8 јануари, 2009 - 21:17
[веб кирилица]

Чоколатца полнети со Екстази

од Дрога Бабарога на 3 јан 2002 - 04:24

Три члена од едно семејство се опоравуваат откако по грешка изеле Екстази таблетки скриени во чоколатца.



Чоколатцата биле испратени во куќа во Нов Зеланд, но пратката била адресирана до претходниот станар.

Новиот сопственик, учител од педесетина години, го отворил пакетот и ги поделил чоколатцата со двајца роднини.

Полицијата во Твизел вели дека тројката се јавила за помош откако почувствувале "чудни ефекти".

Се верува дека пакетот бил испратен од Велика Британија. Закачената порака гласела: "Мислам дека ќе уживаш во нив. Знам дека ти се омилени!"

Полицајците открија дека 10 од 16 чоколатца биле испразнети и пополнети со Екстази. Некои од таблетите биле завиткани, но некои се измешале со чоколадото.

Шефот на полицијата изјави: "Набргу откако ги изеле чоколатцата, почнале да чувствуваат чудни ефекти, и затоа отвориле некои од другите шупливи чоколатца и откриле мали тркалезни таблетки. Тие беа крајно загрижени, особено бидејќи еден од нив има проблеми со срцето и зема лекови"

Ниту еден од тројцата немал трајни штетни последици. Полицијата вели дека учителот, неговата сестра и зетот нема да бидат обвинети за поседување.

Шефот на полицијата додаде: "Тие дури никогаш не чуле за Екстази. Ова служи како потсетник да се однесуваме кон пакети од странци со претпазливост."

Опции за гледање на коментари


сликата на miopa
Одговор: Чоколатца полнети со Екст - од miopa на 4 јануари, 2002 - 20:34

Зошто и мене не ми стигаат вакви чоколатца?

сликата на гоце
Одговор: Чоколатца полнети со Екст - од гоце на 4 јануари, 2002 - 21:54

Јас баш за НГ се договарав да му подметнам на еден другар нешто слично. Мислите ќе се наљути многу ако дознае што сум му направил? [намигнува]

Одговор: Чоколатца полнети со Екст - од Сељачиште на 17 март, 2003 - 04:45

Чим треба да му подметнуваш за да лапне - сигурно ќе ти се налути. Не се заебаај.

Одговор: Чоколатца полнети со Екст - од zoltriks на 4 јануари, 2002 - 23:59

Хм - случајно слушав Let3 (www.let3.hr) додека ја читав веста :_))

DROGA

ča ti je, ča ti je, ča ti je

niš mi ni, niš mi ni

svi me pitaju ča mi je

a ja Im kroz pismu pričam

droga mi je, droga me je zela

сликата на гоце
Одговор: Чоколатца полнети со Екст - од гоце на 5 јануари, 2002 - 01:04

Ија, како ова на латиница се гледа?

Одговор: Чоколатца полнети со Екст - од zoltriks на 5 јануари, 2002 - 03:44

Види го сорсот на пораката и ќе ти стане јасно.

Одговор: Чоколатца полнети со Екст - од Анонимна кукавица на 8 јануари, 2002 - 01:20

Најдецидно отфрлам било каква моја вмешаност со горенасликаните бомбончиња. Напишаниот збор GOD на белото чоколатце е фотомонтажа, изработена во врвни светски студија, со специјална цел да ја дискредитираат мојата пресвета личност и дело.

Одговор: Чоколатца полнети со Екст - од strelcho на 17 март, 2003 - 04:17

зашо бе вакви не се продаваат у “КРАШ“ или “ЕВРОПА“ ??? [тажен](((((