Amore
di sogno svanisce
nella nebbia notturna;
del presente passato
ricordo rimarra
come atollo antico.
Кој странски јазик ти е најсекси? Или љубовен, романтичен, еротичен...
-италијански
-англиски
-германски
-грчки
-француски
-шпански
-некој друг?
Мене италијански баш мерак ми прави за слушање. Некако ми е романтичен, за заљубени, та дури со зборови да се галат. Мада Итаљанките читав се жалат дека џабе им завидуваат останатите жени, Итаљанците не биле толку многу добри заводници љубовници како што се популарни. Германски ми е строг, ми се свиѓа ама не ми личи да го бива за љубов, француски ич нејќам, антипатичен ми е, во грчкиот има флертарџиски ноти, шпански ми е некако... не знам каков да речам ама не, а англиски многу практичен јазик е, љубовна магија нема. Ама многу сме навикнати па пријатно ни звучи.
amore mio
баш е љубовно а?
Или по нашки најдобро е. Ние си имаме ептен двосмислен јазик, особено за провокативно зборење, или дека најдобро си го знаеме. И македонскиот си има галовни зборови, не дека не. Ама прашањево всушност повеќе ми е за кој странски јазик имате мислење дека е најпогоден за љубовни изјави, шепотења, песни, или секси зборење, најеротичен јазик....
Порано се мислеше дека за песни не го бивало македонскиот, демек на српски сите песни поубаво звучат, што последниве години се покажа неточно. А за поезија прочитав дека Македонија се смета за земја со најпоетичен народ, споредено број на поети и број на жители во земјата, многу поети (писатели) имаме.
amore mio
<3
[Сменето на 23/9/2004 од Libra]
Последни коментари