2 декември, 2008 - 21:11
[веб кирилица]

А љубовта?

од Libra на 3 сеп 2004 - 18:00

Живееме во едно време на нарцисоидност, егоцентрични, кога многу поважно ни е други да бидат заљубени во нас, отколку ние да си дозволиме да покажеме чувства. Велат храбрите сакаат, а кукавиците чекаат да бидат сакани. Е, ама ајде кажи му го ова на некој со скршено срце, што преболува невозвратена љубов, ништо не му вреди оваа мудрост, нема да му олесни, ниту да го утеши тоа што храбо изгубил. (ја изгубил личноста што за него е се на светот)

Што ти е поважно во врска:

Тој/таа да има:
-убавина
-карактер
-пари

А љубовта?

Ама искрено. Во денешно време се повеќе и женски и машки се материјалисти, не придавајќи важност на љубовта. Љубовта не можеш да ја купиш, но може многу да ја платиш (читај патиш). Се повеќе има такви кои ја изгубиле надежта дека ќе најдат вистинска љубов. Не знам дали затоа што навистина се материјалисти или се разочарани, напатени, несреќни во љубовта. Не знам дали навистина има се повеќе со студени бесчуствителни срца, себични, или можеби со нежни скршени срца кои само глумат неемотивни фраер(к)и, а всушност само се бранат да не бидат повторно повредени.

Има моменти во животот кога сите посакуваме да имаме камен срце, да не те боли, да не чуствуваш. Како кога ќе речеш, блазе си им глупите, малку памет, малку грижи. Но и покрај се, вреди да се сака, вреди да се љуби, вреди да се сонува и живее магијата на љубовта.

Опции за гледање на коментари

сликата на StormAngel
А љубовта? - од StormAngel на 3 септември, 2004 - 18:04

Либра,џабе се трудиш,Баграта не сфаќа вакви муабети.
Ја еве цели две години се трудам да им објаснам ова,ама џабе е. [плази јазик]

сликата на fio
А љубовта? - од fio на 3 септември, 2004 - 18:35

Цитат:

Либра,џабе се трудиш,Баграта не сфаќа вакви муабети.
Ја еве цели две години се трудам да им објаснам ова,ама џабе е. [плази јазик]

За тебе разбравме дека си заљубен у Тиесто, доволно е и тоа за почеток

Либра, мене ме занима инспирацијата за постот од кај произлезе?

А љубовта? - од dragan733 на 3 септември, 2004 - 21:35

Цитат:

......
Што ти е поважно во врска:

Тој/таа да има:
-убавина
-карактер
-пари

А љубовта?
............

Прашањето кореспондира со онаа тема од форумот филозофија, форма или содржина. Така дојде времето сега да на луѓето поважни им се парите, а не и карактерот и љубовта, а сето тоа поради тоа што општеството ни креира потреби, кои потреби ќе ни бидат и примарни. А за да се задоволат тие потреби мора да се има пари. Решението за да ни бидат примарни карактерот и содржината на личноста е да бидеме слободни од потребите, да бидеме независни (слободни) од потребите каде се потребни пари, или да веќе еднаш за секогаш да ги задоволиме тие потреби за кои се нужни парите, и така ќе се свртиме природно да се задоволуваме со содржината на личноста.

А љубовта? - од dragan733 на 3 септември, 2004 - 21:49

И така најверојатно Либра, штом ја отвори темава, имала инспирација од своја лоша љубовна врска. Либра, треба да идеш понатаму и тражи го идеалот. [се смее]

А љубовта? - од NeOzBilNa на 3 септември, 2004 - 22:09

<>И така најверојатно Либра, штом ја отвори темава, имала инспирација од своја лоша љубовна врска. Либра, треба да идеш понатаму и тражи го идеалот.<>

Ејх?
А сто ако сестра и раскинала со дечкото па сега ја дави со тоа?[се смее]
Не се зезам.
Имаш право,али тоа со тражењето на идеалот е малку (повеке) глупо!
Мислам... Идеализирањето (na bilo koj) е многу аут и без врска!
[се смее]:)[се смее]
поздрав

сликата на fio
А љубовта? - од fio на 3 септември, 2004 - 22:21

Цитат:

И така најверојатно Либра, штом ја отвори темава, имала инспирација од своја лоша љубовна врска. Либра, треба да идеш понатаму и тражи го идеалот. [се смее]

Не те прашав тебе дртле

А љубовта? - од rosa на 4 септември, 2004 - 10:02

Многу убав пост. [се смее]
Сестра ми е вага = Либра, и таа ја наоѓа интересна темата љубов. Недостасуваа на Баграва љубовни теми, да се внесе малку свежина и позитивна енергија.

