Вчера пуштив мала вест на Reality Macedonia за промените на законот за безбедност во сообраќајот - забрана за зборување на мобилен и возење со запалени светла.
Едно што сконтав дека не беше спомнато по медиумите е дали забраната е целосна или може да се зборува со handsfree (како се викаат тие кај нас?
). Дали некој има увид во точниот текст на законот? Исто, дали стапуваат одредбите на законот веднаш (т.е. според она „седум дена од објавување во Службен весник“)?
Ако навистина било какво зборување на мобилен е забрането, тогаш уште еднаш се има повторено глупавата шема на донесување на закони на Македонија во која нема место за умереност, туку само се шалта од екстрем во екстрем. Со законов наеднаш се префрливме од малата група земји во која можеше слободно да се зборува на мобилен, во друга мала група на земји каде што е целосно забрането да се зборува на мобилен. Кај нас нема место за middle of the road решенија...
Втора работа што ми е интересна е апсолутното отсуство на промовирање на законов (од страна на МВР, но и од медиумите) Во UK кога забранија без handsfree да се зборува, тоа на големо се дискутираше во јавноста... За зборување на мобилен и така и така, ама светлата да бидат запалени, што мора апсолутно секој возач да го смени однесувањето, белким некоја реклама требаше да се пушти...
Последни коментари