7 јануари, 2009 - 20:33
[веб кирилица]

А денарот?

од PetarK на 30 јан 2005 - 18:10

Има ли некој поим зошто денарот го нема на меѓународните сајтови со курсни листи? Мислам, ако на листата има и земји како Албанија, Бутан, Малта, островчено Питкаирн, белким Македонија има исто толку валута?

За тие што работат по весници, еве добра идеја за текст.

Опции за гледање на коментари


сликата на viktoria
А денарот? - од viktoria на 30 јануари, 2005 - 19:46

Оуфф , жифти идејата за новост во нашиве весници.. ќе почнат онака со големи букви на насловна “Ги има сите земји ама само нас не НЕМА“ , “Светот не избришал од берзата“ и плачки и лелекања..

Инаку ако ти треба да си мењаш евра-денари, франци-денари, а тешко ти иде множење/делење со 60,1 еве ти ажурирани сајтови каде го има нашиот еректиран цврст каменест Мак Денар ! [се смее]

[url] http://hamburg.crowneplaza.com/weblet/xrates?to=USDUS&from=EURDE&value=100&case=hamge[/url]
[url] http://www.pierhouse.com/weblet/xrates?to=USDUS&from=USDUS&value=200[/url]
[url]http://hongkong-ic.intercontinental.com/weblet/xrates?to=USDUS&from=HKDCN&value=100&case=honic [/url]

А денарот? - од PetarK на 30 јануари, 2005 - 20:36

Ха, ха, се гледа кој работи во секторот. Ама без оглед на тоа што не има на некои поспецијализирани сајтови, any idea зошто не нема на сајтовите за „општа“ публика? Сигурно помалку интерес од Бутан за курсна листа не генерираме?

Цитат:

Инаку ако ти треба да си мењаш евра-денари, франци-денари, а тешко ти иде множење/делење со 60,1 еве ти ажурирани сајтови каде го има нашиот еректиран цврст каменест Мак Денар ! [се смее]

[url] http://hamburg.crowneplaza.com/weblet/xrates?to=USDUS&from=EURDE&value=100&case=hamge[/url]
[url] http://www.pierhouse.com/weblet/xrates?to=USDUS&from=USDUS&value=200[/url]
[url]http://hongkong-ic.intercontinental.com/weblet/xrates?to=USDUS&from=HKDCN&value=100&case=honic [/url]

сликата на GoodBytes
А денарот? - од GoodBytes на 31 јануари, 2005 - 00:04

Не знам што точно подразбираш под „поспецијализиран сајт“, но можеби Yahoo е доволно „општ“:
http://finance.yahoo.com/currency/convert?from=USD&to=MKD&amt=1&t=3m

Инаку, денарот го има на стотици сајтови со курсни листи. Сигурно не си побарал добро. И јас сметам дека таквата тема ќе предизвика тридневна лавина од пренемагање низ весниците. Додека не дојде нешто подобро за тиражот.

сликата на TedBundy
А денарот? - од TedBundy на 31 јануари, 2005 - 03:33

Абе,ние имаме валутен борд? Мислам,ак немаме не би требало да го има нашиов денар на курсни листи.Или шо знам

А денарот? - од PetarK на 31 јануари, 2005 - 21:15

Хм, да, јас Oanda и уште неколку други што сум гледал го немало денарот, ама Yahoo е точно тип на сајт на кој мислев. Значи го имало денарот, само јас баксуз не сум гледал на право место. Фала за информацииве и тебе и на викторија. [се смее]

Цитат:

Не знам што точно подразбираш под „поспецијализиран сајт“, но можеби Yahoo е доволно „општ“:
http://finance.yahoo.com/currency/convert?from=USD&to=MKD&amt=1&t=3m

Инаку, денарот го има на стотици сајтови со курсни листи. Сигурно не си побарал добро. И јас сметам дека таквата тема ќе предизвика тридневна лавина од пренемагање низ весниците. Додека не дојде нешто подобро за тиражот.

