За носталгичните љубители на Win98 кои се заебале со WinXP :)
од икспе на 28 јан 2002 - 11:37
Супер ви беше со стариот добар и проверен Windows 98?
Се заебавте и го инсталиравте Windows XP врз него?
Ви велат дека е не можно да го деинсталирате и да го повратите преснимениот Win98?
Не очајувајте!
Следува кратко објаснување како да го шутнете XP-то и да се вратите на 98-цата...
Ок, here we go...
1. Употребете го Autostart-от на Win98 цд-то и отидете под DOS.
2. Во DOS прошетајте се до партицијата каде што е инсталиран WinXP-то.
3. Искуцајте format -u -r. (со -u ги бришете XP фајловите, а со -r правите restore на пребришаните фајлови на претходната верзија на Windows)
4. Воала! Win98 is back! :)
П.С. Сите што мислат дека е ова најглупата финта што ја слушнале - нека не ја користат! :)
|
Последни коментари