , цигани , простотилак , колење , крв и бараби , имаме ние и други работи да му покажеме на светот , нели ?

Балканкан - TOTAL SHIT !!!! - од Ultra на 15 февруари, 2005 - 12:15

Цитат:

Јас не знам зошто во Македонија веќе еднаш не се сними еден класичен урбан филм.

Да? А каков е тој урбан филм со македонски услови за живот?
Или вистината боли а?

сликата на 3,14
Балканкан - TOTAL SHIT !!!! - од 3,14 на 15 февруари, 2005 - 12:32

Постои класичен урбан филм за Македонија,јес да не им било тоа првичната идеа,ама таков испаднал [се гази од смеење] - "Metropolis" by Fritz Lang (1927) [се гази од смеење] [се гази од смеење] [се гази од смеење]

сликата на Chima
Балканкан - TOTAL SHIT !!!! - од Chima на 15 февруари, 2005 - 12:41

Цитат:

Јас не знам зошто во Македонија веќе еднаш не се сними еден класичен урбан филм.

Да? А каков е тој урбан филм со македонски услови за живот?
Или вистината боли а?

Па животот во Македонија и не етака суров , има и многу убави нешта кои се случуваат , не е се така црно , бар јас така мислам

Балканкан - TOTAL SHIT !!!! - од Ultra на 15 февруари, 2005 - 12:51

Па животот во Македонија и не етака суров , има и многу убави нешта кои се случуваат , не е се така црно , бар јас така мислам

Токму така. Но со мене и тебе ќе се сложат максимум 10% од лугето, а останатите 90% ќе бидат разочарани и гневни на урбаниот филм кој нема да го претставува нивниот начин на преживување во оваа држава. Затоа ова простачење, сељачење, пцуење, гоблени, цигани, луди баби, пушки и пиштоли најдобро проаѓаат кај нас.

сликата на TedBundy
Балканкан - TOTAL SHIT !!!! - од TedBundy на 15 февруари, 2005 - 13:23

Цитат:

За спонзорите на МУЊЕ...ако добро прочиташ(a така се прави пред да се коментира) и во БАЛ КАН КАН најголоем спонзор е Министерството за култура на РМ,а понатаму се другите наредени.

Никаде не реков Димитаре, дека Балканкан нема спонзори и дека Министерството на култура го нема во тој список. Прво се чита, после се коментира.

п.с.
Освен тоа кај нас спонзорирањето зависи од министерот! И нема континуитет.

И да, треба да се прават урбани филмови. Смачено ми е од балкански искомплексирани тематики во секој филм.

сликата на dimitar27
Балканкан - TOTAL SHIT !!!! - од dimitar27 на 15 февруари, 2005 - 13:55

Цитат:
Цитат:

За спонзорите на МУЊЕ...ако добро прочиташ(a така се прави пред да се коментира) и во БАЛ КАН КАН најголоем спонзор е Министерството за култура на РМ,а понатаму се другите наредени.

Никаде не реков Димитаре, дека Балканкан нема спонзори и дека Министерството на култура го нема во тој список. Прво се чита, после се коментира.

п.с.
Освен тоа кај нас спонзорирањето зависи од министерот! И нема континуитет.

И да, треба да се прават урбани филмови. Смачено ми е од балкански искомплексирани тематики во секој филм.

Kako никаде не рече кога у претходниот пост напиша како за МУЊЕ главен спонзор е Министерството Српско,а кај нас не е така?Ај сега да не барам нагоре да ти пастирам.И јас само кажувам дека и на ОВОЈ филм исто така прв спонзор е Министерството наше...и толку ! ! !