Јас не разбрав од текстот дека Либра пишува за себе, туку темата е генерализирана, да си кажеме за љубовта. Се сложувам дека днес повеќето све гледаат низ призмата за пари. Можда сиромаштијава ги прави такви младите, спонзоруши, материјалисти, емотивни дегенерици, па користат дроги за лажни чуства на љубов, да избегаат од стварноста. И разбирливо е нема роматинки, нема големи љубови, на кого му е дојдено до љубов во нашава земја. [се гази од смеење]

Ама ете нели млади луди треба да се љуби. [намигнува]

*убав викенд со љубов ви покаувам*

А љубовта? - од RobertS на 4 септември, 2004 - 11:07

Цитат:

Е, ама ајде кажи му го ова на некој со скршено срце, што преболува невозвратена љубов, ништо не му вреди оваа мудрост, нема да му олесни, ниту да го утеши тоа што храбо изгубил. (ја изгубил личноста што за него е се на светот)

[се гази од смеење] Aaa ramo za plachebnje izigravash? E pa i za troa se prijatelite, i mene nekad me gnjavat, ali toa ti e. Kazi mu na drugar ti ili drugarka ti deka sekomu nekogas mu se sklucuva, ke preboli kako kutre, mada u pravo si kolku i da zboris treba vreme [ифрит љут]

Цитат:

Што ти е поважно во врска:

Тој/таа да има:
-убавина
-карактер
-пари

А љубовта?

Ама искрено.

Iskreno? Ova sve u edna devojka i ja zenam odma! Cela Bagra ve kanam u svadbeni gosti [се гази од смеење]

Cel tekst ti e interesanten napisan, prodolzi vaka, [гушкање]

сликата на viktoria
А љубовта? - од viktoria на 4 септември, 2004 - 11:38

уоууу Роса , момичката што стално се жали дека сме биле здодевни..

А како ме разнежи со ова дека Вага -либра сакале да зборуваат за Љубооов аухх..
Дај извади нешто повеќе од твојот арсенал и сподели со нас.. Шкорпии не сакаат да зборуваат за љубоф? Водолии сакаат? А си одговараат ваги и овни?

-роса првоборка против здодевните - [шокиран] ?

А љубовта? - од rosa на 4 септември, 2004 - 14:00

Цитат:

уоууу Роса , момичката што стално се жали дека сме биле здодевни..

А како ме разнежи со ова дека Вага -либра сакале да зборуваат за Љубооов аухх..
Дај извади нешто повеќе од твојот арсенал и сподели со нас.. Шкорпии не сакаат да зборуваат за љубоф? Водолии сакаат? А си одговараат ваги и овни?

-роса првоборка против здодевните - [шокиран] ?

Аха ха ха повторно се препозна во здодевните и напиша уште еден здодевен пост [се гази од смеење]

Само ми асоцираше вага, ништо посебно, ама ти како по твој обичај се фати да коментираш небитни ствари [шокиран] и како по обичај расипуваш теми [ифрит љут]
Еве јас се извинувам до останатите членови што ќе биде делумно мојов пост надвор од тема, ама мораше [глава у ѕид]

[се гази од смеење]

А љубовта? - од irena_s на 4 септември, 2004 - 15:01

Ljubovta so pari ne se kupuva ama i bez pari ne ja biduva [плази јазик]

Mnogu ubavo kazano Libra, tekstot mi se dopadna, ima vistini, toa sto ni se slucuva na nas mladite. Za zal toa e toa. Sostojbata e teska za nas mladite vo Makedonija. Jas cesto patuvam i prestojuvam vo stransvo, mozam so zalenje da konstatiram deka Makedoncite se kade kade ponazad od drugite mladi.
Pa tie i dechovi i devojki zaedno si ziveat, ili imaat svoi stanovi odvoeni od roditelite, a kaj nas toa e pusta zelba. I potrosen od sekojdnevni problemi nemas oset za ljubov [тажен]

pozdrav [се смее]

сликата на Zelka
А љубовта? - од Zelka на 4 септември, 2004 - 16:53

Цитат:

Ljubovta so pari ne se kupuva ama i bez pari ne ja biduva [плази јазик]

Нели, некои мои постари другари ми викаат демек не све до пари мали не се фурај! ЕХ!
Пред некој ден другарто ми даде р6 да свртам кругче у маало. Факинг, зошто ми го даде моторот! АЛО!
Прво машината каква е, ај да не зборам, многу манијакална направа, леле. Остај тоа, вртам круг низ цел карпош4 и пред крај на црвено светло налетав. У таксито пред мене две девојки кои ми се смееа ко да сум Бред Пит. Зошто не ми се смеат кога го возам својот Hyndai Accent? искрено зошто? зошто мораше на црвено да застанам и да го окусам тој мотор. Леле...

