Published on Опасна Багра (http://bagra.org)

Што се случи со Napster?

Од SpiderWeb
Креирано 26 дек 2001 - 13:05

Можеби се сеќавате на Napster, програма која направи бум во светот на интернетот и музиката. А сега се прашувате: што се случи со Napster?



Приказната оди вака: пред една година, на некои паметни луѓе им текнало да кренат сервер со IP 64.124.41.16 кој што бил наменет исклучиво за симнување на песни. Песните со mp3, wav, wma или било кој друг музички формат се симнуваа директно од друг корисник којшто е исто така поврзан на серверот, така што не беше потребен web space. За "интеракција" на серверот потребна ти беше програмата (клиентот) - Napster. Со неа можеше во секој момент да видиш колку луѓе има на серверот, со каква музика располага секој од клиентите, дури можеше да се влезе на некоја од chat-собите каде можеше да се направи муабет со некој друг Napster-џија. Дотука се одеше добро. Меѓутоа оваа идеа не им се допадна на некои многу моќни луге од Virgin Records, Sony како и на некои музички групи како Metallica, бидејќи продажбата на CD-a енормно им се намали. Затоа тие поднесоа тужба во која беше наведено дека Napster "ги крши авторските права и се служи со нелегално копирање на албуми". Додуша, ништо од ова не беше вистина, Napster беше само еден вид на посредник меѓу клиентите. Но кај што има сила, нема правдина, а тој што има пари, го контролира светот. Па затоа Napster беше "елиминиран", а серверот беше исклучен. Не помогна ниту петицијата против затворањето на Napster (на која јас лично гласав 50-тина пати) на која само за еден ден имаше 2 милиони гласови против.

Но, идејата беше премногу брилијантна за да биде оставена настрана. Се појавија други такви програми, кои под изговор дека служат за симнување на документи и разни други податоци, веќе не можеа да се контролираат. Една од нив беше и WinMX, која беше еден вид на усовршено продолжение на Napster. Меѓутоа на опцијата Resume (која јас лично многу ја користев) не беше обрнато многу внимание и беше многу комплицирано да се продолжи симнувањето на песна, документ, филм, слика...

Програмата која јас моментално ја користам и која ви ја препорачувам е Morpheus. Една од нејзините предности е дека опцијата Resume е автоматска. Исто така, една песна може да се зема од 5-6 различни корисници (слично на Download Accelerator) со што многу се подобрува брзината на симнувањето. И секако, на арамолепци како нас и тоа како ни е потребна оваа програма. Зошто да даваме 150 денари за едно CD на кое ни се допаѓа само една или две песни, кога за еден час и двете можеме да ги симниме од интернет. Уште само еден добар CD-Writer и ете ти бизнис...


Изворно URL:
http://bagra.org/node/309