http://www.worldcommunitygrid.org/
Мисијата на World Community Grid е да ја создаде најголемата јавна калкулативна мрежа од компјутери, која ќе се занимава со проекти од кои човештвото има корист.
Тие развиваат техничка инфраструктура која служи како основа на мрежното научно истражување. Успехот на оваа мрежа зависи од индивидуалци кои колективно го даруваат своето неискористено процесорско време, со цел да го променат светот кон подобро.
World Community Grid ја прави достапна технологијата до јавни и непрофитни организации, со цел да се употребува за хуманитарни истражувања кои не можат на друг начин да се завршат, заради високата цена на компјутерската инфраструктура која би била потребна во отсуство на јавна мрежа. Како дел од нивната посветеност кон подобрувањето на човечката благосостојба, сите истражувања ќе бидат од јавен интерес, а резултатите ќе бидат јавни и достапни за глобалната научна и истражувачка заедница.
World Community Grid се фокусира на проект кој е клуч за напредок на нашето знање за човечките болести. Преку идентификувањето на протеините кои го сочинуваат човечкиот протеом, научниците можат да изградат разбирање кое е потребно за понапредно и ефикасно третирање на болести како на пример: рак, HIV/AIDS, SARS, и маларија. Повеќе за проектот овде:
http://www.worldcommunitygrid.org/projects_showcase/human_proteome.html
Придружете се кон WCG мрежата, и кон тимот Macedonia:
http://www.worldcommunitygrid.org/team/viewTeamInfo.do?teamId=TJ5RSMBR9N1
Последни коментари