За ULTRA-изјасни се сега,тебе ти се свиѓа филмов или не???Биди конкретна Те молам [се смее]))

Балканкан - TOTAL SHIT !!!! - од ГраСакоТ на 15 февруари, 2005 - 14:48

Добро бе да му се сневиди ај нека каже некој што е „УРБАНО“ во земјава наша...Приказнава била ЦИГАНСКА, СЕЉАЧКА, ПИШТОЛИ, ПУШКИ и незнам што уште не. Па добро што има во нашата историја освен горе споменативе работи

Кога го гледав ПРАШИНА(од дамна) една девојка излегува од кино салата со коментар „одвратно“ па добро ма девојко што очекуваш од таков режисер што разработува таква тематика. И друго нешто , лугето прават работи кои мислат дека ќе ги прослават некаде и некогаш во нашиот случај (балкански случај) Ромите или подобро кажано Циганите од кој режисерите најмногу прославиле.Јебеш га

Па и на крај краева од извесен кавантитет ќе добиеш и квалитет, ШТО ПОВЕЌЕ МАКЕДОНСКИ ФИЛМОВИ ТОЛКУ ПОКВАЛИТЕТНИ МАКЕДОНСКИ ФИЛМОВИ ова и мене ми звучеше многу оптимистички...

Балканкан - TOTAL SHIT !!!! - од Ultra на 15 февруари, 2005 - 15:01

За ULTRA-изјасни се сега,тебе ти се свиѓа филмов или не???Биди конкретна Те молам [се смее]))

Јас се изјаснив како субјективна (отвори ја темата: Кинотерапија)

сликата на viktoria
Балканкан - TOTAL SHIT !!!! - од viktoria на 15 февруари, 2005 - 18:35

Јас го немам гледано филмов. Ама па , мислам дека имаме сите колективно погрешни очекувања.

И Кустурица е најчесто критикуван поради тоа.. Као, зошто го претставува балканот вака онака, цигани, чурки летаат, невести левитираат..
Во врска со режисери како Дарко , Милчо, Куста, Морeти,Тарковски,Ничети, Труфо... не смееме нив да ги мешаме со режисерите кои се во служба на големите продукции.. Овие првиве прават таканаречени авторски филмови додека другиве комерцијала.

Првиве се фестивалски филмови, кои никогаш не прават многу пари на благајна , често не се ни многу скапи.. но знаат да бидат вистински бесценети драги камења , во поглед на филмот како уметност, идеи, симболика, провокација, дрскост, искреност ...

Вториве, се филмчиња онака, можат да бидат симпатични , да привлечат големи маси , но се често безлични лимунади, со крајно банални почетоци и краеви, сувопарни, без никаква имагинација..

Би го спомнала оној филмон на Ван Триер, оној Dogville , да беше тој филм ете филм на некој од македонскиве автори, и у главна улога не е Кидманка него Весна бејби или Магдалена Ризова -Черних , и цел филм само една сцена... градот нацртан со креда и толку. Ја мислам дека ќе имаше во тој случај , масовни протести низ градов.. Ќе се сметаше за скандал..( да се потрошат пари на таквонешто)

Е сеа, она што е глупо, е што кај нашиве режисери се појавува стално тоа едно исто клише. Ко да немаат доволно слобода во мечтата па да изнајдат други решенија за да се долови тој некој хумор, идеја, асоцијација...Па све се сведува на некои рециклирани к-петнаесто дебаро маалски ѓупско-урбани смешки..
А се сеќавам и јас на првиот ден од прикажување на ’После дождот’.. Луѓе шокирани и згрозени од тоа како режисерот не претставил .. демек некое село таму у забит , мизерија и мода од 19век.
Божем сеа, треба режисериве да снимаат филмови на Водно меѓу некои вили па у паркче (специјално исчистено) па онда сцени со вечери у Александар палас, па една car chasing сцена со аудија и хонди и онда ќе ја добиеме таа права шминка и алур дека сме малтене сите некои аристократи и дека не сме мифки од источна европа.

Шо знам, звучи ептен мизерно ама можеби баш ќе упали? [намигнува]

сликата на Chima
Балканкан - TOTAL SHIT !!!! - од Chima на 15 февруари, 2005 - 18:52

Цитат:

Јас го немам гледано филмов. Ама па , мислам дека имаме сите колективно погрешни очекувања.

Јас не знам зошто коментирате било што кога не сте го гледале Балканкан , прво гледајте го па после коментирајте........

