Знаете ли дека имеито на мобилниот може да се промени т.е. серискиот број со не толку голем напор. Побарајте на гоогле за менување ке видите дека само идиоти не го направиле тоа или мислат дека нема врска ништо тоа.
Имаат и двете компании технологија за лоцирање на телефонот, за секунда ке го лозираат кај е. Само течко да ке убедиш некој таму да ти помогне. Освена ако не ти е татко Бранко или директорот на Мобимак
пријави во полиција..и терај ги тие да им се обратат на мобифак или космодром (зависи на кој си) за да ти го лоцираат...инаку можат сите телефони да се лоцираат...колку што знам со сателит се се може...
Ај некој ако сака нека ми објасни како се лоцира телефон кој не користи GPS на мрежа која не подржува GPS. Toa со сателитите во МК е сеуште Sci-Fi и во Уса само Nextel го нуди а за неколку месеци и Веризон. Телефон ќе може да се лоцира во радиус од 5 метри. Идејата е ако случајно треба да викнеш брза помош. полиција, пожарна одма да те лоцираат. Исто така телефониве да се користат како GPS unit. На пример сакаш да возиш од Скопје до Кичево , телефонот да ти вика, сврти десно сврти лево итн. Не ми се верува оваа технологија веќе да функционира во МК.
Во Мобимак може да ти дадат само информација на кој предавател се уклучува и генерално да речеме во кој град или која населба се наоѓа. Исто така може да ти ги дадат броевите кои се бирани но ништо повеќе. Но може да речиме од полиција да се јават на тие броеви и да ископаат кој го дигнал и само на тој начин.
Заборави го тој телефон... јави си се на бројот ако имаш ксмет да го нашол некој чесен пронаоѓач.
ми се допаѓа вашиов оптимизам
Цитат:
Vaka sto treba da napravime ako ni go ukradat mobilniot ima li moznost nekako preku net da se locira telefonot kade e preku onie funkcii
Ај некој ако сака нека ми објасни како се лоцира телефон кој не користи GPS на мрежа која не подржува GPS. Toa со сателитите во МК е сеуште Sci-Fi и во Уса само Nextel го нуди а за неколку месеци и Веризон.
Верувал ти или не, у Макдеонија СИТЕ мобилни оператори ја нудат таа опција (со врски). И не ти треба серискиот, више го имаат.
GPS-от нема врска со операторот. Не ти треба GPS за да го лоцираш.
Штом е така, тоа значи да секој кој поседува мобилен телфон, може да му се прати движењето каде се наоѓа моментално, од страна на полицијата или од мобилниот оператор.
Штом е така, тоа значи да секој кој поседува мобилен телфон, може да му се прати движењето каде се наоѓа моментално, од страна на полицијата или од мобилниот оператор.
Ехее, да знаеш што се’ може преку мобилките, ќе те фати параноја брат!
Ти требаат врски или во Мобимак или во МВР. Немора IMEI број, веќе го имаат.
На еден другар му го џопнаа мобилниот у теретана. Си најде некој човек од министерство кој му ја истурка целата работа. После некој ден мене ми се јави некој инспектор и ме прашуваше дали сум бил у Змија предходниот ден, демек наводно ме пријавиле како сведок за некоја тепачка, па сакал да ме праша нешто околу тоа.
После некое време пак ми се јави, као ок е, немора да доаѓам. Другарот после ми се изнасмеа и ми кажа дека овој им се јавувал на сите што некогаш му го имаат користено мобилниот (вклучувајќи ме и мене).
A да ве прашам, ако случајно најдете мобилен телефон што некој го изгубил, дали ќе го вратите. Јас ќе го вратам. Тоа и се случи пред два дена. Кога видов дека на една женска и испадна мобилниот телефон на патот кога се качи во таксито и го зедов мобилниот телефон со мене. После еден час, како што очекував, почна телефонирањето на тој мобилен телефон. Се јавив на повикот и се договоривме да се најдеме на одредено место во Скопје. Сопственикот, женската беше со друштво. Кога си го виде повторно својот телефон, скоро се расплака, цело време се заблагодаруваше. Видов дека и беше многу драг, како да телефонот да и беше дел од нејзе. Друштвото ме праша зошто го вратив мобилниот телефон, кој беше еден од поскапите. Тоа е веќе една друга приказна. Знам како е кога ќе изгуби некој мобилен телефон. Пред две недели и јас го изгубив мојот мобилен телефон, кој беше еден од поскапите. Кога видов после неколку саата дека ми го нема мојот мобилен телефон, вртев на бројот од мојот мобилен телефон, тој што го нашол, за да ми го врати. Ама оној педерон ни за жива глава не сакаше да се јави на повикот, за да ми го врати телефонот. После утредента пријавив во полиција за изгубен мој мобилен телефон. А после и во Моби Мак пополнив формулар за изгубен мобилен телефон. Го тражат и IMEI бројот на мобилниот телефон. И да е сменета картицата на мобилниот телефон, новата картица ќе го издаде новиот сопственик на телфон, бидејќи кога ќе се телефонира се зрачи тогаш и тој IMEI број и според тој IMEI ќе се пронајде кој го има телефонот. Во МобиМак ми ја кажаа и последната сметка на мојот мобилен телефон, а јас си ја знаев мојата последна сметка. Значи оној педерон што го нашол телефонот и што си го задржал, за еден ден веднаш направил трошок од мојот телефон за 250 денари. Од МобиМак ми рекоа дека за корисниците на Prepaid не може да се види каде е телефонирано. Ама може да се открие новиот сопственик според IMEI бројот.
