DVD манија по се изгледа ги обзела светскиве диџеи зашто има некој нов тренд во снимање на DVD-ња после некоја добра журка или фестивал. Почна Тиесто со Tiesto in Concert DVD-то па после Карл Кокс гледајќи го успехот направи журка во Ахој, Ротердам Carl Cox and Friends и после и он го шитка DVD-то ,а сега последен е споменатиот дотичен Дејв Кларк со најново live DVD-со снимки од Пинкпоп фестивалот во Холандија и Дур фестивалот во Белгија. Каков бизнис станала електронската музика е лудило. Дека ние имаме квалитетни диџеи кои може да им парираат на западњаците имаме. Ама ние се пуваме сеуште а они растураат, патуваат по цел свет, палат луѓе од сите раси и праат мноооогу кеш. Имаме среќа и привилегија да бар ги осетиме нивните сетови тука автентично исто како и на најјаките светски дестинации. Многу треба работа и добар план за да се направи нешто повеќе од носење диџеи и Колосеум и толку. Треба да се работи повеќе и на промоција на наши диџеи надвор. Конкуренцијата треба да биде за подобрување на сцената а не за препуцавање. Никој не се усудил да прави реална конкуренција во Македонија. Нека почнат луѓево да гледаат предизвик за развој ,а не само за мрчење како сме сиромашни и како никој не не сака. Ако сам не се сакаш никој нема да те засака. Ај дај боже да дочекам некој наш да им иде надвор и он да им поставува услови и критериум под кој би вртел. До тогаш ќе излудуваме на диџеите кои ни доаѓаат и само ќе мрчиме дека нешто ни фали.
Последни коментари