Слушам дека оваа недела има гостување на добитникот на Греми Ибрахим Ферер во Скопје преку Буена Виста Сошал Клаб.Концертот ќе се одржи у универзна сала.
Џез во Македонија...чек да се изнасмеам прво, па после да кажам што мислам.
Кај нас не се цени она што е квалитет, да се разбереме..ама затоа народњак (по можност што по-шунд да е) е намбр уан. Кога последен пат (сем МОВ) сме имале саглам класичен концерт? Оние од Филхармонија веќе на памет си ги знаат делата, бидејќи стандард свират репризи, ништо ново не отсвирале, гостите им се менуваат секоја недела, но, програмата не! Епа ги знам веќе изведбите, тапа се.
Џез, каков црн џез во Македонија? Скопски Џез Фестивал да речеме, еднаш годишно ни приредува нели изненадувања. Ама и на тој фестивал, се кладам дека барем 50% од луѓето одат да бидат „видени на џез“. Јака муда бе!? Пред X години на една вечер (не се сеќавам стварно кој беше), знам дека беше отровно напорен типот (туба свиреше и само некакви си варијации ама гадни). И после концертот слушав коментари: „леле колку беше добар“...абе ај, драпај_си_меот добар. Може е типот добар музичар, ама она фри џезот што ни го отсвира беше жив напор. Но, затоа нашите „кул фаци“ од градот, толку уживаа во мазохистичката претстава!
Најдобар македонски џез музичар!? Не е во Македонија, како и да е
Иљо, а си го слушнал ти некогаш „тој“ Четкар? Или на памет ова !?
Кога ќе се земе предвид дека Џорџ Бенсон е еден од најдобрите (џез) гитаристи на светов, и кога ќе се земе предвид дека продуценти како Masters At Work изјавуваат дека е единствен и најдобар музичар со кого работеле, и кога ќе се земе предвид дека „тој“ свири на гитарата на овој музичар, немој да кажеш „не алудирај на тој Четкар“. Зошто „тој“ има постигнато многу повеќе и е подобар музичар од дузина други.
Последни коментари