Слободен Софтвер Македонија е на ум да организира Install Fest. Тоа би
бил еден собир на кој луѓето кои сакаат да инсталираат GNU/Linux, а не
го прават тоа од страв, незнаење, whatever, можат да дојдат со своите
машини и да го инсталираат ОС со помош на други луѓе кои имаат искуство
со GNU/Linux.
Па пред да се направи последниот напор за обезбедување на потребната
инфраструктура за еден ваков настан, пишувам овде за да видиме дали
воопшто би имало интерес за ваквко нешто. Па кажете што мислите, дали
би дошле, кажете им на другарчињата, и дајте некаков фидбек.
Така.
Последни коментари