Published on Опасна Багра (http://bagra.org)

А љубовта?

Од Libra
Креирано 3 сеп 2004 - 18:00

Живееме во едно време на нарцисоидност, егоцентрични, кога многу поважно ни е други да бидат заљубени во нас, отколку ние да си дозволиме да покажеме чувства. Велат храбрите сакаат, а кукавиците чекаат да бидат сакани. Е, ама ајде кажи му го ова на некој со скршено срце, што преболува невозвратена љубов, ништо не му вреди оваа мудрост, нема да му олесни, ниту да го утеши тоа што храбо изгубил. (ја изгубил личноста што за него е се на светот)

Што ти е поважно во врска:

Тој/таа да има:
-убавина
-карактер
-пари

А љубовта?

Ама искрено. Во денешно време се повеќе и женски и машки се материјалисти, не придавајќи важност на љубовта. Љубовта не можеш да ја купиш, но може многу да ја платиш (читај патиш). Се повеќе има такви кои ја изгубиле надежта дека ќе најдат вистинска љубов. Не знам дали затоа што навистина се материјалисти или се разочарани, напатени, несреќни во љубовта. Не знам дали навистина има се повеќе со студени бесчуствителни срца, себични, или можеби со нежни скршени срца кои само глумат неемотивни фраер(к)и, а всушност само се бранат да не бидат повторно повредени.

Има моменти во животот кога сите посакуваме да имаме камен срце, да не те боли, да не чуствуваш. Како кога ќе речеш, блазе си им глупите, малку памет, малку грижи. Но и покрај се, вреди да се сака, вреди да се љуби, вреди да се сонува и живее магијата на љубовта.

‹ Мување цури е тоа е зивот [0] Your 1st SeX !! › [0]

Изворно URL:
http://bagra.org/node/3247