8 јануари, 2009 - 15:00
[веб кирилица]

Тоа MIDI на нерви МИ ИДИ!

од Челик на 19 дек 2001 - 02:24
Претпоставувам дека на Вашиот компјутер можете да уживате во звуците на компјутерските игри, како и во MP3 песните и WAW звуците преку Вашиот омилен свирач (Windows Media Player, WinAmp, Sonique...); но, за потполно уживање потребно е да можете да слушате и MIDI музика (датотеки со наставка .MID) ! Затоа нашиот ценет гостин и редовен дописник - Муцко (нормално во соработка со мене :-)) ја изложи на виделина следнава корисна статија...

    МАЛЦЕ ТЕОРИЈА: MIDI (крaтенка од Musical Instrument Digital Interface) е информатички стандард кој овозможува поврзување на звучните картички со синтисајзери и други дигитални музички инструменти. На самите MIDI звучни картички (кои се... доста поскапи од обичните) има влезни и излезни канали, наречени MIDI порти, преку кои со MIDI кабел може да се поврзете со инструментот.
    Податоците низ MIDI уредите патуваат како спакувана информација во која се содржи опис на инструментот, висина и јачина на тонот. Тие податоци можат да се снимат како звучна датотека со наставка .MID, која подоцна може MIDI картичката да ја свири без хардверскиот синтисајзер, како и да се обработува со музичките програми.
 
    ПРИМЕНА: Главната предност на .MID датотеките е што се мноогу помали од стариот WAW и популарниот MP3 формат, но затоа пак во нив не може да се претстави човечки глас или специјални звучни ефекти. Едноставноста на конвертирањето на MIDI записот во нотен запис и обратно го прави овој формат идеален за музичките програми за компонирање (како што се Cakewalk Music Creator, PARIS, Mozart...; со исклучок на некои за електронска музика). Заради краткиот запис се користи и на други места, на пример во енциклопедијата Microsoft Encarta за регистрирање на химните на државите, како и во некои игри.
 
    ПРОБЛЕМИ: Главниот проблем настанува со тоа што повеќето звучни картички, иако можат да даваат прекрасен звук во други формати, сепак не можат да ги репродуцираат MIDI звуците. Некои понови картички имаат вграден wave-table MIDI чип кој ја игра улогата на хардверски синтисајзер и може да ја репродуцира MIDI музиката. Но, ако при одбирањето на компјутер не обрнете внимание на оваа „ситница“ и ако дозволите да Ви стават „on-board audio“, ваквата опција најчесто изостанува. И... за да не се сакалдисувате, да не губите пари и нерви, Муцко Ви го нуди следново...
 
    РЕШЕНИЕ: WinGroove!  Се разбира, ако немате хадверски, ќе земете софтверски синтисајзер (кој не им одзема многу процесорско време на современиве компјутери) и – работата е решена! Само, од каде да најдеме бесплатен софтверски синтисајзер? Може да се претурите од барање низ разните пребарувачи (Google итн.), но тешко дека ќе најдете некое решение.
    Не грижете се, Опасна Багра ви го нуди решението. Тоа е едномегабајтно share-ware програмче WinGroove кое датира од (сега веќе) далечната 1996 година, но затоа работи на сите Windows-и, од 3.1/95/98/ME (за NT, 2000 и XP нека проба некој друг) и на сите машини, од 486 до најновите P-III и P-IV. Mожете да го симнете од овде.
    Инсталацијата е проста: со WinZIP го отворате и го Extract-ирате во посебен фолдер, а потоа со двоен клик на WGSETUP програмчето ќе се инсталира на вообичаениот начин. Ќе направи тест на перформансите на Вашиот компјутер и постојната звучна картичка, а подоцна ќе слушнете синтетизирана MIDI музика. На прашањето дали сакате WinGroove драјверот да биде користен од други апликации задолжително одговорете потврдно. Ако Ви се брза, можете веднаш да го ресетирате компјутерот.
    Потоа, во другите апликации кои поддржуваат MIDI во полето за MIDI Out наместо MIDI Mapper треба да го изберете WinGroove. Исто така, треба да ги подесите подразбираните вредности на самиот Windows. Отворете го Start/Settings/Control Panel, отворете ја иконата за Multimedia, а во нејзе табулаторот MIDI. Изберете Custom Configuration (дефинирајте нова под друго име, на пример WinGroove konfiguracija) и преку Configure... за секој канал од 1 до 16 изберете го WinGroove. И... то!
 
