22 октомври 2004
Белград - клуб СКЦ
Laurent Garnier + Miss Kittin
Страшно добра журка !!!!!!!
Стигнавме во петокот во Белград , претходно имавме средено за карти пошто немаше шанси да се најдат таму , се беше распродадено. Интересно беше што низ цел Белград немаше никакви реклами , флаери или постери за журкава пошто организарориве не сакале да дадат голем публицитет на журкава , а со самото тоа што на журката настапуваат ѕвезди како Garnier и Kittin е доволна реклама за да се наполнат 1400 луѓе колку што собира клубот. Картите беа ограничени и имаше толку луѓе колку што треба , браво за организаторот , мала лекција за македонските промотери кои продаваат 4000 карти во места каде собира 2000. Картата беше 1.000 динари.
После настапот на Гордан Пауновиќ од Б92 на стејџ се качи прекрасната Caroline позната како Miss Kittin. Иако сум преголем фан на споменатата , не очекував дека ќе биде така добра , вртеше прекрасна комбинација на acid house и електро , мискаше изненадувачки добро , на моменти користеше микрофон за да ги надополни песните со нејзиниот прекрасен вокал , беше многу помирна отколку минатиот пат кога ја гледав на 8 март 2003 , не се глупираше на стејџ и сетот го изработи крајно професионално. БРАВО за неа.
Laurent Garnier настапот на оваа журка му беше по повод издавањето на неговата книга ElectroChoc за српскиот пазар. Судејќи по шаренилото на музиката која ја вртеше , ова му беше така речено автобиографски сет во кој направи ретроспектива на сите џанрови на електронската музика кои ги вртел во кариерата , доминираше house , вртеше и некои techno траки а ана изненадување на сите присутни на крајот на сетот почна да врти breakbeat и drum'n'bass. Секако најголема реакција од публиката доживеа кога ја пушти неговата легендарна трака Man with the red face. Сетот го заврши со Meet sue be she , траката од последниот албум на Miss Kittin кога на стејџ се појави повторно Kittin со својата менаџерка босанката Сузана која го пее делот испеан на српски во истата песна.
Сепак од Garnier очекував многу повеќе , ама како и да е , мило ми е што имав прилика конечно да го видам на журка.
Атмосферата во СКЦ беше феноменална , супер луѓе , немаше нафурана публика или безвезни фаци , вредеше да се оди во Белград за ваква незаборавна вечер.
Последни коментари