2 декември, 2008 - 21:30
[веб кирилица]

Вредноста на еден ред зборови

од Robomarket на 2 јун 2004 - 02:00

После многу долго време мисе појави чувство да се присетам на одличните, ремек-дело, зборови на најдобриот македонски хип хоп бенд-САФ.

Еве зошто посветувам ум и време за да склопам еден трибут за САФ...

САФ не се неколку копиљаци кои решиле да се соберат во некој подрум да удираат на картони и да рецитираат истовремено снимајки се на касетофон.
Римите на САФ не се досадни и монотони. За разлика од многу македонски рапери на кои можам да предвидам со кој збор ќе заврши уште незавршената реченица, Смилен и Митко имаат вокабулар како Блаже Конески. Не, не седнале на маса со Вујаклија во рака и не почнале да чкрабаат разно разни зборови од 100 долари (очигледно, компарација и мој сленг за добри, интелект термини). Смилен и Пики Сипи добро знаеле што сакаат да кажав во своите стихови. Не шараат без мета, туку во секоја трака се концентрираат на цел која ја комплетираат повеќе од професионално и успешно.
Никој не може подобро да покрие една цела палета сериозни теми почнувајки од политика, до секојдневен живот па до неколку стиха околу тоа што им фали на младите во Македонија.

“Единство нема, идентитетот ни е ПАДНИ СТАНИ“

-дали се случило во нашата историја една личност, институција, артист, спортски тим...да продолжи да реди успеси и да не запре?! Вардар, Кометал, МЗТ(таа година кога догураа ептен далеку во Европа) Македонија...Успеј па посери се!

“за Македонија во кафана со кренати чаши...“
партиоти не се луѓе кои се маваат во гради! патриоти се луѓе...дефинирај сам(разумно и искрено). Денеска мислам дека не постојат ни такви ни “онакви“ патриоти.

САФ многу јасно ги боли фактот дека народот во Македонија е деморализиран и незаинтересиран да просперира во целост. Индивидуалците се гушат во остатокот...медиокритет. САФ сугерираат на сите грешки во нашето општество. Влада, пошироко општество, дијаспора...

САФРА е химна. За САФРА не би сакал да кажам ниту еден збор бидејки се плашам дека тој збор нема да биде доволно добар за да го опише значењето на оваа трака.

САФРА сеуште ми ја ежи кожата и голтам кнедли секоја секунда од тие 4 и кусур минути.

Слушнете, потсетете се. Нема друго што да се каже...т.е има многу, ама не вреди бидејки 90% од младината пре би слушнала нешто трето отколку “некои си рапери што се дерат.“

Според мене, политичарите во Македонија треба да бидат присилени да слушнат неколку од траките на САФ, и сето тоа со надеж дека eventualno ќе станат подобри луѓе.

Каде се САФ сега навистина не знам. Не знам ни дали ќе издадат ново ЦД а ни дали работат на било што.
Смилен е “ѕверот“ кој стамено те гледа во очи и рецитира. Таков човек не се раѓа двапати. Смилен за претседател!!!

текстов е скромен, ама наши сме, се сакаме.

мир.

[Сменето на 2/6/2004 од Robomarket]

Опции за гледање на коментари


сликата на anastas87
Вредноста на еден ред зборови - од anastas87 на 2 јуни, 2004 - 07:51

Цитат:

САФРА е химна. За САФРА не би сакал да кажам ниту еден збор бидејки се плашам дека тој збор нема да биде доволно добар за да го опише значењето на оваа трака.

САФРА сеуште ми ја ежи кожата и голтам кнедли секоја секунда од тие 4 и кусур минути.

На Сафра ми доаѓа суз на око. Баш сеа си ја пуштив.. секој ден ја слушам и а слушам веќе неколку години. И се чудам како песна од 1997 сеуште ја опишува состојбата во Македонија.

Цитат:

Слушнете, потсетете се. Нема друго што да се каже...т.е има многу, ама не вреди бидејки 90% од младината пре би слушнала нешто трето отколку “некои си рапери што се дерат.“

Грешка. 90% од младината би го слушала Еминем или сл. А тоа „рапери што се дерат“ е филозофија на татко ми (људождери, у казан ќе те стават...) пошто он хипик вамте тамте, али коа му ја пуштив Сафра и он се потресе.

Риспект за САФ и риспект за Робо.

Вредноста на еден ред зборови - од frontman на 2 јуни, 2004 - 14:48

Decki, kade be da najdam CD da go cujam toa, jas sum od provincija. Anastase HELP?

сликата на anastas87
Вредноста на еден ред зборови - од anastas87 на 2 јуни, 2004 - 15:47

Цитат:

Decki, kade be da najdam CD da go cujam toa, jas sum od provincija. Anastase HELP?

Баче, многу си испуштил [се смее] Али никад не е касно!

Да ти го изрежам ако сакаш.. и то. Оригиналот го имаше у продаја некое време, сеа го нема нигде.

Вредноста на еден ред зборови - од Robomarket на 2 јуни, 2004 - 18:50

Цитат:

И се чудам како песна од 1997 сеуште ја опишува состојбата во Македонија.

!!!!!!!!! толку.

сликата на anastas87
Вредноста на еден ред зборови - од anastas87 на 2 јуни, 2004 - 19:01

Цитат:
Цитат:

И се чудам како песна од 1997 сеуште ја опишува состојбата во Македонија.

!!!!!!!!! толку.

Шо бе?! Од 97 е песната.

Вредноста на еден ред зборови - од Robomarket на 2 јуни, 2004 - 19:50

Цитат:

Шо бе?! Од 97 е песната.

НиШо бе. Сакав да кажам-NO COMMENT, зошто...

Цитат:

И се чудам како песна од 1997 сеуште ја опишува состојбата во Македонија.

...многу добро кажа. Добра забелешка-Ништо се нема сменето!

Фронтман, ставив две траки и можеш слободно да ги симнеш.
За неколку дена ќе ставам уште неколку.

http://www.geocities.com/robomarket/SAF-Safra.mp3

http://www.geocities.com/robomarket/SAF-MisSton.mp3

copy&paste во експлорер.

[Сменето на 2/6/2004 од Robomarket]