да појаснам нешто, од мој аспект.
-Ако сум у моето натуризирано стање, ко шо сум имам шанса да си фатам онаква девојка нормална за везден.
Ако имам кеш ке имам глупи плавуши екстра сисасти и многу згодни девојки и врски од 6 недели макс.
Мое мислење.
Знам која класа јас ја заслужуем, и не се мешам каде што не ми е местото... И да ми се смешка сисата плавуша не реагирам бидејки знам каков ми е социјалниот статус и дека кај нејзе неможам да се пласирам

[Сменето на 4/9/2004 од Zelka]

сликата на Royalgirl
А љубовта? - од Royalgirl на 4 септември, 2004 - 17:59

Цитат:

..А си одговараат ваги и овни?

Еј стварно,си одговараат??!![се смее]:) Многу ме занима...
BTW,многу добра поента,Libra! [намигнува]

А љубовта? - од irena_s на 4 септември, 2004 - 18:12

A zamisli da imash ficho ili jugo ili 101, kaj ke se parkiras pred MKC? [плази јазик]

Inace OK ti e napishanoto... romanticnite vikaat ljubovta go vrti svetot, a realistite vikaat parite go vrtat svetot

Libra e vo pravo za sve shto napishala na tolku interesen nachin [намигнува]

сликата на aleksandra85
А љубовта? - од aleksandra85 на 5 септември, 2004 - 13:16

љубовта ја измислиле партизаните оти немале пари да си платат за секс.
германците имале пари и многу им е гајле а партизаните морале да ги убедуват девојките дека ги сакат за да им дадат [се гази од смеење] [се гази од смеење] [се гази од смеење]

А љубовта? - од DavorK на 5 септември, 2004 - 15:05

Значи прво ни го плесна у фаца а потоа не охрабри дека сепак има надеж за љубовта, поштујем, поштујем :teobozhavam:

Добар пост, добра поента Либра [намигнува]

А љубовта? - од DavorK на 5 септември, 2004 - 15:06

Цитат:

љубовта ја измислиле партизаните оти немале пари да си платат за секс.
германците имале пари и многу им е гајле а партизаните морале да ги убедуват девојките дека ги сакат за да им дадат [се гази од смеење] [се гази од смеење] [се гази од смеење]

Другарка ми вика, за да ебеш треба да си или убав или да имаш пари [кул]

али јебачина не е љубав ти не сфаќаш поента [извичник]

[се гази од смеење] [се гази од смеење] [се гази од смеење]

[Сменето на 5/9/2004 од DavorK]

сликата на SuperGirl
А љубовта? - од SuperGirl на 5 септември, 2004 - 22:38

Абе врти-сучи, газот ти е од позади [се смее]
Пари ти се неопходни за секоја сфера на твоето живеење. Можда не може да ја купиш љубовта, онаа во нејзиното полно значење, ама секако безпарицата може да ти ја оневозможи нејзината реализација.
Љубовта без болка не иде...но секако тоа не е причина да се откажеш од неа или да се браниш. Бидејќи љубовта ја заслужуваат само храбрите сонувачи.

сликата на ZisDead
А љубовта? - од ZisDead на 6 септември, 2004 - 00:14

Se somnevam deka poveketo mozat sebe si da si dadat razumen odgovor na prasanjeto \"Sto e ljubov?\"

сликата на anastas87
А љубовта? - од anastas87 на 6 септември, 2004 - 01:25

Цитат:

Se somnevam deka poveketo mozat sebe si da si dadat razumen odgovor na prasanjeto \"Sto e ljubov?\"

Зависи каква љубов.

Имаш љубов према татковината, према родителите и према партнерката [плази јазик]

сликата на Andronik
А љубовта? - од Andronik на 6 септември, 2004 - 04:58

Цитат:

Se somnevam deka poveketo mozat sebe si da si dadat razumen odgovor na prasanjeto \"Sto e ljubov?\"

А ти, претпоставувам, можеш?

сликата на SuperGirl
А љубовта? - од SuperGirl на 6 септември, 2004 - 07:40

Цитат:
Цитат:

Se somnevam deka poveketo mozat sebe si da si dadat razumen odgovor na prasanjeto \"Sto e ljubov?\"

А ти, претпоставувам, можеш?

Абе што може ZisDead никој неможе! Тој е идол на сите генерации. Нашите индивидуални дефиниции се мачји кашаљ во однос на неговата.

