8 јануари, 2009 - 20:39
[веб кирилица]

MDMA

од гоце на 20 дек 2001 - 19:42
Сакаш ли да бидеш многу среќен/на? Сакаш ли да имаш чуство на огромна љубов спрема сите луѓе? Сакаш ли да имаш чуство дека сите луѓе се добри? Сакаш ли многу едноставни работи да ти предизвикуваат огромно задоволство? Сакаш ли да уживаш повеќе во музиката? Сакаш ли комуникацијата со саканиот/саканата да ти оди многу подобро?
Постои начин! Читај повеќе за да дознаеш како.

Состав
Ectasy e општо име за различни врсти на дроги кои најчесто доаѓаат во форма на таблети. Основната состојка би требало а биде MDMA, но често на пазарот доаѓаат таблети кои содржат Speed, Кофеин, MDA, MDEA, GHB, DXM и слични супстанции. „Вистинскиот“ екстази би требало да е направен од чист MDMA и во овој текст ќе се ограничиме на неговото делување.

Откритието на MDMA
MDMA (3,4-метилендиоксметафетамин) е откриен рано, 1917 година како средство за слабеење. Поради своите психоактивни својства никогаш не е пуштен во продажба, но се појавил во 60-ите и 70-ите како рекреативна дрога. Службено е забранет дури во 1985. Во последно време се појавуваат назнаки дека во Велика Британија може да биде префрлен во „лесни дроги“ затоа што секој ден само во Англија пола милион луѓе користат екстази.

Производство
Екстази се произведува воглавно во мали илегални лабаратории. Синтезата на MDMA не е едноставна и потребна е доста комплицирана хемиска апаратура која меѓудругото вклучува и вакумска пумпа. Најчесто се произведува MDP-2-P прекусора која се добива од некои природни масла.
Поради малите серии скоро секоја недела на пазарот доаѓаат нови врсти, па и таблети со ист изглед, а различна содржина.

Хемиска структура

Хемискиот принцип на делување
MDMA делува на зголемувањето на концентрацијата на неуротрансмитерите во мозокот (молекулите кои пренесуваат сигнали помеѓу неуроните), во главно серотонин и допамин. Серотонинот е трансмитер поврзан со чуството на среќа, кога сме среќно испуштањето на серотонин е поголемо. MDMA го отпушта скоро целиот серотонин во мозокот и затоа земање на доза пред да престане првата по правило е без ефекти. Времето потребно залихите на серотонин да се вратат на половина е 2 до 3 дена, а да се вратат на нормала потребни се околу две недели. За постигнување на полн ефект на MDMA не треба да се зема во помали растојанија од две недели. Секако, ако змената доза не го ослободила целиот серотонин можно е да се продолжи ефектот со земање на уште MDMA.
Допаминот делува на состојбата на општите пригодни или убави чуства и на него делуваат сите видови на „физички“ дроги како што се хероин, кокаин, никотин...

Дозирање
MDMA најчесто се зема орално, икако може да се шмрка (таблетите се дробат во прав), пуши па дури и да се земе интравенозно. Потребната орална доза е 100-150 мг. Уличниот екстази многу варира од таблети кои воопшто не содржат MDMA, па се до дози од околу 165 мг.

Делување
Првите ефекти почнуваат околу 45 минути после оралното земање. Шмркањето и другите начини на земање предизвикуваат побрз почеток на дејството.
Физичките ефекти се слични како и кај сите амфитамини: ширење на зениците, потење, забрзана работа на срцето, стискање на вилицата, нервоза, еуфорија. Менталните ефекти се чуство на љубов спрема луѓето, чуство дека се е во ред и опседнато потиснување на „црни мисли“. Емоционалното отварање и разговорот се многу полесни, поготово со непознати луѓе, чуството дека сите луѓе се добри, желба за помагање на другите. Многу чест ефект е гушкањето на луѓето кои се под дејство на MDMA. Сетилата се засилени, многу е убаво да се поминува со рацете врз разни текстури, музиката делува интересно, доаѓа потреба за играње за да се ослободи собраната енергија. Чешкањето по главата и грбот предизвигува големо задоволство. Поради анфетаминските ефекти намалено е чуството на болка па затоа е и полесно да се пушат цигари (често се претерува). Исчезнува потребата за храна, што може да трае и цел ден после земањето. Поради претераното потење потребно е да се пие многу вода, најмногу заштоа што доаѓа до губење на чуството на жед и затоа што постои опасност од дехидрација.
Траењето на полниот ефект е 3-4 часа, а потоа полека опаѓа, што трае околу 8 часа. Најпрвин исчезнуваат ефектите на емпатија, додека анфетаминските ефекти (чуството на енергија) траат доста подолго. Ден после често е чуството на умор, па дури и депресија предизвикана од недостаток на серотонин.