После јас си позајмив нов мобилен телефон и си доплатив 300 денари за да добијам нова картичка со истиот број.
Така Александра постои можност да се пронајде и твојот мобилен телефон, ако го знаеш IMEI бројот на мобилниот телефон. Го има на опаковката кутијата од телефонот, или ќе ти го кажат IMEI бројот, во продавницата каде што си го купила телефонот.
Закључок: бидете морални, вратете го тоа што не е ваше, така ќе направете повеќе радост кај луѓето, а каде во последно време не гледам на просториве многу радосни лица. И немојте после да кажете дека не сум добар човек. Не се добри други лица.
Може да ти го лоцираат мобилниот телефон и да го најдат. Најдобро терај ја работата преку мобимак/космофон. И со срека.
Ајде да ви објаснам пошто јас работев во Мобимак баш на оваа проблематика
Телефонот доколку го изгубите може да се најде и тоа многу лесно...
Секој мобилен оператор има систем за детекција на имеи ( тоа е серискиот број на мобилниот) кој откако ке се внесе во системот веднаш ке се појави која сим картицка го користи вашиот мобилен телефон, односно ке се види кој тел. број го користи вашиот мобилен
Е сега оваа услуга од мобимак можете да ја добиете доколку пријавите во полиција и после со записник идете во некој салон на мобимак и ке треба да фатите огромни врски за да добиете одговор
И доколку тел. апарат е приклучен на мрежа на космофон, мобимак неможе да го лоцира ..
Што значи дека треба да има договор помегу двата оператори да ја даваат оваа услуга за да бидете 100% сигурни дека ке го најдете вашиот тел. апарат
Иначе не се занесувајте дека може да се лоцира преку интернет или незнам што, пошто информациите кој може да ви покажат каде се наога вашиот телефон се премногу доверливи, и секој оператор има систем на заштита на овие информации ...
ПС. и еден совет до сите вас
Пазете што правите со вашите мобилни ... пошто многу лесно можат да ве откријат за се
Некој ми кажа дека и ако не го користиш телефонот, сепак може да те прислушкуваат т.е. да го активираат микрофонот без ти воопшто да бидеш свесен за тоа. Држи вода?
Некој ми кажа дека и ако не го користиш телефонот, сепак може да те прислушкуваат т.е. да го активираат микрофонот без ти воопшто да бидеш свесен за тоа. Држи вода?
Xмм незнам за ова, знам само дека може да те лоцираат и со исклучен телефон, праќа телефонот сигнали без разлика дали е уклучен или не.
Btw кај нас све е можно
Бидејки мобилниот операторот не е надлежен да расветлува кражби на телефони
Тоа е работа на МВР
А и самите знаете како функционира МВР кај нас
Они не му ја мислам на опасни криминалце а камоли да идат и да ви го најдат телефонот ...
Решение е да најдете врски или во операторот или во МВР
Вака братче да ти кажам а да не те лажам некои од овие имаат право дека нашите оператори се шупаци, ропаци, дрољи и шо не друго затоа им препорачувам на сите оние кои во некоја од Скопските Дискотеки, Кафичи, гужви и се остало да си присоберат некој динар и да си купат нов како шо ми се деси на мене али баш ми беше боље зашто од скапана 3310 скокнав на 7280 поради претрпениот шок и моите дома да не се секирам зашто сум малце онака болен ми го купија и онака сеа пукам од среќа. Р.С. Фала ти џебџијо шо ми го зема телефонот и онака губеше мрежа
Може да се најде ако имаш
1. Пријател во Мобимак / Космофон
2. Пријател во МБР
мене ми го украдоа пред година дена телефонот а две недели стар па ме фати инает и почнав да бркам пријатели
Пријателот во Мобимак ми кажа кој се користи со мојот телефон и ми даде тел . број од него и адреса Јас тоа фино лепо на пријателот во МБР па он со двајца колеги кај него дома на врата .
