Ова нека биде некој guideline за сите оние кои ќе одлучат да пратат сторија на багра. Го пишав веќе еднаш, ама изгледа го пропуштиле луѓево. Па вака:
Кога праќате сторија прво прочитајте го упатсвото, таму вика кирилица, форматирање, литературен јазик (иако баш и не сме некои лектори овде, но сепак не треба да се претерува). После помислете дали тоа што сакате да го напишете би било интересно за другите. После помислите дали ве бива да го напишете тоа што ви се чини интересно.
Кога веќе ќе одлучите да праќате, пратете еднаш не 3-4 пати (и со различни наслови). И потоа бидете стрпливи. Сторијата сигурно ќе се појави ако искрено сте си одговориле на горните прашања.
И ако не сте ја испратиле веста по овие правила тоа значи или дека сте мрзливи или не ви е галје многу многу за тоа што го пишувате. Во такви случаи не им досаѓајте на одговорните со пораки од типот: кога ќе биде мојата сторија објавена?
Оправдувањата од типот немам кирилица можат да пројдат само еднаш. Кирилица се мести со два клика. Други оправдувања нема. Ако сте пратиле нешто само колку да пратите, тогаш заеби, нема да се појави. Ако ви е важно тоа што сте го пратиле, тогаш ќе се погрижите да биде средено.
Толку.
[Сменето на 10/4/2004 од Новица]
Последни коментари