8 јануари, 2009 - 20:31
[веб кирилица]

„Рачно“ направени Црни дупки?

од Челик на 15 сеп 2001 - 14:01
Тhe New York Times има сторија за одредени физичари кои мислат дека е можно да се направат Црни дупки со помош на т.н. The Large Hadron Collider (хадрон е "опасна" субатомска честица) кој во суштина би требало да биде најголемиот акцелератор на честици, a кој се предвидува да биде готов во 2006 година. Овие Црни дупки би можеле да настанат случајно, при толкави огромни енергии, при што последиците би биле катастрофални (чао за човештвото). Истите пресметки предвидуваат дека околу 100 такви "микро" Црни дупки, наводно безбедни, годишно се прават во земјината атмосвера со колидација на космичките зраци, кои инаку имаат најкратка бранова должина од било кои други.

Замислете ја полезноста(?) од една таква контролирана и рачно направена микро-Црна дупка, би произведувала ел. енергија еднаква на многу нуклеарни електрани. Гледај боже човекот тоа да го искористи како оружје...

Опции за гледање на коментари


„Рачно“ направени Црни дупки? - од Сељачиште на 2 март, 2003 - 14:46

Во сторијава (ама ја ископав, а? [се смее]) се протнале две глупости.

Првата е „хадрон е "опасна" субатомска честица“. Хадрон не е никаква опасна субатомска честичка, туку е име за сите елементарни честички кои имаат релативна маса 1. Протоните и неутроните се типични примери за хадрони, иако има и други. За разлика од нив, електроните, на пример, кои имаат нешто помалку од 2000 пати помала маса од хадроните, спаѓаат во лесни субатомски честички, или т.н. лептони.

Втората е „космичките зраци, кои инаку имаат најкратка бранова должина од било кои други“. ТАКАНАРЕЧЕНИТЕ космички зраци (на кои што вообичаено се реферира како на космичко зрачење) не се никакви бранови кои би имале каква било, а не па најкуса бранова должина, туку се рој од многу ситни материјални честички кои патуваат низ вселената со неверојатно голема брзина. До толку се зрнца а не бранови што дури и се забележани и дупчиња кои тие ги направиле - на визирите на вселенските униформи погледнати низ микроскоп. Баш ми е криво што немам некој URL да пратам.

сликата на viktoria
„Рачно“ направени Црни дупки? - од viktoria на 2 март, 2003 - 15:06

дај објаснение за фотоните , плиз

и ако може за фракталните структури, .... (или ако имате некој урл , клајте го овде)

':-)