Ајде сега сите пред спиење прашајте се \"Што е љубов\"?
...и пробајте да си одговорите. Ако не ви иде не се срамите да го прашате, љубезно ќе ви одговори, да ве избави од тотален мрак и незнаење. Тоа е неговата мисија на овој свет.

сликата на ZisDead
А љубовта? - од ZisDead на 6 септември, 2004 - 08:32

Rekov \"poveketo\" i ne spomnav nikogo,.... znaci sepak e mozno bas TI da si del od malkuminata. [се смее]

А љубовта? - од venera001 на 9 септември, 2004 - 09:11

mnogu ubavo napisano Libra.
Navistina vredi da se saka, vredi da se ljubi, no sekoj ima svoja percepcija za ljubovta.I ne sekogas sekoj ja zasluzuva. Ama kako velat postarite(i popametnite0:\"sto e moe - ce si dojde\"!

А љубовта? - од VBB на 9 септември, 2004 - 10:53

Абе не дека имам којзнае што паметно да кажам, онака да истресам понекоја глупост...

- Шемата (ај да кажеме ГТЦ или сл.)
Оние кои се „палат“ на материјалното, ај некако и ќе ги сфатам, далеку од тоа дека тоа го оправдувам, у никој случај, ама ај секој си сака комоција (к`о што кажав у некоја претходна прилика). Многу често, се разбира не е генерално правило, оние кои делуваат најиздотерани, најсредени, најпуни со кеш..баш и не се такви. Има еден куп цури кои глумат нешо fancy, а уствари живеат у некои затуцани населби у двособни станови, 3-4 генерации под ист кров, кркаат ајвари и гравои и би се изебале за било каква работа. Кога идат у град фактички к`о на сточен пазар се изложени и чекаат добра прилика.
(да не навредам некој недужен со ова)

- Полушемата (да се каже места кои се премногу fancy да би биле underground, а превише софистицирани да би биле само „pop“ [се смее] к`о незнам ти Бастион, Љубов, Синдикат и сл.
Тука се оние кои се „палат“ на славни личности, напр. на режисери, Ди Џеи, менаџери на кафани и клубови, актери и сл.
Ај и тоа ќе сфатам..некако..хмм

- Паркот (не е она што беше...[тажен] )
Ама никако да ја сфатам онаа специфична мазохистичка категорија која се пали на џанаци и остали кретени (?!)
Глеаш девојче абе солза, средена, чувана...покушава нешто као у квази-рокенрол или квази-транс фазон да фура..и нормално и се пуштаат милион дечки-џабе..доаѓа џаначиште од Топанско или Гази баба у тренерка закопчана до уста (као Маленко на Олимпијада), просто базди на хорс, со зелени тетоважи ко Зајко од КПД Шутка и тука вадење гане, ај пушиме у грмушки..па ај табли..па ај хорс (као е де секој пробал) и малава отиде јабана...И така и вук сит и овце на броју, битангата ја легна принцезата, а она среќна што влегла во кругот на „откачените“ (она мисли дека тоа е дел од фурањето) и као пркоси на авторитетот на родителите кои и живеат у петоспратна куќа на Водно.

- Поумерените
Тука постои извесна надеж. Постои извесен процент на умерени луѓе кои многу не искачаат. Сосема ОК девојки и дечки у секој поглед, физички, интелектуално и све. (не зборам за неинформирани,затупени,обични)
Не патат премногу по шемите, си наоѓаат поинакви занимации што ти ја знам, некои учат јапонски,есперанто ти реков ми рече, некои се бават со параглајдинг или што ти ја знам, некои ќе ги видите на филмски фестивали, на МОТ или Скомрахи или по места како што БЕА некад New age или Кула (сега е срање), чисто онака без претензии да се биде секогаш во жижата.
Јас сакам да се мешам со луѓе, сакам да сум у тек со настаните, концерти, журки и сл. но можда е добро да се циља на оваа категорија. Работејќи на саем на книга поред сите познати фаци, шема дечки и девојки, се појавуваа и некои од овие поумерениве, просто незнаев како да ги категоризирам..баш со другар ми се прашуевме од кај се појавија, кај искачаат?? По местата каде што се движам луѓето мање више сите се знаат макар само по фаца, а од друга страна превише се софистицирани да би биле шема ГТЦ или сл.
Ама како да се допре до нив? Интернетот е од некаква корист ама поред толку идиоти на mIRC, доста тешко иде.