сликата на viktoria
Балканкан - TOTAL SHIT !!!! - од viktoria на 18 февруари, 2005 - 18:21

Леее бе Чима што е ова прчење?? ПА големо чудо сеа некој нешто кажал на темава без да го има видено филмот. Јас ионака не коментирав ништо за филмот туку чисто самиов муабет за Балканкан ми поттикна разно разни мисли во некоја по опширна смисла за нашава мак. кинематографија...
.....проклетата колумна на Лабина митевска и тој нивниот ’Светец’ криви се за све.

сликата на viktoria
Балканкан - TOTAL SHIT !!!! - од viktoria на 18 февруари, 2005 - 18:40

Ептен ко да се најдов у песнана на Брус Спрингстиин
“Fifty-seven channels and nothin' on...“ ко коментар за тоа како нема ништо на тв и поред 50 и кусур канали.. така и овде , ко да видов 70гости а празно..
значи што цензура е уведена,
ц ц ц... не моеш ништо да кажеш а да не ти се сипа некој [се смее] :)

сликата на Chima
Балканкан - TOTAL SHIT !!!! - од Chima на 18 февруари, 2005 - 19:16

Цитат:

Ептен ко да се најдов у песнана на Брус Спрингстиин
“Fifty-seven channels and nothin' on...“ ко коментар за тоа како нема ништо на тв и поред 50 и кусур канали.. така и овде , ко да видов 70гости а празно..
значи што цензура е уведена,
ц ц ц... не моеш ништо да кажеш а да не ти се сипа некој [се смее] :)

добро бе , не лути се , не те ч'чкам повеќе , само сакам да ти кажам дека ова е дискусија за луѓе кои го гледале филмот.....

Балканкан - TOTAL SHIT !!!! - од mites на 27 февруари, 2005 - 01:39

абе не знам шо креневте толкава фама филмот може не е најдобриот македонски филм
ама она МАКЕДОНСКИ ко први редок и убав има добри реплики и некои јаки сцени а ако зборуваме за приказни и голем број холивудски филови немат приказна па пак се гледани од некоја Х причина

сликата на ГоранОдЧаир
Балканкан - TOTAL SHIT !!!! - од ГоранОдЧаир на 27 февруари, 2005 - 01:50

ме мрзеше да ги читам сите коментари ...но не ве потсети малку тематиката на филмот на „ Викенд на мртовци“....!?..е тоа е филм ебате...[намигнува]

Балканкан - од Robomarket на 3 март, 2006 - 02:54

Значи паѓа серверопт на Он Нет и одма ги снемува Багра, Темплум и уште иљада страни со .мк домен. Ц цц ц, да не може човек коментар да прати. За малце ќе изгубев СЕ!

Сеедно, еве го коментарот.

Синоќа по втор пат го гледав Балканкан. Првиот пат беше пред два месеци и тогаш не ме одушеви зошто не беа правилни околностите. Некој старци и некои копиљаана. Тоа се гледа со другари или сам...освежен!
За да се гледа таков филм човек треба да се внесе во филмот и да се поврзува и става на местото на настаните кои се одвиваат. Синоќа толку сум се уфилмал што кога го догледав филмот се просветив тотално и некако бев ептен среќен што го сватив до самата с`рж. Му се ставив на Митревски во памет и знам што точно сака да каже типот.

Сите негативни коментари се бледи и излишни. Никој не спомнува што очекувал/а од филмот и зошто го попримил со разочарување. Се кладам дека многу луѓе очекувале некакви српски заебанции од типот на Кенгур. Балканкан е ПРВ македонски филм што успева да ја долови ситуацијата во Македонија и на Балканот на најдобар можен начин.

Кажете ми дека не е одлично изведено целото џафкање што се случува во македонскиот дом. Свекрвата со снаата, бабата со зетот, се збори за најмизерни работи од што луѓето немаат попаметна работа. Кога единственото хоби е гледање вести и серење политика, токму тоа се случува во домот. Во македонска куќа мора да има некој болен. Мора некој да нема лекови или па да е константно на лекарства. Сите патат од тртки, ракови, нерви, реуми и мигрени. Хармонијата во домот не е присутна. Тука се и мажот и жената. Типичната македонска жена лае цел ден за разно-разни баналности а македонскиот маж е тотален шупак и ропаш што само седи и ќути.
Во филмот се исмеани бирократските бодликави жици низ кои мора да помине секој македонец што нема многу пара. Не дај боже да умре човек. Тогаш ти ја изедоа кожата сите бирократски гомна. Пари за поп, за гроб, за плоча...уствари ставете се во било која ситуација. Еве нека биде чекање за лична или вадење некакво уверение. Треба човек да го прошета градот и да отиде до сите државни установи по различните слагалици кои ја комплетираат големата слика од ДИГНАТ СРЕДЕН ПРСТ.