А денарот? - од PetarK на 31 јануари, 2005 - 21:18

Валутниот борд нема врска со ништо суштинско за денарот. Тоа е едноставно маневарски обид на тие што сакаат девалвација на денарот.

Сегашниот курс може е добра работа, може е лоша, ама дефинитивно не стои на истото ниво поради некакво „едноумие“ како што сакаат поддржувачите на идејата да кажат.

Цитат:

Абе,ние имаме валутен борд? Мислам,ак немаме не би требало да го има нашиов денар на курсни листи.Или шо знам

сликата на Новица
А денарот? - од Новица на 31 јануари, 2005 - 22:22

Цитат:

Сегашниот курс може е добра работа, може е лоша, ама дефинитивно не стои на истото ниво поради некакво „едноумие“ како што сакаат поддржувачите на идејата да кажат.

Едноумие на тие што сакаат да го одржат курсот или на тие што сакаат девалвација?

А денарот? - од PetarK на 1 февруари, 2005 - 01:05

Поентата ми е дека има луѓе кои мислат дека треба да остане курсот ист и луѓе кои викаат дека не треба, и одлуката зависи од односот на силите. А не дека тоа што си стои денарот е резултат на некаква патологија која настанала поради тоа што немало групно одлучување за курсот.

Цитат:

Едноумие на тие што сакаат да го одржат курсот или на тие што сакаат девалвација?

сликата на Chombe
А денарот? - од Chombe на 1 февруари, 2005 - 05:51

Курсот на сите валути зависи од катаљон работи. Дури и една држава како МК да го одржава стабилен курсот а ММФ да каже дека валутата е преценета, тоа ќе се одрази на каматни стапки, помали краткорочни фондови од страна на ММФ итн. Па и една Америка има проблем со овие работи на светско ниво. Во моментот, доларот е доста слаб што одговара на америчка извозна економија, но од друга страна не одговара на Германија и Јапонија како изразито извозни економии. Баш читав пред некој ден, дал беше „Развигорче“ или „Наш Свет“ дека Германија во 2004-та година имала најголем извоз во својата историја. Извозот би бил уште поголем да не е толку слаб доларот. Ништо чудно Дојче Бундесбанк да фрли троа пари или да напраи некој заеб за 0.1% посто у каматни стапки со што би се зајакнал доларот, ама да не приметат Французите [намигнува]. На овој начин Јапонија неколку пати има интервенирано на светскиот пазар за да го зајакне доларот. Јеби га, пола ТојотаХондаНисан иде за усашки пазар. Мада и Ален Гринспан може да извади од под перницата на Форт Нокс троа катаљони и да го опраи курсот, ама гарант има нешто тука со цени на нафти, АвганИракистан, ДоуЏонс, берза итн. Затоа најдобра инвестиција се стари турски лири aka жолтици ако мене ме прашате.

сликата на dimitar27
А денарот? - од dimitar27 на 1 февруари, 2005 - 09:14

quote:
--------------------------------------------------------------------------------
Абе,ние имаме валутен борд? Мислам,ак немаме не би требало да го има нашиов денар на курсни листи.Или шо знам
--------------------------------------------------------------------------------

МОЛЧИ ОООО МОРОНУ МОООЛЧИИИ ! ! !

Борд бе сме немале и затоа го немало ДЕНАРот на kурсни листи????Свашта мајка роди [се смее]

За ПетарК...имаш Фала Богу на БАГРАва колеги банкари и банкарки,па ако многу ти треба такво инфо..ПОВЕЛИ обрати се [се смее])

сликата на TedBundy
А денарот? - од TedBundy на 1 февруари, 2005 - 20:22

Цитат:

--------------------------------------------------------------------------------
Абе,ние имаме валутен борд? Мислам,ак немаме не би требало да го има нашиов денар на курсни листи.Или шо знам
--------------------------------------------------------------------------------

МОЛЧИ ОООО МОРОНУ МОООЛЧИИИ ! ! !

Абе шо се палиш толку,само прашав.За да читаш другпат повнимателно,ти маркирам со црно горе!!!
И бравос за речникот