Места за конзумирање
Екстази е позната како "party drug" и најчесто се конзумира на техно журки, кои често директно се поврзуваат со екстази. На журките се нудат скоро сите услови кои одговараат со оваа дрога: музика, визуелни ефекти (light show), можност за играње, запознавање на голем број на луѓе, како и сретнување на многу луѓе кои се корисници на оваа дрога.
Но тоа не значи дека екстази не може да се земе и во други прилики. Најчесто тоа се мали и кохерентни друштва или друштво на само една (сакана) личност. Некои психотерапевти се обиделе екстази да ја употребат за подобрување на бракови поради ефектот на љубов кој го дава. Комуникацијате е полесна и интересна, разговорот едноставно „тече“ без оглед на тоа дали се еноставни или поозбилни теми.

Токсичност
Поради тоа што MDMA го намалува чуството на болка можни се претерани исцрпувања. Заради забрзаниот пулс не би требало да го зимаат луѓе со срчеви проблеми. Докажано штетно делува на црниот дроб. Кај жените понекогаш предизвикува пореметување на менструалниот циклус. Неуротоксичноста не е испитана врз луѓе, но на глувци е докажано дека по земање на доза која е еквивалентна на 50 таблети кај луѓето доаѓа до оштетување на невронските завршетоци. Скоро единствената супстанција која ја намалува токсичноста е антидепресантот fluoxetinum (Prozac), земен после земањето на MDMA. Затоа што MDMA делува скоро оксидативно, пожелно е земање на антиоксиданс како што е витамин C пред земањето (познато како pre-loading). Контраиндициран е со MAOI, состојците на многу антидепресиви и спојувањето со DXM, халуциногена состојка на некој сирупи против кашлање кои за жал можат да се најдат во екстазито. Таквите таблети се многу опасни. Пушењето на тутун под влијание на MDMA ја зголемува токсичноста, што е доста незгоден ефект поради зголемената потреба за пушење.

Зависност
Физичката зависност од MDMA не постои, што значо дека нема чуство на неопходна потреба на организмот за уште една доза, како ни апстиненциска криза после престанувањето на делувањето. Но, и покрај тоа толернацијата на MDMA субјективно расте затоа што тешко дека може да се повтори шокот кој настанува после првите неколу пати, кога мозокот сеуште не е навикнат на таква состојба на свест. Затоа многу корисници многу брзо преоѓаат на поголеми дози, сакајќи на тој начин да го повторат и да го надминат предходното искуство. Толеранцијата е особено изразена кај честата употреба (во временски растојанија помали од една недела). После 2-3 месеци апстиненција ефектот добиен со повторно земање би требало да е одприлика ист без зголемување на дозата.
Психичката зависност е можна, затоа што чуството да си „хај“ на MDMA е многу пријатно искуство. Чести се размисувањеата „бар никогаш да не ме пушти’ за време на т.н. "spice" (најакиот ефект кој трае 3-4 часа), што може да доведе до писхичка потреба секогаш да се биде во таа состојба. Но сепак, ретки се луѓето кој зимаат екстази скоро секојдневно. Во некој старачки дом неколу стари луѓе изјавиле дека им е желба да пробаат екстази. И покрај забраните експериментално ги однеле на некоја ливада и им дале MDMA. Коментарите биле дека тоа им бил најубавиот ден во животот. Тоа зборува дека употребата на екстази руши некои приоритети во животот исто како и некои потешки дроги, затоа што многу емоционални искуства кои пред тоа биле познати како најубаво чуство остануваат засенето со „вештачката среќа“ која ја дава MDMA.
Преминот на потешки дроги е исто така можен, но конзументите на екстази го сметаат за лесна дрога и категоријата на тешки дроги (хероин) по правило не ги интересира, дел поради упатеноста во штетноста на истите, дел поради различниот ефект кои тие дроги го предизвикуваат.