Ете ти го докторот-гинеколог кој знае колку најплатениот гинеколог во некоја Берлинска клиника. Почна да реди органи, да дава дијагнози, абе се искључи тотално...и ова те тера да мислиш...ЧЕАЈ БЕ, па ова стварно се случува. Во македонија има ГЕНИЈА што чмаат заради тие гомната на власт.

Тоа дека сторијата скока од Македонија па Бугарија па во Србија па Косово...тоа е само колку да го оправда насловот на фимот-Бал-кан-кан. А востварно тоа е СЕ Македонија.

Џанго-Сапун...џамбаз и преварант што лежел во затвор па станал резервист и пере пари и кој знае што друго прави. Позната ви е ситуацијава? Криминалци, бандити и мајмуни што станаа сите резервисти или некакви лидери. А тоа се само ситни риби. Можете да замислите што кур не правеле тие на власт или некои во непосредна позиција до тие на власт!

Филмот почна одлично. Одличен увод-двајца македонски фраери-ситни риби се занимаваат со ситен криминал-шверц нешто ваму таму. Шетаат низ земјаат и си играат курташак. Е тоа се случувало порано во Македонија, Има такви легенди ама многу од вас ПОЈМА НЕМААТ! Тоа е македонската КУЛТУРА бе, такви легенди...тоа било во мода...тоа било поим за фраер-исто како Вито. Значи фраери а се опрчуваат додека да свртат некоја пара.

Има уште милион ситни детаљи кои највероватно сте ги пропуштиле.
Кога нашиот му го гребе мобилниот на Итаљанот нон стоп? Слушате што муабет прави со Ружа? Типични македонски муабети-НИШТО. Како си, добра ли си, што е, како е...паничење и џафкање...бљак. Такви муабети прават само некои ти женишта.

А она кога се напушуе Трендафил и кога повторува...ЗАПРЉАЊЕ, ШАПРЉАЊЕ, ЧАПРЉАЊЕ....е тука се изгазив од смеење. Можете да замилите колку џолиња пашнал режисЈоро додека го пишувал филмот. И таква сцена може да е интересна само на тој што бил во таква ситуација, нема друго.

Сега малце серка од технички аспект. Некој кажа дека глумата била тенка!? Кој? Трендафил можел подобро да одигра и баба зумбула малце заеба, сите останати улоги се како природни, оригинални карактери што ти шетаат низ земја. Кога босанците и хрватите јадеа заедно на маса и кога почнаа да се пукаат...примети малце детаљи, не гинеа со лабави фаци него пљукаа јадење, стегаа заби и вртеа со очите. Тоа е солидна глума ама уште посолидна режија зошто од кај кур тој некој ќељав дебил знае да го направи тоа толку реално?! Митревски има објаснето како треба.

Е малце музиката-песните од саундтракот требало да се погласни во позадината. На пример кога Трендафилм пичи во фиќото и кога иде таму драм енд бејз трака...ептен е тивка. Треба онака БУУМ, днб а камерата во кадар има шофершајбна и како колава се движи поред крави, селски куќи, ливаѓе итн итн.

Специјални ефекти- ОДЛИЧНО. Звукот е добар. Истрели, куршуми на земја, трескање врати, шумови, џагор-ПЕТКА се. Тоа се све мали детаљи ама тој што знае да лови такви работи го ужива филмот повеќе од тие што бараат да се насмеат на некои предвидливи ситуации.

