Во последните десет години во училиштата во Македонија
Бројот на првачињата рапидно се намалува
Бројот на првоодделенците во државава од година на година рапидно опаѓа, така што во септември, според првичните, нецелосни резултати, запишани се само 25.271 дете. Дека состојбата со првачињата е алармантна, најдобро илустрираат податоците од Министерството за образование според кои во учебната 1995/96 година имало 33.865 ученици кои го започнуваат образованието, во 1999/2000 бројот е намален на 30.889, минатата есен 26.951 што говори дека приливот на првоодделенците во однос на половината на деведесеттите е намален за околу 20 отсто.
Но, наспроти бројот на првачињата од македонска националност кој со децении оди по надолна линија, Албанчињата се помногубројни. Лани, на пример, во прво одделение биле запишани 16.834 Македонци, 9.240 Албанци, 806 Турци и само 71 ученик од српска националност. Исти се и бројките кога станува збор за основците воопшто, па во истиот период - 1995/96 се регистрирани 181.154 ученици од македонска националност, 73.102 Албанци, додека лани вкупниот број на Македонците е паднат на 149.413, додека опфатот на децата од албанската етничка заедница е зголемен на 76.340. Во овој споредбен период, зголемување бележат и основците од турска националност - 5.670 на 5.922 наспроти српските основци чиј опфат е паднат од 736 на 462.
Интересно е што неколку години расте интересирањето на родителите за запишување на децата во забавиште, па сега се проценува дека тој е искачен до близу 90 насто од популацијата на таа возраст. Меѓутоа, и тука се забележуваат неочекувани придвижувања, но главно кај малите Ромчиња и децата од турска националност. Колку за илустрација, само во ОУ "Браќа Рамиз и Хамид" во Шуто Оризари во оваа учебна година се отворени уште шест забавишни паралелки. (Б.Ј.)
[url]http://utrinskivesnik.com.mk/default.asp?pBroj=1630&stID=25744&pR=3 [/url]
[url]http://217.16.70.236/default.aspx?pbroj=2590&stID=42228 [/url]
[url]http://217.16.70.236/default.aspx?pbroj=2539&stID=38565 [/url]
[url]http://dnevnik.com.mk/print_statija.asp?pBroj=2130&stID=17187 [/url]
Интересно, нели?
Последни коментари