Дали сте ја приметиле разликата меѓу кириличните Mac C Times и Times New Roman?
Која е разликата и зашто да користиме Times New Roman, Arial и други Уникод
фонтови на сметка на веќе старите, излитени Mac C Times i Swiss фонтови.
1. Разликата е огромна. Кириличните букви кои се напишани со Маc C Times
се несразмерни во ширина и во висина меѓу себе, имаат грозно лице.
2. Исто така распоредот на букви на тастатурата е исклучително неергономичен
и многу заморува при долго пишување.
3. Yuscii ( Маc C Times, Mac C Swiss) фонтовите не доаѓаат со ниту еден
оперативен систем и со тоа се нестандардни.
Еве една листа на македонски интернет страници кои и покрај тоа што редовно
се ажурираат сеуште користат YUSCII фонтови ( Mac C Times, Mac C Swiss) и со
тоа го грдат македонското кирилично писмо.
Има многу вакви примери низ Македонското интернет море, но следната листа на
сајтови е составена од државни институции и од интернет страни на компјутерски
стручњаци.
Овие две групи се и најмногу задолжени да ја искоренат употребата на тие грозни
и нестадарни фонтови.
www.unet.com.mk
- Unet интернет провајдер ( Интернет провајдер, еден од основоположниците на
Македонскиот интернет);
www.mia.com.mk
- Mакедонска информативна агенција ( Со такви грозни фонтови нашите во странство
го читаат македонското писмо);
http://www.delo.com.mk/
- Списание Македонско Дело ( Со списанијата се возвишува и сочувува
македонскиот јазик и писмо);
http://www.vecer.com.mk/
- Дневен весник Вечер (Пишан медиум и плус државен, важи истото од погоре);
http://www.mr.com.mk/
- Македонско Радио (Електронски медиум и државна институција);
http://www.morm.gov.mk/mak/mo_m.htm
- Министерство за Одбрана (државна институција);
http://www.primeminister.gov.mk/primemk/index.html
- Канцеларија на Премиерот на Република Македонија (подржавна од ова амин);
http://www.ambasciata.org.mk/m-ambasada.htm
- Амбасада на Република Италија ( абе ајде жабари );
http://www.mcms.org.mk/
- Македонски центар за меѓународна соработка (ова мислам дека е финансирано
од странски пари);
http://www.uklo.edu.mk/
- Битолски Универзитет (од тука треба да излезат Акадамески граѓани???. И повторно
и УКЛО е државна институција);
http://www.etf.ukim.edu.mk/
- Eлектротехнички факултет (од тука треба да излезат ел. инжињери мање више
компјутерски специјалисти???. И ЕТФ е државна институција);
http://www.chessmkd.com/MKD/
- Официјална страна на Шаховски сојуз на Македонија (oстај што е државна институција
туку треба да не претставува и во странство, нели спортот како наш најдобар
амбасадор);
http://www.nbrm.gov.mk/NaMakedonski/default.htm
-Народна Банка на Република Македонија ( еден од круцијалните државни институции
);
http://www.ujp.gov.mk/index.cfm
-Управа за Јавни Приходи ( државна институција );
http://www.manu.edu.mk/makVersion/manu-mak.htm
- Македонска Академија на Уметностите и НАУКИТЕ ( Можеби најважната државна
институција задолжена за македонскиот јазик и писмо. При МАНУ има и Институт
за Македонски јазик, а сеуште користат фонтови кои грозно го претставуваат македонското
кирилично писмо);
http://www.kicevo.com.mk/
- Град Кичево. ( На Прилеп што не му даваа вода се овие);
http://www.artisoft.net/artisoft/index.cfm
-Webdesignesr Studio :-))))))))))))).
п.с. Не станува никаков збор за кудење на содржината, ефиксноста и убавината
на именуваните страни. Но како може сајтови со такви грозни фонтови да бидат
убави?
Последни коментари