Завчера ве запознавме кои се предупредувачките
знаци дека вашето дете Мастурбира, а денеска ќе ве запознаеме со превентивните
мерки.
Ако вашето дете Мастурбира постојат чекори кои треба да се превземат за да
се реши проблемот. Ако вашето дете не Маструрбира постојат начини за превенција.
Читајте
повеќе...
1. Одстранете ја вратата од собата на детето. Приватноста е една од
главните причини кои водат до Мастурбација.
2. Набљудувајте ја употребата на купатилото. Не само што ова ќе ја спречи
Мастурбацијата, туку и ќе ги спреми вашите тинејџери за денешните работни места,
каде големите коорпорации ја снимаат употребата на WC-ата од страна на вработените.
3. Убијте ја телевизијата. Не постои ама баш ништо вредно на телевизија.
Сите треба да ги читаат своите Библии или да работат, а не да гледаат ѓубре
како Baywatch или Star Trek.
4. Контролирајте што чита вашето дете. Внимавајте што се вашето дете
носи дома. Не дозволувајте да види ништо што е макар и малку стимулативно. Станете
рано на сабајле, разлистајте ги дневните весници и исечете ги сите слики од
рекламите за долна облека. Запалете ги пред да се разбуди тинејџерот/тинејџерката.
5. Бидете чуствителни за музиката која ја слуша вашето дете. Скоро и
не постои музика која е навистина прикладна затоа што се што е со ритам е дизајнирано
да иницира сексуална желба и да ги повика демоните од Пеколот право во вашиот
мирен дом! (Имаме документација
за оние кои не веруваат). Практично целата музика, ЦД-а, касети или MP3 фајлови
кои ги поседува вашето дете треба да бидат уништени, посебно ако се работи за
порнографски „Рап“ артисти како што се Тоше Проевски, Britney Spears или 'NSync.
Ако соработувате со пријателите со кои заедно одите во црква целиот настан може
да се претвори во голем фестивал со Клада и заедничка молитва.
6. Користете физичка казна. Ќотекот е излезен од рајот! Иако ова е забрането
со закон од страна на Социјалистите, добро, јако плескање секогаш било најдобриот
лек за непослушното дете.
7. Купете и користете комерцијално достапни Анти-Мастурбацијски уреди. Можете
да набавите едно за вашето дете тука.
Претседателот Трајковски поведе иницијатива базирана на Вербата за собирање
на фондови кои ќе финансираат приватни Христијански компании за да може да се
измисли ефикасна Анти-Мастурбацијска направа за девојки.
8. Разбирајајте го јазикот кое го користи вашето дете. Постојат многу
„сленг“ термини за Мастурбација кои се користат од денешните тинејџери. Треба
да се запознаете со нив. Немојте да ги користите овие термини пред вашето дете.
Ако морате да зборувате за Мастурбација, користете го терминот „Самозапоставување“.
9. Научно тестирајте ги вашите деца за траги од Мастурбација. Истите
Либерални досади кои не сакаат да купуваме тешко оружје дигаа многу галама кога
им откривме дека Научниците долго и напорно работеа на спреј кој ги открива
трагите од Мастурбацијата кај вашето дете. Сега тој спреј е достапен тука.
CheckMate упсешно ги детектира протеинските Ензими произведени од машката Простата
и детектира траги од сперма на облеката, чаршавите, тавните, тастатурите итн.
Изгледа нема да пронајде траги од мастурбација кај девојките (нашите Научници
не убедуваат дека жените немаат простата, иако Библијата го тврди обратното),
но затоа ќе открие сексуална активност кај вашата ќерка со детектирање на сперма
во Гаќичките, косата итн. За додатна сигурност можете да купите микроскоп од
10 000 $ и центрифуга од 500 000$ кои ќе ви обезбедат (САМО МАШКИ РОДИТЕЛИ;
ХРИСТИЈАНИ!!!) начин за испитување на урината на вашиот син за траги од Гревот
на Онан. Малечко намалување во Сперматозата од урината на вашиот син треба да
се претвори во инстантно и тотално понижување на детето (со хоспитализација,
ако е можно).
10. Ставете боксерски ракавици на рацете на детето пред легнување. Боксерските
ракавици прилично тешко се вадат без нечја помош. Ако го направите ова можете
да спиете мирно знаејќи дека вашите деца не се допираат самите себе си на нечист
начин.
Последни коментари