2 декември, 2008 - 21:05
[веб кирилица]

Легализација на софтвер.

од zveroid на 31 мај 2004 - 18:10

Кампањата на Мајкрософт за лиценцирање на софтвер во Македонија завршува денес. Од една страна - океј, фина идеја - ем луѓето користат софтвер легално, ем 30% поефтино го добиваат.

Ама една работа е педерска до даска.

Според ова - http://www.kanal5.com.mk/rubrika.asp?id=2709&rubrika=??????????&idR=1 - фирмите што го лиценцираат софтверот уствари го изнајмуваат 3 години. По тоа, или го купуваат софтверот, или прават нов договор, или треба да користат нов софтвер.

Е тука е моментот - кој вика дека после 3 години дечките што се застапници на Мајкрософт нема да го искористат договорот за други цели? Работата е - или да се смени софтверот, или пак да се плати. Е сеа, не ми се верува дека некој ќе сака да го смени софтверот после неколку години работење. А и тешко дека некој ќе сака пак да плати.

И фино лепо дечките од мајкрософт идат и тужат све живо и диво што не го обновило договорот. Ураа!