За сите тие кои што не беа во можност да го видат шоуто.Еве во кратки црти што се се случуваше
Водители на емисијата Љубица(на која не и го запамтив презимето) и Антонио Димитриевски...
1.Излегуваат на сцената Гаро Табетјан Јуниор и Јасмина Додевска и најавуваат номинации за отркитие на годината 2003...Победник е Бојана.
2.Адријан Гаџа и Сузана Турунџиева ги најавуваат номинациите за најдобар концерт на годината...победник на ова е Каролина Гочева со нејзините два концерта во Универзална Сала.После најавување на победникот имаше настап на Калиопи.
3.На сцена излегуваат Татјана Груевска и Петар Ѓошев кои ги најавија номинациите за победникот од гласање на публиката...Победник е пак Каролина Гочева.
4.Иван С. Мирчевски ја најавува наградата за вредноста и придонес кон музикаат која им припадна на Трифун Костовски и Александар Митевски.Трифун исто така најави за големата победа на Кометал.Додека Александар најави дека Угро станал татко.После ова имаше настап на Александар Митевски.
5.Ребека и Зоран Петров (сопственик на Антена 5) ги најавија номинациите за најдобар продуцент која награда ја доби Дарко Димитров но за жал тој не беше присутен.
6.Катина Шахтинска и Владимир Варишиќ ги најавија номинациите за аранжман на годината во која категорија победи Роберт Билбилов.
После ова имаше настап на Адријан Гаџа кој што испеа (би кажал неуспешно песна на македонски јазик).
7.Андријана Ацевска и Александар Биљаноски-Дадар ги најавија номинациите за најдобар тексто писец во која што категорија победи Владо Јаневски...кој што исто така не беше присутен во доделувањето на наградите.Наградата ке му ја врачи Дадар кој што глумеше во спотот на песната Ако не те сакам...
8.Најава за избор на најпопуларен пејач надвор од Македонија во која што номинација победи Бојан Маровиќ,кој што имаше и настап.
9.Симона Петреска и Борис Трајанов најавија номинации за најдобар композитор.По првото гласање беше тесно и победија двајца...Кристијан габровски и Григор Копров...после прегласувањето наградата отиде во рацете на Кристијан Габровски.
10.Светлана Црнокрак и Ѓорѓи Христов ги најавија номинациите за најдобар музички спот во кој што победи Чедо Поповски со песната на Каролина-Знаеш колку вредам.
Следуваше настап на Тоше Проески со песната Ангел си ти (песната претставничка на Евровизија)
11.Награда за животно дело која што ја најавија Виолета Томовска и Благоја Чоревски а која што отиде во рацете на Димитар Масевски.
Следува настап на Тамара Тодевска со песната Сино напишана токму од Д.Масевски.
12.Ирена Поповиќ им врачи награда на Мобимак за посебен придонес во музиката која награда ја прими Светлана Петревска.
13.Весна Петрушевска Бејби и Дејан Недев ги најавија номинациите за најдобра пејачка во која што победи Каролина Гочева.
14.Сања Николиќ и Игор Џамбазов ги најавија номинациите за најдобар машки вокал во која што победи Тоше Проески,кој што оваа награда им ја посвети на семејството на претседателот.
Прикажување на видео записот на Калиопи и Зафирчев со наслов Пурпурни Дождови.
15.Марија Васиќ и Мартин Трпчевски ги најавија номинациите за најдобар бедн во која конкуренција победи Морал...додека Влатко даваше изјава во женски стил...лудо дете.
Настап на Марјан Стојановски со песната Ова не е авантура.
И на крај се прогласува кралицата на вечерта ...Каролина Гочева.
И ете ова е еден вид на коментирање на вечерашниве 12 Величествени.
Последни коментари