Него на план на жени, летово не можам да се пожалам, вала имаше ОК цурици, ама ништо не задржав за везден, сеуште сум у потрага, мада ќе биде заебано зимово,мора нешто да се најде. Де немора манекенка..ама да ми се свиѓа! [се смее]

А љубовта? - од VesnaOpasna на 9 септември, 2004 - 11:48

За темава. Комплексна е, може да се дискутира, но јас не сум баш некој романтик, не знам убаво поетично да се изразам за љубовта, иако верувам дека е најубавото и најсилно чуство што може да ни се случи, за жал не им се случува на сите.
Али лично не ме интересира, сакам да кажам не ме интересираат другите, кој како сака нека си го живее животот. Имам разбирање за спонзоруши (и мужи и жени го прават тоа), нека се уновчат преку врски, ако тоа им е едина шанса у живот, потајно ги жалам, но тоа е нивни избор.

Добра поента, во право си, многу интересно и убаво напишано, само Либра да ти кажам нешто, на сајтов се све наркомани ако не си знаела, не знаат душо тие за љубов, за нив треба доза дрога и ќе си живеат у фантазии, до еден ден додека некој не ги најде така насмеани и заспани засекогаш. Умрени. Фрлени. Предозирани или некој им го сместил, некој од нивните другарчиња наркоманчиња. Тие живеат во светот на смртта не во светот на љубовта. И крадат денови на смртта се додека дрогата тоа го дозволува, еден ден дрогата ќе им пресуди. Крај. Смрт.

А љубовта? - од VBB на 9 септември, 2004 - 12:17

[глава у ѕид]

сликата на triipol
А љубовта? - од triipol на 9 септември, 2004 - 12:27

Се мислев дали да ви откријам некоја пикантерија од мојот сексуален живот и така мислејки се што да ви пишам ми текна на моето прво сексуално искуство ... и толку многу се израдував и добив желба да ви го кажам тоа и на вас, пошто тоа ми беше еден од нај убавите моменти во животот
Тоа беше еее бајаги од дамна, имав 16год.
Убаво се секавам као да беше вчера, цела банда бевме попалени да плеснеме нешто, сите другари од прв до последен сонуваше да има секс со цура.
У тоа време главен момент ни беа порничите мислам дека ги изгледавме сите касети од малскиот видео клуб Во тоа време идев со Т... ми беше втора или трета девојка во животот, беше вистински ангел, имаше медени газенца и нај убави цициња,
Но имаше и еден мал проблем: не ми даваше да уживам во нив
И така си продуживме да си идеме два месеци без да ја пипнам, онака малце само ке ми даде а ја као млад мајмун попален вриам у себе.
Aма мора да се контролираш, си викав триипол ајде чекаше толку време смирисе уште малце па готово е
Она имаше 14год. спортски тип на девојче, тренираше одбојка...
После четвтртиот месец триипол почна да се заљубува во Т...
Имав некое чудно чуство во себе, незнаев со кого да разговарам на таа тема, од почетокот ми беше на мисла само како да ја соблечам, нон стоп пред излагање и викав леле сонце нај убаво ти стои сукњичка (пошто најлесно се соблака)
Сега па бев окупиран само да бидам со нејзе, не ми беше битно каде ке бидеме дали на клупа дали кај мене дали негде надвор...само сакав да бидам со нејзе нонстоп...
И кога нашата врска доживеа кулминација од чуства ми се јави еден ден и ми кажа сакам вечер да го направиме тоа ...
Од еднаш ме фати паника, почнав да се шуткам наваму натаму као нездрав
Одма им се јавив на другарите и дојдоа кај мене
Моментот за кој сите ние сонувавме веке стана реалност за еден од нас.
Стратегијата почнавме да ја правиме сите заедно, небаре сите ке ја легнат...
Абе да не видеше некој од страна ке се искинеше од смеење, нај интересно беше што никој немаше никаво лично искуство со девојка а сите се правевме најголеми ебачи
Па почнаа мубети ке ја легнеш вака, па ке направиш ова, па тогаш вака итн. изгледаше као да се спремаме за десантот на Дрвар
Саатот немилосрдно се доближуваше до времето означено за средбата ...
Паниката почна да станува неподнослива, почнавме да си поставуваме прашања на кој никој не занеше да одговори
И така заедно одлучивме да го викнеме братми кој е постар пет години од нас и да ни каже што да правиме
Прво ни се изнасмеа, коа ме праша што ти е ја му реков страв ми е брат да не се заебам нешто прв пат ми е, кажи како да го направам тоа
Ми рече немај гајле олабај се само
Пошто ви е прв пат и на двајцата потрудисе оваа вечер да ви остане запаметена цел живот.
Планот веке беше скован, ке земеме чисти чаршафи од дома две перници неколку свеки .. ке ја собереме вечер од дома ке ве однесам на водно (имаме викендица тамо) ке средиш прво убаво да ви биде, и не се секирај
Му кажав ок, а во себе паниката продолжуваше да дивее низ мисливе
Ја земавме од дома и не однесе на водно и си замина ...
Останавме сами, додека Т... спремаше пијачка ја се качив горе во спална и наместив се како што ми кажа братми,
И двајцата бевме исплашени као верверички пошто ова ни беше прв пат и на двајцата.
Се погледнавме се гушнавме и си легнавме ...
Ја сакав највише на светот, додека се галевме ја веке почнав да се топам, незнам како да ви опишам тоа чуство што и до ден денес го носам во себе ...
Такви искрени моменти имам почуствувано само со нејзе и со последниот мој ангел, сите други беа само добра забава
Правевме нешто кое беше само наше, верувајте таа вечер не се ебевме него водевме љубов, на секој допир телата ни трепереа, а што ни се случуваше во душава ...неможам да најдам зборови за да ви опишам...
И така ...
После тоа се ебевме као зајаци, од што ни беше толку убаво престанавме да излагаме во град идевме кај мене дома и се плескавме нај убаво на светот, почнавме и од школо да бегаме за да можеме дома од сабајле на раат да се изебеме
Таа љубовна идила траеше околу две години, мислевме и сакавме да бидеме цел живот заедно
Но родителите на Т... сакаа она да иде и да ја учи четврта година средно во америка
Тоа и се случи отиде ...
Тоа ми беа едни од нај тешките периоди,
Знаете онака сакаш некој тој те сака а неможе да бидете заедно ...по глупа ситуација здравје
Се врати од Америка порасната поубава и посамостојна бевме цело лето заедно и повторно отиде за Америка, сега да студира
Понатаму останува класика ...
Пораснавме и двајцата ...
Иначе Т... сеуште е во Америка веке заврши факултет медицина, работи како докторка во Њујорк, и се уште изгледа прекрасно...
Од време на време ке добијам некој мејл од нејзе ке и пратам и јас ...

