Не знам дали сте гледале што се емитува последниве 2-3 недели на Сител во недела околу 5 попладне ама би требало да го видите тоа за да знаете за што зборувам. Се работи за тотално идиотска и дебилна емисија составена од ред песни и ред хумор , со тотално дебилна екипа која никогаш не сум ја видел на нашата "естрада" освен во ретки исклучоци.
Емисијата е замислена да биде пандан на дебилните екс-ЈУ емисии од типот на Седморица Младих , односно наменет е за широки народни маси. Е сега , иако бев мал знам дека таков тип на емисии беа доста популарни , можеби затоа што тие што учествуваа во нив биле на некој начин уметнички образовани или народски кажало - ги бидувало за работата т.е. за забавување на таков слој од југословенското општество. Ама ова што се случува на Сител е нешто неверојатно , одвратно , невкусно , немам зборови како да ви го опишам. Главнината на шоуто се врти околу некој октет , не е од оние познатите , кој пее некои дебилни песни , потоа имате хумор со истите тие дебилни членови на октетот , за хуморот не знам што да ви расправам , врв на невкус. Потоа имате музички точки на некои дебилни македонски пејачи од типот на Баже Моротов и жена му , имате некој млад магионичар кој изведува најаматерски точки и имате две танчерски групи од по 3 девојки кои врска немаат од играње. Иако од ова мое писание нема да може многу да разберете за што се работи , мислам дека ви е до некаде јасно , па ве молам доколку имате шанси гледајте го во недела во 4:20 за да видите за што зборувам.
И најважно нешто , на крај пишуваше дека ова е спонзорирано од Совет за Радиодифузија , т.е. од нашите пари кои ги даваме за Радиодифузна такса. Да ти ебам државата......
Последни коментари