1. Барем еден од идентичните близнаци е роден лош.
2. Ако одлучиш да деактивираш бомба не се грижи дали ќе ја пресечеш вистинската жица. Без оглед на тоа која жица ќе ја исечеш, тоа ќе биде вистинската.
3. Поголемиот број од лаптоп компјутерите се доволно моќни да го заобиколат било кој комуникациски систем на било која вонземска цивилизација.
4. Не е страшно ако се најдеш во тепачка со бројчано надмоќен непријател. Твоите непријатели ќе чекаат да те нападнат еден по еден и ќе играат околу тебе се додека не им го нокаутираш лидерот.
5. Кога ќе го изгасиш светлото пред да си легнеш во твојата соба и понатаму ќе биде се видливо, но по малку матно.
6. Ако си згодна плавуша многу е вероватно дека на 22 години ќе станеш доктор по нуклеарна физика.
7. Многу е лесно да го приземјиш секој авион, под услов во кулата за летање да има некој со кого ќе можеш да разговараш.
8. Еднаш ставен кармин нигогаш не паѓа, дури и за време на гнурење.
9. Многу е вероватно дека ќе ја преживееш било која војна и било која битка, освен ако не направиш кардинална грешка и не ја покажеш на некого сликата од твојата девојка или жена која те чека.
10. Ако сакаш да поминеш како германски или руски офицер не е потребно да го знаеш јазикот. Доволно е да зборуваш нормално со слаб германски или руски акцент.
11. Ајфеловата кула се гледа од сите прозори во Париз.
12. Ако некаде видиш голема стаклена површина, многу брзо некој ќе пролета низ стаклото.
Последни коментари