Како прво , спаѓам во армијата верни обожаватели на Depeche Mode , со нив сум израстил и ги обожавам сите албуми. Е сега пошто не сум имал прилика да ги гледам во живо а не верувам дека во блиска иднина ќе прават турнеи решив да одам да видам бар еден од нив Andy Fletcher во Елемент.
Иако не очекував многу сепак не очекував тотална катастрофа. Луѓе ова уште не сте го виделе. По навистина одличниот сет на Мирко на сцена се качи Енди со уште еден фраер. Најсмешно од се е тоа да 90% од времето другиот тип миксаше (ако тоа може да се наречи миксање) а Енди денсаше на стејџ и мафташе кон публиката . Прво почнаа со некој брејкбит кој не упали кај публиката , немаше реакции на првите песни освен реакции на некои девојчици пред стејџот кои беа воодушевени што го гледаат Енди во Скопје. Прва појака реакција имаше кога ја пушти New Order-Blue Monday проследена со некои Depeche Mode ремикси. Од тогаш принципот на работа му беше следен : пушта трака - гледа публиката не трза , без било какво миксање ја кини таа трака и пушта друга. Гледа и таа не пали , па веднаш тука се траките на Depeche Mode кои по defaut палат . И веднаш тука имаш реакција од публика , вриштење , пеење на тектот и слично. И се така до крај , испуштија се - од електро , до хаус , до брејкбит , електро-поп , индастријал , 80\'s , 90\'s - комплетна турлитава. Сетот му беше без НИКАКОВ концепт , еднаш врти весела трака , па ги спушта луѓето , па по 5 минути ги дига па ги спушта и така во недоглед. Мене ми е жал само што Енди дојде , пошто Мирко супер си го тераше сетот , сто пати ќе беше боље тој да беше до крај.....
Кобна грешка беше да се букира ваков \"DJ\" , пошто искуствата порано покажаа дека такви фаци кои сакаат да се заебаваат вон својот матичен бенд одсекогаш тука испаѓале за никаде. Да се присетиме само на несреќникот ALex Paterson - The Orb или Phil Hartnol-Orbital кои приредија прави катастрофи во Скопје. За тие пари може да се букира некој сериозно добар DJ , тие со ова само застануваат зад името над својот матичен бенд , односно ја валкаат неговата големината. Еве на пример сега кога Depeche Mode паузираат со работа му текнало на Енди - ај ќе си земам уште едно другарче со мене , ќе си шетаме по клубови , ќе се пијанчиме и дрогираме и уште пари за тоа ќе ни даваат , ја ставил етикетата Depeche Mode и сите врати се отворени
Btw , Анди и неговиот колега одлично се забавуваа цело време , тоа е факт , цело време играа и супер комуницираа со публиката. Им се може......
Последни коментари