Вики нешто го спомна Кустурица. Фимовите му се закон, ама човече ДОСАДНИ СЕ УПМ. Добро дејство, интересни улоги ама траат премногу долго. Мислам дека типот троши премногу време додека да дојде до главното. Сетоа тоа го прави филмот посложен ама па и подосаден. Земи го АНДЕРГРАУНД за пример. Пих. Човек треба да е јак на нерви да го гледа цел филм, ИЛИ да е стварно љубител на филм.
Нашиов свршил супер работа.

Е толку ај, забегав.

Се разочарав бе...како толку негативни критики? Не сте му дале шанса на филмот. Некој ден спремете се искчучиво за гледање Балканкан и помислете малце.

сликата на Zelka
пер митрсвски - од Zelka на 3 март, 2006 - 12:44

пер митрсвски има некој си талент во себе но од пола натак се губи во секои негови продукти. таков беше и на забогум на 21от век. работата е што успешно успеал да сними филм за маси, доста добро промовиран и многу реклама му направи песната `наааа-нана-на-нананана баба зумбуила`.
јас бев на снимање еден ден, топ си поминав.

пер 20тиот век е - од Robomarket на 3 март, 2006 - 16:23

пер 20тиот век е црна флека на македонската кинематографија, која е и онака пола срање.

Знам дека Балканкан е добро изрекламиран, ама така треба бе. Кога некој вложува милионски суми во филм и кога човек има замисла, што, се проектира во празни кино сали ли? Мора реклама, браво за пропагандата. Ама и филмот е закон, само кој како ќе го разбере.

Се сложувам со - од PetarK на 3 март, 2006 - 18:32

Се сложувам со твоиве коментари. Искрено кажано, мислам дека многу критичари на Балканкан едноставно не го сконтале вицот.

Во врска со ликовите, Ружа (Ѕвезда Ангеловска) е еден од мнооогу ретките нормален женски ликови во нашата кинематографија.

O: Се сложувам со - од PetarK на 3 март, 2006 - 18:33

Ова е на Робомаркет одговор... [намигнува]

PetarK напиша:

Се сложувам со твоиве коментари. Искрено кажано, мислам дека многу критичари на Балканкан едноставно не го сконтале вицот.

Во врска со ликовите, Ружа (Ѕвезда Ангеловска) е еден од мнооогу ретките нормален женски ликови во нашата кинематографија.

Иако е малце out-of-date - од yfipk на 3 март, 2006 - 18:41

Не, не е до друштвото и амбиентот. Го имам изгледано филмов околу 4-5 пати. Знаеш зашто? Зашто кога го гледав првпат, излгеов од киното, и на сите што ќе ме прашаа каков е им викав - СРАЊЕ!!! -
Зошто?
Можеби заради тоа што очекував нешто мноооогу покултно. Можеби очекував нешто многу подефинирано ( ако правиш комедија, прај комедија, не се ќењај), можеби очекував нешто од типот на Пред Дождот, можеби ме нафура америчкиот крај, можеби, можеби.....

По првото гледање, сите кој што ме прашаа дали ми се свиѓал филмот, ов некој дел од муабетот употребија - ти си ненормален, уффф, кретееееен..., па коа си глуп и не си го сфатил филмот, тоа е вистинската македонска приказна, само нејќеш да отвориш очи и да ја видиш и слични. Јас, како тежок филозоф, уште потешко мрчало, и тип што пробува дури и во најбаналното да најде поента, се навредив бааги, па си реков , да го ѕирнам уште еднаш.
После второто гледање, пак го имав истиот став кон филмот. Мислев дека режисерот/сценаристот е дебил.
Пак ги имав истине коментари од погоре.
После третото гледање, сфатив дека мнооогу тешко да ми се присвиѓа филмов, пошо сите ми го бутаа у фаца.
Овојпат не се замарав со коментарите.
Пред нова година(2006), случајно ми падна во рака филмот.
Го изгледав со најголемо внимание, пробувајќи да бидам што е можно по објективен и да не се потпирам на мојата мрчаторска природа. Почеток - интересен(забавен, НЕ нешто да те натера да размислуваш или да ги " отвориш очите за нашето секојдневие").
Средина - смешна. Интерсна и забавна, со многу ликови за заебанции.(особено тие босанците што си лупаа флаши од глава)
Крај(тука ќе се задржам повеќе)
Обид за трагично-херојска приказна(наспроти тоа што се случуваше во почетокот). Катастрофално лош обид. Многу крв, глупи фрази(комшија не биди гомно, викни брза помош - или така нешто), нелогичности(ок, за ова можам и да простам),и конечно, катастрофална крајна сцена....
Сеуште мислам дека филмот е глуп, ама сега мислењето за режисерот многу ми се измени. Иако во најголем дел работа на промотерот, сепак успеа да си ќари мноооогу кино-влезници, мнооогу кеш и др.(можда некоја награда, не ми текнува). Не, режисерот не е дебил. Напротив, многу паметен човек. Човек што го боли КУР(ова со посебен нагласок) за тоа како ќе му го проценат филмот вистински филмски познавачи, незасегнати од посетеноста на филмските сали и неверојатно добрата реклама. Он битно си ќари кеш.
За крај, овој филм многу придонесе за македонската филмска сцена. Повеќе не сме познати по создавање "култни" филмови полни со булшит, туку сега правиме и америчко глупи траги комедии.
Фала на вниманието, тие што исчитаа се, не само што скролаа до доле.

