Значи, убедливо најдолгите 3 часа.
Пред да одите да арчите пари на кино од патриотизам итн. да ви кажам дека филмов е ем историски утнат, ем најголемата холивудска лимонада во последниве 10 години. Оливер Стоун не ми се верува да добие друг гиг, ДОЛГО ВРЕМЕ. А, тоа дефинитивно си го заслужува зошто најголемиот освојувач на сите времиња го претстави како некоја тинејџерка шо не ја пуштаат да излегува после 10 ПМ. Пола филм Александар се искина од плачење.
Додајте му на тоа прилично голема доза на гушкање со Хефестион, лапање со Багоас, силување на деца од страна на Филип и некаде од првите 15 минути наместо да гледате како Александар го освоил светот ќе гледате Геј Сапуница.
Историски филмот е тотално промашен и најинтересните и најклучните битки се едноставно скокнати. Дури и кога покажаа неколку борби, толку беше се конфузно. Не знам...
Оливер стоун мисли дека ако ја тресе камерата дека леле којзнае шо се дешава. Толку прашина се дигна шо можеа како во Астерикс стриповине да нацртаат ПАФ ПУФ БЕНГ ДИНГ итн над тоа облаците за да знаеш дека се тепаат. Фалангата ем се тепаше ем стоеше
Тоа коњот Букефал го убиваа едно 5 минути. Не знам шо коњ ќе беше тоа.
Александар падна од него. Па тоа индијците хахаха абе...леле не знам, веќе се нервирам кај шо пишувам за ова.
Тотално разочарувачки. Ако одите да го гледате одете едноставно ради реда ама ве уверувам дека единствено добро во цел филм беа цицките на Розарио Досон (Роксана).
НУЛА!
Последни коментари