Не знаев каде да го ставам ова ама ми изгледа дека тука му е местото...
Вака, живеам во поткровје на една кула во СК, на 2.5-3 метри од местото каде што спијам има антена за безжичен интернет од еден наш провајдер (нели не кажав кој).
Е сега, прашањето е дали/колку е опасно зрачењето? Дали некако може тоа да се измери и слично.
Барав на гугл, се распрашував по луѓе итн, мислењата се поделени, од тоа дека тоа е играчка во споредба со мобилните до тоа дека спијам на само 3 метри од нешто што е еквивалент на базна станица.
Ај некој ако има некое искуство или ако се бафта со такви работи нека ми разјасни малце...
Последни коментари