Дали некој има повеќе информации од мене за тоа кога ќе бидат прикажани новите македонски филмови што се снимени последниве неколку години , колку што јас знам :
- Бал-кан-кан на Дарко Митревски
Филмот е завршен и мислам дека е прикажан на некој фестивал , ми збореле некои луѓе дека е феноменален а гледале само некои секвенци или трејлерот....
- Како убив светец на Теона Митевска
Исто завршен филм кој веќе се прикажува на фестивали а тука уште не
- Големата вода на Иво Трајков
Колку што знам филмот е готов ама не биле исплатени хонорарите , екипата има толку долгови што е заглавена во тешка финансиска криза и не може да си го заврши проектот
- Како во лош сон на Антонио Митриќески
Завршен уште пред долго време , имаше премиера (ако не се лажам) на Манаки во Битола , а уште го нема во кино салите , колку што слушнав , филмот бил доста лош
- Тајната книга на браќата Плевнеш
Иако најавуван помпезно овој проект си ги изгуби финансиите со сменувањето на власта , знам дека имаа големо лоби кај бившата власт и тогаш работеа со полна пареа и после проектот заглави иако е при крај , јас сум го гледал трејлерот и многу интересно изгледаше , штета
Ако имате информации кога ќе има некоја премиер ве молам известете тука ![[се смее] [се смее]](/misc/smileys/smile.gif)
Последни коментари