И за на крај ...

Јас лично имам голема потреба да сакам и да бидам сакан
Чуството дека сакам некого дека давам нешто што излага од мојата душа и ум, и самата помисла дека тоа го давам на девојката која искрено ја сакам или на другарите кој искрено ги и почитувам ...ме прави да се чуствувам жив, ме прави да се чуствувам способен да станам од сабајле и да се соочам со денот, ме прави да имам насмевка на моето лице ...
Ме прави да бидам срекен ...

Сакам да сакам убаво ми е кога сакам ...

Сакајте се луге, тоа барен не зависи од никој друг освен од нас самите
Поделете им дел од вашата љубов на вашите блиски

Powered by Loveipol

А љубовта? - од Big-Brother на 9 септември, 2004 - 12:34

Хмм...интересно. Како прво љубовните чуства се илузии,нешто слично како и во текстот \"слободата на волјата\" кои се истовремено убави и болни вистини во животот.Ни го прават исполнет.
Како второ, ако не боли, не вреди.Толку пати се обиделе поетите да ја опишат љубовта, да дадат одговор \"што е љубов?\" и кога тие најголемите уметници во пишувањето не успеваат да ја дефинираат љубовта, тогаш несомнено никој не може. Ова во школо проф. по македонски ни кажуваше. [се гази од смеење] Научниците ни дадоа објаснување, хемија, се е тоа ОК, и поезијата и формулите но љубовта е чуство и не може да се дефинира така едноставно,зависи од човекот, искуствата,карактерот.
Како секој различно си ја сфаќа љубовта,можеби тоа е тоа убавото и интересното.Различностите се привлекуваат, инаку би ни било многу досадно, така бар ја мислам. [кул]

Е сега, зависи и од возраста, на пубертетски години, гледаш само бројка,да пробаш што поише, и тогаш сексот е битен, ни убавина, ни карактер,ни пари,не се нешто многу битни. А можда сексот го викаме љубов, пошто цуриве све љубов водат (боље им звучи) а сега на зрели год. друго е нели, гледаш и карактер, и љубов, и разбирање треба. Е да, разбирањето е одговор, треба да сте компатибилни за добра врска.

© Big Brother

сликата на excellent
А љубовта? - од excellent на 9 септември, 2004 - 12:39

[глава у ѕид]

VesnaOpasna, ја сум слушнал дека дрогата е заразна и дека можеш да се навлечеш дури и ако читаш нешто напишано од дрогераш! Затоа под одма да си прекинала да доаѓаш на сајтов!

А ако не, се надевам дека админите можат да средат нешто на таа тема! Ако ги замолиме најубаво...

