Бидејќи на темата за ДЏ Тиестис = 1200 денари има превише гужва, си го користам правото да си отворам нова тема.
Вчера вртејќи по каналите на ТВ, налетав на некој настап на ДЈ Тиестис на канадската PlayTV.
Гледав 15тина минути и одпрвин ми изгледаше дека пуштаат негови спотови од различни евенти.
Типот на секоја пуштена плоча носеше различна маица (меѓу кои и \"I Love NY\"). Пушташе 300 чуда: химната на Америка (во оригинал, а потоа и онаа на Џими Хендрикс од Вудсток), некои бразилски салси-малси пропратени со плесачици, па некои техноини, па некои чил мелодии на кои една smooth-operator типка пееше у живо, па дојде некојси италијански пејач ала Ерос Рамазоти... Капак на се беше коа на сцена се појавија некои си кинези, облечени у традиционална облека, летаа од оние драгоните што ги летаат на нивните карневали, а свиреше некоја ориентална музика што НЕМАШЕ ВРСКА со електроника. Оригинал традиционална кинеска музика како да ја слушаш во некој храм медитирајќи. Ова траеше некои 5 минути и си помислив дека завршил неговиот настап и дека овие од телевизијата пуштиле нешто друго, коа одеднаш на ориенталната музика и се додава ритам и се претвара у некоја бедна лупачина со ориентални семплови. Сето ова се дешаваше на еден ист \"концерт\"!!! НЕ МИ СЕ ВЕРУВАШЕ!!! Каква нехуманост.. каков терор!!
Во меѓувреме таа халата (ХАЛИШТЕ) беше напунета до даска. Имаше многу илјади луѓе со простор само за да можат да ги дигнат рацете. Абе ласери, проекции, лајт-шоу... пизду матер.
Е сега.. он си пушта плочици, онака лежерно. Мрда со главата и не погледнува напред. Некое време, коа ќе дојде некој прелаз или еуфоричен дел се исправува, се смешка, покажува со прстот и пак доле главата. Не знам дали типот воопшто знае што е тоа интеракција со публика пошто би добил 0 по тој предмет.
Да завршам: Тиестис не е ДЈ. Тиестис е предмет (алатка) што треба да стои на подиум пред многу публика, кога околу него некој организирал многу добра (скапа) журка, која у принцип лесно би можела да помине и ако на подиум ставите девојка од плејбој. Чисто колку за уметнички дојам... За да не изгледа дека музиката си се пушта сама.
Последни коментари