сликата на Zelka
добро де и - од Zelka на 3 март, 2006 - 20:24

добро де и милчо се испосра со даст, избега избега...

сликата на snowman
Даст е одличен - од snowman на 6 март, 2006 - 18:48

Даст е одличен филм.

А за посерувањето, сте се посрале бре вие, пошто Милчо го изучуваат на секој значаен универзитет за кинематографија.

Добро. - од Robomarket на 3 март, 2006 - 20:42

Добро. Почетокот на филмот-трагикомедија.
Средината-пак трагикомедија. Смешна реалност. Бугарче што ограбува туристи, Босанци и Хрвати од едно село се тепаат а до вчера живееле заедно, Срби што шверцаат дрога и оружје, српски мафијаш-политичари бизнисмен, се прави наудрен а уствари и збори италијански, и знае што се случува.
Македончето-абе поојма нема кај се наоѓа и што прави. Гледа дека сите се тапа и дека САМ влегол во длабоки гомна.
А на крај краева, пораката е- човек сфаќа дека срање се случува НАСЕКАДЕ, ама каква е таква е-дома си е дома, и дома е љубовта. И така Трендафил се враќа кај женичката...И МИНУС БАБА! А!

“.(особено тие босанците што си лупаа флаши од глава)“

Ете ти зошто не си го разбрал филмот. Тебе повеќе ти било интересно кршењето флаши од глава него ли ЗОШТО босанчеросите и кроатите се тепаа! Ме сфаќаш ли сега, ете ти кажувам каде грешиш, ама не можеме сите да мислиме исто сеа.

И крајот на филмот-еве зошто е така. Го гледаш Косово-црна дупка. Абе ужас. Бедотија, разврат, криминал...катастрофа. Од претходно заклучуваш дека Србија е исто, исто и Бугарија. Балканот во тие времиња е срање. И му се враќаат природните животински инстинкти на Трендафил. Убива, пука, има причина зошто го прави тоа А и плус тоа, филмот добива малце холивудски-“ќе ви ебам матер на сите“ шмек.

“Повеќе не сме познати по создавање "култни" филмови полни со булшит, туку сега правиме и америчко глупи траги комедии.“

Тие култни филмови полни со булшит имаат длабока содржина за разлика од холивудските срања. Иди гледај Спајдермен еате.
Пред Дождот-одлична сторија, ептен филозофски, добра режија...ама слаба продукција во смисол-глума, звук и монтажа.

Џипси Меџик-одлична сторија. македонска реалност. Продукција и глума-нула запирка пет...да не кажам срање.

Прашина-милчо забега. Излив од емоции за татковината, ама го разбирам човекот. Прашина е гласен врисок во ушите на моќниците. Тие странци што го разбрале филмот сфатиле што и се случува на македонија.

