2 декември, 2008 - 21:12
[веб кирилица]

Алтернативни интернет прелистувачи

од zoltriks на 5 јан 2002 - 05:12
Во текстов ќе ви кажам како да го тргнете Internet Explorer од секојдневна употреба или како да го замените со нешто понефраерско, понешемаџиско и не толку ин. Алтернативи постојат доста, но јас ќе ви ги претставам само најстрашните и тоа само за Windows.



- OPERA - Голем дел од Баграџиите кои ги читате тука го користат норвешкиот прегледник Opera (www.opera.com) кој може бесплатно да се симне од сајтот, но доколку не го регистрирате ќе си имате една коцка со реклами каде ќе читате глупости во стилот како да ослабите за една недела 20 кила или како да си го најдете изгубеното момче/девојка преку интернет - што да кажам и норвежаните не се веќе она што беа :_)) Сепак се останато е супер - мала е за симнување - околу 3MB без JAVA, стартувана троши малку од вашиот RAM, страниците ги прикажува без скоро никаков проблем, можете да работите преку табови (како кај mIRC), ви штеди време, електрична енергија, парно греење, имате помали телефонски сметки и што е најважно последнате верзија 6.0 сега подржува супер кирилицa. За крај да кажам дека Opera не е само прегледник на интернет страници иако таа своја задача ја врши најдобро - во неа има вграден и емаил клиент, messaging (ICQ) клиент, може да чита њуз (USENET), но не можете да ирцате со неа.

- MOZILLA - Затоа тоа го може вториот интернет прелистувач за кој ќе ви раскажам со име Mozilla (www.mozilla.org). Исто и Mozilla може слободно да се симне од сајтот (10MB) со една разлика - таа е слободен софтвер - значи нема да имате проблем со дебилни реклами. Mozilla е галениче на Netscape (www.netscape.com), па не се чудите ако најновиот Netscape 6.x прелистувач ви изгледа исто - и двата се базирани на ист код и текстчево ќе важи и за двата неразделни другари. Е сега другарите трошат повеќе RAM од слабичката Opera, страниците ги прикажуваат солидно (мене лично многу ми се допаѓа рендериг енџинот), имаат одличен клиент за читање на email и news пораки - направен со сите нишани, одлична подршка за кирилица, има и едноставно програмче (дел) за правење на лични страници и... дојдовме до претходно споменатата Chatzilla (IRC клиент) кој е доста рудиментарен (го нема во Netscape изведбата). Според мене ова е квалитетно изработена програма, но поради несовршеноста на претходните верзии многу луѓе го избегнуваат, па така мислам дека нема ни еден Багра мен кој го користи. Па бидете први - пробајте го!

- NETCAPTOR - Ако сакате да користите само друга школка за Internet Explorer - да го користите само неговиот двигател (енџин), а со тоа и страниците да ви изгледаат исто како под IE, го препорачувам NetCaptor (www.netcaptor.com). Кај него нема да се задржувам многу бидејќи претставува само шминка за која треба да се платат пари, но одредени Багра членови секојдневно го користат и не избегнуваат до го пофалат.

Па тоа беше тоа - одберете си нешто и пишете!