А љубовта? - од venera001 на 9 септември, 2004 - 13:01

Е сега, зависи и од возраста, на пубертетски години, гледаш само бројка,да пробаш што поише, и тогаш сексот е битен, ни убавина, ни карактер,ни пари,не се нешто многу битни. А можда сексот го викаме љубов, пошто цуриве све љубов водат (боље им звучи) а сега на зрели год. друго е нели, гледаш и карактер, и љубов, и разбирање треба. Е да, разбирањето е одговор, треба да сте компатибилни за добра врска.

________________________________________________________________

Mnogu dobro kazano. Ama nekoi lugje nikogas ne postignuvaat zrelost. Baska kompatibilnosta kako sinonim za razbiranjeto(t.e. pocesto nedorazbiranjeto)

А љубовта? - од Сељачиште на 9 септември, 2004 - 13:16

>>..А си одговараат ваги и овни?
>Еј стварно,си одговараат??!! Многу ме занима...

Ееее, Ројалгрл, Ројалгрл... Еднаш кога ти реков дека намирисувам хороскопџиски резон кај тебе - будала ме направи.

А љубовта? - од rosa на 9 септември, 2004 - 13:26

ВеснаОпасна ме смрзна отров си [шокиран]

Либра бејбе не ја слушај и напиши ни ти пак ваков убав пост за љубовта остај ја отровна Весна [ифрит љут]

А ти Big Brother кај научи овие љубавни мисли не сум те знаела ваков [плази јазик]

[Сменето на 9/9/2004 од rosa]

сликата на Zelka
А љубовта? - од Zelka на 9 септември, 2004 - 13:54

Цитат:

Добра поента, во право си, многу интересно и убаво напишано, само Либра да ти кажам нешто, на сајтов се све наркомани ако не си знаела, не знаат душо тие за љубов, за нив треба доза дрога и ќе си живеат у фантазии, до еден ден додека некој не ги најде така насмеани и заспани засекогаш. Умрени. Фрлени. Предозирани или некој им го сместил, некој од нивните другарчиња наркоманчиња. Тие живеат во светот на смртта не во светот на љубовта. И крадат денови на смртта се додека дрогата тоа го дозволува, еден ден дрогата ќе им пресуди. Крај. Смрт.

кој сеа меша поими, уствари ти сериозна си? ко рак? ако си ондак да ја цитираме од страна на главна.
Само ако пишува Дрога, секс и слободен софтвер, додуша сега е најаките просперираат, не не прави џанаци од центар за зависности. Шо ќе ти праам муабет ти наркомани не слушаш. Крај. Смрт.
Ке умрам осеќам...

Сакам да имам некој до мене. Да ми одговори на некои прашања за кои јас не им го знам одговорот. Да ме утеши кога ми е бед. Да сака да има секс со мене за време на лига шампиони и со тешки маки да ја тргаш од тебе. Да ја замарам кога ми е досадно а она да има работа. Да ме разбуди у 9.30 сабајле, она е студент јас работен човек и си начекал сабота и те буцка со прст у фаца и те замара.
Искрено, јас ако би се префрлил у тн фраерски филм после некое долго време ќе ми скурчи, ќе побарам сигурност у прегратките на девојчето, да и видам во очи љубовта која безрезервно само мене ми ја нуди.
Лешниче, така си го викам моето девојче, и мило ми е што припаѓа само на мене. Она осеќа дека ми се прави филм да бркам сисати плавуши и страшно се нервира, но ме сака каков и да сум. Ми вели дека само да присоберам пари, да се облечам ко што треба и ќе ја оставам за нешто поубаво. Да видиме, што ќе каже времето.

[Сменето на 9/9/2004 од Zelka]

А љубовта? - од DavorK на 10 септември, 2004 - 10:45

Ах љубов љубов

Поздрав Либра
поздрав багра

А љубовта? - од dragan733 на 11 септември, 2004 - 23:28

Цитат:
Цитат:

И така најверојатно Либра, штом ја отвори темава, имала инспирација од своја лоша љубовна врска. Либра, треба да идеш понатаму и тражи го идеалот. [се смее]

Не те прашав тебе дртле

A, ти да пазиш на твоето изразување и да бидеш флексибилен.

сликата на aleksandra85
А љубовта? - од aleksandra85 на 11 септември, 2004 - 23:34

ах љубов те измислиле партизаните оти немале пари да си платат за жена Германците имале пари и неморале да мислат на љубов ,а партизаните за да дојдат до п‘‘‘‘ морале да ја убедат дека ја сакаат

А љубовта? - од dragan733 на 11 септември, 2004 - 23:37

Цитат:

<>И така најверојатно Либра, штом ја отвори темава, имала инспирација од своја лоша љубовна врска. Либра, треба да идеш понатаму и тражи го идеалот.<>

Ејх?
А сто ако сестра и раскинала со дечкото па сега ја дави со тоа?[се смее]
Не се зезам.
Имаш право,али тоа со тражењето на идеалот е малку (повеке) глупо!
Мислам... Идеализирањето (na bilo koj) е многу аут и без врска!
[се смее]:)[се смее]
поздрав

Не верувам дека се работи за сестра и. Денес дојде време, за жал, да повеќе сме свртени кон себе си отколку кон другите.
А, што се однесува до идеалот, сепак треба да живееме со некоја цел во животот, која цел ќе ги движи работите.

