Е вака сега ,
Долго време се спремавме за Валкана и очекувавме нешто посебно , не само поради DJ-ите туку поради локацијата , широк и отворен простор кој плаче за журки , мислевме дека скапата цена на картата повлекува и беспрекорна организација , одлично направени бини , светло , звук итн. Што добивме ќе прочитате во продолжение на текстот.
На првата вечер (opening night) , не стигнавме да одиме поради тоа што касно тргнавме , ама и да стигневме на време прашање е дали би оделе пошто се одржуваше во клуб за 500-600 луѓе. После дооооолгиот пат Скопје-Приштина-Подгорица-Будва-Херцег Нови-Дубровник-Сплит-Шибеник-Ријека со попатно застанување стигнавме сабота околу пладне on the spot и следеше одмарање од напорната вожња. На Валкана стигнавме околу 11 навечер , локацијата е автодром Гробник на 20 km од Ријека. Колите се оставаа на огромен паркинг на кој вриеше од клабери и полиција. Вообичаениот декор на Валкана не заостана и овојпат - луди словенци кои играат покрај своите коли на паркинг додека од нив трешти некој микс на Умек или Канзијани. На влезот детален претрес од полиција , досега невидено на Валкана , барем мене ми се деси да ме тресат толку многу што уште в чмар не ме пребараа
Валкана беше составена од 3 сцени , една главна која беше комплетно отворена , една техно - Tronic Treatment Stage сместена во циркуски шатор и слична на неа House All Stars сцена , двата шатори беа поставена странично од главната сцена. Имаше шанкови со изгор цени - 120-130 ден. - вода , 150-160 ден. - сок или пиво итн. , имаше дури и DJ equipmant stage , делеа кондоми , се продаваа маички , класика за еден фестивал. Од прво се разочарав од сцените , звукот беше добар ама светлото за кур не го биваше , сигурен сум дека Перо Камиказа има опрема да го среди главниот стејџ многу подобро него што изгледаше , а сепак за цена на карта од 40 ЕУР и еден куп спонзори очекуваш неверојатен light & sound system , кој ете пак го немаше. Уште на почеток се приметуваше дека нема таква загреана атмосфера како на прошлите две Валкана на кои бев. Причина беше секако недоволната количина дрога , пошто тамошните клабери се навикнати да голтаат бомбони како пеперминт , па затоа и атмосферата минатата година беше таква. Е сега логично , заради големите апсења и многубројната полиција тие не успеаа да си ги задоволат потребите и затоа атмосферата во публика беше срање , тотално неспоредлива со онаа која ја гледаме на журките во Скопје. Полиција имаше насекаде , патролираа околу стејџовите , низ публиката , многу пати видов приведување на клабери со лисици и што уште не , на ланските Валкани немаше ништо слично.
За DJ-ите немам никаква замерка (со чесни исклучоци) , сите беа супер. На почеток го гледав Felipe на Tronic Treatment Stage , одличен беше. После него се префрлив да го гледам фамозниот Paul Van Dyk на кој публиката урлаше во првите редови , ама мене ич не ме бендиса , тој пола саат додека го гледав вртеше некој селски euro trance , се изнервирав и си заминав. Се мислев дали да го гледам Richie Hawtin или Felix Da Housecat кои настапуваа во исто време , ама се одлучив за Felix пошто Hawtin ионака ќе го гледам во Скопје. Felix почна супер , изврти еден куп песни на кои јас свршавам , ама после тотално се усра , типот не ги ни миксаше песните , пушташе некои ремикси на Nirvana и слични заебанции , па се откажав и отидов да го гледам Mauro Picotto кој беше одличен. После него ги гледав Circulation live (феноменални беа) и следуваше одличниот крај на Валкана , прво Adam Beyer ја раздрма публиката како што само тој си знае , за да следи (според многу луѓе) најдобриот дел на Валкана - сетот на Chris Liebing. Тој почна веднаш после Beyer , малку ми беше чудно што го ставиле да свири на крај пошто Liebing е познат и признат коскокршач , ама типот изврти такво techno за крај што ќе го памтам целиот живот , дојде со 2 laptop-а , точно знаеше што и треба на публиката и сите го испративме со аплаузи. После Валкана заминавме на плажа да одмориме малку , од таму јас со дел од екипата заминав на афтерот во Fun Academy - Опатија наречен Valkana Survivors , околу 12 , таму имаше околу 200-300 луѓе , една соба беше за techno а другата за електро. Откако и ова заврши околу 4-5 заминавме пак на плажа , отспавме до накај 8-9 таму и отидовме на Valkana closing night - DJ Make , Valentino Kanzyani & Marko Nastic на плажата Коштренка. Местото каде се одржа оваа журка беше некој ресторан на отворено и беше тотален шит , имаше околу 1.000 луѓе. Секоја чест на тројцата tachno мајстори кои буквално ја прегазија публиката , одлична атмосфера , многу подобра од таа на Валкана. После ова следеше спиење и долг пат за Скопје.
Иако секоја година после Валкана велам дека никогаш нема пак да одам таму , овојпат сум дециден - НЕМА ДА ОДАМ И ТОЧКА. Прво не вреди да се помине толкав пат ако не истерате и некој одмор таму. Второ , мнооооооогу е скапо се , на Хрватите им останува уште воздухот бесплатен , се друго се плаќа , ненормално е скапо за наши услови. Трето , неколку пати сум ја видел хрватската и италијанската публика (словенците не ги ставам во истиот кош) и можам да кажам дека се нула во споредба со македонската публика. Четврто , Валкана нема фестивалска атмосфера и во никој случај не треба да се нарекува фстивал , тоа е само журка од поголеми размери , фестивалскиот дух го нема таму , може да се каже дека е само најмасовна журка на Балканот и ништо повеќе. Уште кога ќе си помислам дека заради одењето на ова срање наречено Валкана не отидов на EXIT или уште подобро на Siget или GluGlu Festival-ите во Будимпешта ми доаѓа да се убијам.
Ете сторија од мене , го молам почитуваниот остаток од Багра експедицијата на Валкана да ми се придружи на оваа сторија со уште некое свое мислење......
Последни коментари