    ЗА ОРЕВОКРШАЧИТЕ: Програмата WinGroove не е бесплатна, туку е share-ware. Ако ја користите повеќе од десетина дена, звукот ќе се прекинува по неколку секунди и ќе се појавува предупредување дека треба да ја регистрирате. Иако богзнае што се случило со авторот од 1996 досега, не е на одмет да му испратите на сиромашкиот Јапонец 20$ за оваа „услуга“ што Ви ја направил (... иако секој попаметен би вложил уште малце пари за да има вистинска MIDI картичка). Податоци за како да го направите тоа има во READ.ME датотеката.
    Но, ако сте љубители на грицкалки и сакате да ги кршите (= cr@ck) тврдите ореви (затоа го преведуваме изразот со оревокршачи), време е за мала акција: да посегнеме по регистрацијата! Во WG Player изберете Help/About WinGroove, па Register. На прашањето на кој начин „сте платиле“ изберете ја четвртата опција. Потоа, во полињата за шифри внесете го следново:
    – за шифра на производот: ZAAAAAAA (Z+7A)
    – за шифра за корисникот: BJG70109
    – во третото поле пополнете го Вашето име (или што било).
    Штом ќе чуете звук – Ви честитаме, станавте оревокршач (cr@cker)!!!
    ВАЖНО: На скршената верзија никако не правете upgrade со понова верзија! Авторот знае за ова оревокршење, па наместо понова верзија ќе Ви испрати програмче кое работи слично на FORMAT C: !!!
 
    НУСПОЈАВИ НА WinGroove И ДЕИНСТАЛАЦИЈА: Се разбира, не би требало од WinGroove да очекувате премногу, а и самата верзија 0.9 (=недовршена) сама укажува на тоа. Битно е дека свири MIDI, а тоа што звукот е помалку детски (по квалитет личи на оние старите флипери со жетони) и не е страшно за аматери во областа на музиката. Ќе забележите и мало доцнење во репродукцијата на звуците (20-30 стотинки), дури и на оние што не се MIDI, што исто така може да Ви смета. Ако некој забележи и други нуспојави, нека ги напише како коментар подолу.
    Затоа, ако некој најде некој посовремен софтверски wave-table синтисајзер, итно нека објави ВЕСТ на Bagra!
    Значи, ако од овие или од други причини сакате да го избришете WinGroove (или, пак, не мора да го бришете, но можете да го направите драјверот неактивен), постапката е малце комплицирана оти нема вграден UNINSTALL и се треба да направите рачно. Опис на постапката имате во Help/Contents/Uninstallation. Постапката се сведува на повторно стартување на WGSETUP-от, но овојпат на прашањето за користење на WinGroove драјверот од други апликации одговорете негативно. После ова можете слободно да го избришете фолдерот каде што го отпакувавте WinGroove, како и програмската група во Programs. Пожелно е да ја избришете и C:WindowsWinGroove.INI.
 
    ГАРАНЦИЈА: Муцко™ гарантира (од лично едномесечно искуство) дека ако постапите според горенаведените упатства, сигурно нема да се зезнете. Но, Муцко™ и Челик™ не одговараат ако заради употребата на овој оревокршен производ настанат некакви штети на Вашиот компјутер. Одговорноста оди по принципот „сама си го барала...“

Опции за гледање на коментари


Одговор: Тоа MIDI на нерви МИ ИДИ! - од JasSum на 19 декември, 2001 - 21:02

Оревокршење ?

Абе па супер термин [се смее]

Одговор: Тоа MIDI на нерви МИ ИДИ! - од Челик на 23 декември, 2001 - 02:28

А што кај нас не е супер ? [плази јазик]

Одговор: Тоа MIDI на нерви МИ ИДИ! - од Mucko на 25 декември, 2001 - 15:23

Еве ви On-Line тест!

Ако не слушате звук кога ќе се отвори сајтот, понудениов софтвер би можел да Ви помогне!

Одговор: Тоа MIDI на нерви МИ ИДИ! - од AsPiRhInoo на 21 јануари, 2002 - 19:58

Mislam... ok text... ali ipak WAV ... ne WAW [се смее] (Mala cepatna greska)