Поздрав и од мене, озбилниот. [се смее]

А љубовта? - од dragan733 на 11 септември, 2004 - 23:45

Цитат:

ах љубов те измислиле партизаните оти немале пари да си платат за жена Германците имале пари и неморале да мислат на љубов ,а партизаните за да дојдат до п‘‘‘‘ морале да ја убедат дека ја сакаат

Аха, значи таква верзија си чула Александра. [се смее]
А постои и теорија дека љубовта ја измислиле комунистите, за да беспари да добијат женска. [се смее].
Добро, тоа е несериозната страна на приказната, а сериозната страна на приказната е дека комунистите ја измислиле љубовта заради довербата која доверба е основата на комунизмот. Од довербата се шири и пријателството, вољата, позитивизмот итн. Ама животот се потпира на две страни и на чувствата и на разумот.

А љубовта? - од dragan733 на 11 септември, 2004 - 23:55

Цитат:

Se somnevam deka poveketo mozat sebe si da si dadat razumen odgovor na prasanjeto \"Sto e ljubov?\"

Ха, прашуваш за спој на две функции кои немаат тангентна точка и заеднички пресек. Љубовта и разумот не идат заедно, тоа се две посебни функции и приказни.

сликата на Royalgirl
А љубовта? - од Royalgirl на 12 септември, 2004 - 01:15

Цитат:

>>..А си одговараат ваги и овни?
>Еј стварно,си одговараат??!! Многу ме занима...

Ееее, Ројалгрл, Ројалгрл... Еднаш кога ти реков дека намирисувам хороскопџиски резон кај тебе - будала ме направи.

[се гази од смеење] [се гази од смеење]
Е добро де, признавам,читам хороскоп...сеедно,али тоа со плима и осека стварно немаше везе со хороскоп! [плази јазик]

сликата на fio
А љубовта? - од fio на 12 септември, 2004 - 15:36

Цитат:
Цитат:
Цитат:

И така најверојатно Либра, штом ја отвори темава, имала инспирација од своја лоша љубовна врска. Либра, треба да идеш понатаму и тражи го идеалот. [се смее]

Не те прашав тебе дртле

A, ти да пазиш на твоето изразување и да бидеш флексибилен.

Ај не

А љубовта? - од Obi на 12 септември, 2004 - 18:55

Жена бе...

А љубовта? - од Taipan на 20 септември, 2004 - 13:05

- Паркот (не е она што беше...[тажен] )
Ама никако да ја сфатам онаа специфична мазохистичка категорија која се пали на џанаци и остали кретени (?!)
Глеаш девојче абе солза, средена, чувана...покушава нешто као у квази-рокенрол или квази-транс фазон да фура..и нормално и се пуштаат милион дечки-џабе..доаѓа џаначиште од Топанско или Гази баба у тренерка закопчана до уста (као Маленко на Олимпијада), просто базди на хорс, со зелени тетоважи ко Зајко од КПД Шутка и тука вадење гане, ај пушиме у грмушки..па ај табли..па ај хорс (као е де секој пробал) и малава отиде јабана...И така и вук сит и овце на броју, битангата ја легна принцезата, а она среќна што влегла во кругот на „откачените“ (она мисли дека тоа е дел од фурањето) и као пркоси на авторитетот на родителите кои и живеат у петоспратна куќа на Водно.

Alal ti vera majstore,sum so nasmeal na toa so trenerkite i tetovazite.Genijalno ti beshe..

А љубовта? - од Libra на 23 септември, 2004 - 21:18

Цитат:
Цитат:

..А си одговараат ваги и овни?

Еј стварно,си одговараат??!![се смее]:) Многу ме занима...
BTW,многу добра поента,Libra! [намигнува]

http://www.astrologycom.com/astromatch/

http://www.astrologycom.com/libra.html

Ако стварно те интересира провери [се смее]

А љубовта? - од masterGob на 16 март, 2006 - 04:07

А страста?

Зошто мора се да биде црно или бело

Зошто сите луѓе на овој свет не го зборуваат она што го мислат

Тогаш вистината нема да навредува