Јас право да ви кажам ке си приуштам едно задоволство кое некако со теков на годиниве го заборавив, а верувам и многу од вас го имаат заборавено ...
А тоа е викенд со родителите ...
Идејата за вакво нешто дојде од страна на моите, кој пред два дена ме седнаа и ми рекоаа ...
Абе сине што ке правиш за празнициве, па што знам ке бегам негде надвор на море .
А они, а сакаш ли да идеме заедно негде а ?
И по кратко размислување им реков ДА ...
Да бе зашто да не ...баш би сакал да се потсетам малце на детството кога идевме заедно на одмор ...
И така луге ... ја идам утре за Грција.
Малце да се подружам со моите пошто и онака нема да се гледаме од 15 август.
Ова ке биде убава прилика да си го освежиме сеќавањето на тоа што е ФАМИЛИЈА.
И да размислиме дали доволно пружаме за опстојување на фамилијата како целина
Бидејки кој колку сака нека збори ....
Сепак...
Брат си е брат...
Родител си е родител ...
И пак ке повторам ...
Некако забораваме на тие вредности ...
А тоа се основните вредности на човекот ...
Да ја почитува и да допринесува за развојот на фамилијата ..
Ај па кога ке се вратам ке ви пишам една мала сторија ...
Поздрав и се нај убаво за празнициве
powered by Triipol @ Respect your family
Последни коментари