Комбинирање со останатите дроги
Најчестите дроги кои се комбинираат со MDMA се алкохол, марихуана, speed и LSD.
Комбинирањето на алкохол со MDMA не е препорачливо поради зголемената можност за дехидрација, но и покрај тоа често се употребува. Алкохолот го зголемува чуството на осаменост. MDMA го намалува субјективното чуство на делувањето на марихуаната, па затоа е потребно да се испуши повеќе за да се постигне истиот ефект. Но, после „спуштањето“ од екстази пушењето на марихуана може да го врати чуството од MDMA. Комбинацијата на speed и екстази е многу честа и предизвикува поголема потреба за играње и движење, но токсичноста е поголема од колку на токсичноста на двете дроги земени посебно. LSD со MDMA ("candy flippinf") е популарна комбинација која ги спојува халуциногените ефекти на LSD со општото чуство на добрина кое го овозможува MDMA. Кокаинот има слично дејство како speed, додека кмбинацијата на хероин и MDMA не е препорачлива (како што не е препорачливо и самото земање на хероин).

Останатите најчести состојки на екстази
Освен MDMA во дрогата која се продава како екстази често се наоѓаат MDA или MDEA, по структура слични мешавини. MDA има слично дејство како MDMA, но повеќе халуциногено, и трае подолго (8-12 часови). MDЕА има исто така слични ефекти, само со помало емаптијско дејство и трае нешто помалку (4-6 часа). Чуството на љубов, карактеристично за MDMA кај MDEA и MDA не е толку изразено. Кофеинот е често состојка на „лажните“ екстази. Предизвикува само амфетаминско дејство (вишок на енергија). Истото е и со speed кој доста често се наоѓа во екстазито. DXM е исклучително опасна халуциногена состојка, ако таблетата содржи и MDMA, затоа што предизвикува салобост и повраќање. GHB е спој кој има повеќе успорувачко одколку амфетаминско дејство, но предизвикува донекаде слично чуство на сензорна дисторзија која ја дава MDMA.

Како да препознаете „прав“ екстази
На пазарот постојат разни тестови кои реагираат на MDMA, но за жал во Македонија не можат да се купат, освен да се нарачаат преку Интернет (EZ test). Субјективната проценка е можна само преку горчливиот вкус на MDMA и ако таблетата нема изразите горчлив вкус вероватно не ни содржи MDMA.

Како да се користи екстази што е можно помалку штетно
Првата препорака би била да се знае што содржи таблетата, што е најчесто невозможно поради илегалното производство. Добро би било да се распрашате дали видот е подолго време присутен на пазарот. Но и тоа не мора ништо да значи затоа што често се појавуваат серии со изтиот втиснат знак кои може да имаат потполно различен состав.
После земањето многу е важно да се има на памет дека мозокот под дејство на екстази не прима некои предупредувања на нервниот систем како што се умор и жед. Исклучително е важно да се пие многу вода. Повеќе од една таблета која содржи добра доза на MDMA не е препорачливо да се зема затоа што тоа предизвикува зголемување на токсичноста, додека до појачување на ефектот скоро никогаш не доаѓа. Ова особено се однесува на дози од преку 2-3 таблети земени одеднаш. Исто така, после добра доза земање на уште една таблета после пуштањето на предходната предизвикува само продолжување на анфитаминскиот ефект.
Екстази треба да се зима во растојание од најмалку една недела, за да му се дозволи на мозокот да ги обнови залихите на серотонин.
Корисно е да се поминува pre-loading (види „токсичност“).
И најважно, не претерувајте: ПОМАЛКУ Е ПОВЕЌЕ!

Опции за гледање на коментари


Одговор: MDMA - од ALEK-- на 20 декември, 2001 - 02:18

Abe ke te uapsat eeeeejjjjj. Megutoa sepak ova e edukativen sajt, a vesta e sepak edukativna. Togas, ne se sekiraj nema da te apsat. [се смее]))))

Одговор: MDMA - од Глиша на 20 декември, 2001 - 18:50

Абе не го слушајте што пишува...дрогата е лоша...ви го сјебува телото и мозокот.

сликата на гоце
Одговор: MDMA - од гоце на 20 декември, 2001 - 18:55

Ова ме потсеќа на една епизода од South Park [намигнува]

Одговор: MDMA - од Челик на 23 декември, 2001 - 02:39

Tишина! Јас кога ќе речам дека е ОК значи е ОК. Нема место за тревога.

Одговор: MDMA - од Dimi3jA на 25 декември, 2001 - 04:06

bravo momce ,ova se korisni informacii .samo taka prodolzi ako mozes i za drugi vidovi drogi .