Типот призна све шти има и што нема направено во животот
Ден денеска сум срекен сопственик на истиот телефон )
Елем,у моментов се спремам да почнам со истрага,на еден децко мој познанинк му украле,односно на сила одзеле мобилен и сега истиот ке го бараме.ПОтребни предуслови се да имаш пријавено у МВР и да си најдеш човек кај Операторот ти најмил.И двете работи ги исполнуваме и за 1 час почнува потерата.Не знам како ке заврши ама знам дека има шанси да се најде каде и кој го користи.Е сега после дал ке успееш да си го вратиш зависи од мурија и од твоите физицки предиспозиции во однос на грабнувачот.
У секој случај ке Ве информирам за све во ЖИВО ))
Еве и да се пофалам во врска со пронаоѓањето на мојот мобилен телефон.
Пред еден месец ми се јавија од полиција дека го пронашле мојот мобилен
телефон. Кога отидов таму инспекторот ми кажа што било во врска со
мојот мобилен телефон. Значи типот си го присвоил и си помислил ете
негов е веќе. Избришал се што се наоѓало во него, адресарот, промена на
менијата, си снимал свои песни, рингови, се фалел пред пријатели дека
ете како божем да на лотарија добил мобилен телефон. Ама ете пред еден
месец му заѕвониле полиција на неговата врата. Можеби се зачудил
како го пронашле. Така да целата работа во полициската
станица беше дали да му се пишува на присвојувачот кривична пријава
за кражба на мобилен телефон, како тој не ми го
вратил. Сепак напишав во пријавата дека не сум сигурен дали е изгубен
или украден телефонот, иако педерон што не сакаше да ми го врати
мобилниот телефон, можеше да се соочи со кривична пријава. за кражба на
мобилен телефон. Значи како закључок, ако пронајдете мобилен телефон,
да го вратите на сопственикот, затоа што можете да заработите кривична
пријава за кражба. Второ, едно браво за полицијата и за инспекторот што
си ја врши работата успешно. И трето, бидете добри, со добрината ќе ви
се врати добрина. Претходно јас најдов мобилен телефон и го вратив на
сопственикот, сега ми се враќа таа добрина со добрина.
Ете. Некој ќе ве спаси или барем ќе ви го забави тумурот што полека и сигурно ви се населува во мозокот а вие веднаш тужби, полиции итн.....
Постов е инспириран од научно истражување кое потврди дека после една деценија користење на мобилни телефони скоро неизбежно е тумурче.
Епа наздравје нека ни се..... благодетите на нашата цивилизација, ха!
Нема толку години поминато како што се пронајдени мобилните, а тие веднаш го нашле законот дека после одредено време кај сите ќе се појави тумор. Значи ако милион луѓе тој ден купиле мобилен телефон неизбежно после десет години ќе добијат тумор. И сега ќе излезе дека, да речеме за дваесет години целиот човечки род ќе изумре од мобилниот телефон. Поголема глупост од овоа не сум чул. Тоа значи дека нема потреба од атомски бомби и што ти знам што друго. Тука е мобилниот телефон.
Мобилни тел. постојат повеќе од 10 години.
Не сите луѓе користат мобилни.
Некои имаат преку 50 повици дневно некои само еден повик. Разликата е очигледна.
До сега сите истражувања (а ги имало многу) покажале дека мобилните се штетни.
Новиве мобилни се помалку штетни, ако може да им се верува.
Човекот нема да изумре од мобилни туку од природата т.е. од самиот себеси откако ќе ја уништи природата или како што би кажале к15 „природата ни враќа, броени се деновите“.
Драган, искрено, ама поголема глупост од овој твој пост т.е. напад не сум прочитал, а верувај сум прочитал доста глупости од тебе и тоа упатени лично кон мене, не тука него во една друга димензија да се изразам малку нејасно за да те збунам.
Ima sansi da ti go najdat telot ako prijavis u policija pod uslov:
-da ti e kupen od Mobifuck
-da go cuvas seriskiot kod na telot
-da imas vrski
-i da imas sreka da ne ti go ukrale Shiptari poso oni se amnestiraat po samoto kradenje
вчера му го украдоа телефонот на еден мој колега..Имаше лудница телефон купен во италија...
Дали има некој што знае да каже некоја финта за овие телефони кои не се купени од мобифак има ли Шанси да се учини нешто..
п.с.Озбилна сум
вчера му го украдоа телефонот на еден мој колега..Имаше лудница телефон купен во италија...
Дали има некој што знае да каже некоја финта за овие телефони кои не се купени од мобифак има ли Шанси да се учини нешто..
п.с.Озбилна сум
Па има шанси без разлика од каде е телефонот,само дебели врски и да се знае IMEI
Последни коментари