Ебете холивуд луѓе, кинематографијата ни е лоша бидејки режисери и сценаристи се концентрираат ИСКЛУЧИВО на македонско-балкански теми-реалност и драма со малце комедија. Публиката сака лабави филмови-кики-кака, малце акција, малце реалност и МНОГУ македонска култура и начин наживот, зошто?-затоа што тоа е права комедија.

here we go again - од yfipk на 4 март, 2006 - 02:55

сега несум бо асакна состојба да ги гагам тастеритве, простете ми.
Зосто јас не сум го разбрал филмот.... не, не е поентата во босанците сто си чупаа фалси оф глаа. никаде не сум рекол такво несто. сум го спомнал како настан сто онака, ми бил ко за релаксиране , ако ја свати целата порака во моојт погорне пост.
пред доздот за мене е убедливо најобар мак филм, сто кур и да казат другите(за тоа не ме болесе дури и кога ми го возвисуваа балкансит_)
спајдермен не сум го глеал
не ни планирам
култните филмови, со булшит, се однесува на збогум на незнам кој век, прасина и сл.(да да, прасина бесе веке циденосрање СРАЊЕ шти имапе смисла до некоја точка, а до некоја се вадесе на култноста не резисерот(ме мрзи да стаам наводнициц))
сто ска публиката?
публиката сака спајдермен еаате!
сака гвинет полтроу и никол кидман у главни улоги
сала јек никосон и дени девито(глеј го тхе пледге_
скака али ги, сака злобни девојки и оцајни домакинки
досега(без балкансхит)имавме култни филмови(освен збогум... кој иако се опбидувасе да објасни некоја поента, таа се заеба негде мегу курвата со се препусуесе и малиот со го пцуесе дедо мрас) преку зерото, пред доздот, прасина(колку толку)...
да пунбликата(барем 70% од мак. публика скаа ране... да да, не го спомнувам слуцајно...)
сака фи,м со ке зиграва дека гио сфатила. ама нема појам за сто е филмот....
не, не дека не ја водов поруката сто балкансхит се обидувасе да ја наметне(ова е васата реалос, сооцете се со неа бла бла бла_, туку, проблемот е сто се обидувасе на тоа да се вади...
пред доздот - одлицен филм(ок то а со смисло и монт.._) имасе порука
преку езерото
дзипси медзик(колку точку, несто поеке од прасина, ам и тој мозе да лезе)
ебте холивуд????
холивуд прави певеке култни минус схит филмови во еден месец него ли ние во целтот насе постоенје како независна дрзаба. Кинематографијата ни е лоса, бидејки им се дава санаса на век исбробани, култни резирсери. насата младина има многу повеке да пионуди(сум гледал аматерски филмови сто го ставаат во зуб дури и пред доздот, не па балан..._)
ок, мозе не ме сфати, ама отсабајле ти ветувам дека ке отидам на измени(онаа опцијана од доле) и ке го средма текстов , џаедно со моите исли(на треџон де)
сеа морав да промрџам(таква ми е природатра)

Колку си ти - од Robomarket на 4 март, 2006 - 08:48

Колку си ти здробнем другар. Е иНи јас ни еможам да погодам ни ентер во моментов а тоа што не си го разбрал фимлот е до тебе. Еве да ти кажам директно без многу филозофирање и јадење говна-гледај го филмот и ама претходно свиткај еден Џоинз. Мислам сварно не се ќењам ама ќе видиш работи што не си ги приметил до сега и одеднаш се ќе прави смисла а уствари не, зависи од каква ти е фантазијата, колку можеш да си го испратиш паметот на авантура, ме зрабираш?
адиос

Aj батали измена - од yfipk на 4 март, 2006 - 10:18

Мнооогу работа... Ептен ме мрзи. Без многу мрчење, еве и ја да ти кажам дека секој си има свое мислење, и дека ретко која статија или комнетар на некој форум ќе го натера да го смени. Нема везе, уз џоинт све иде. A за тоа дека бев здробнем вчера....не ми спомињај, уште ме пука глава.

сликата на Zelka
јооој, тешка - од Zelka на 4 март, 2006 - 12:42

јооој, тешка тиња е филмот со малку хумор за да можат балкаците да го сватат. ништо фасцинанто не е. ништо интересно не е. не нуди никаква оргиналност, естетика камера режија сценаријо ватевер.
толку лајтерица филм и толку. не забегувајте многу, ок?