2 декември, 2008 - 21:27
[веб кирилица]

Америка планира напад

од ivs на 15 сеп 2001 - 13:56
Конгресот на Америка, на својата седница со 408 гласови ЗА и само 1 против, усвои декларација со која на претседателот Џорџ В Буш му дава одврзани раце за акција, врз цели за кои се смета дека се учесници во нападот на Америка (н.з. Авганистан).

Во анкетата што беше спроведена во Америка, 62% од испитаниците се согласија со конгресот на УСА за воена акција. Меѓутоа по вторто прашање, против кого да се поведе воена акција, 60% од испитаниците се изјаснија дека не се баш сигурни против кого УСА треба да поведе воена акција.