ОК дечки, си баравте и ќе добиете. Багра БЕШЕ сајт каде што се толерираше се и сешто. Но веќе нема да биде така, нема да има потреба некој администратор да се убаци и да расправа. Коментарите ќе бидат модерирани и сите ќе бидеме среќни. На најтвродкорните баграши ќе им биде фино објаснето како да ги читаат сите коментари.
Од вас ми треба предлог како да биде сето тоа регулирано и кои да бидат критериумите.
Еве како е решено тоа на slashdot:
http://slashdot.org/faq/com-mod.shtml#cm600
Портал системов кој го користи багра ги има овие опции, со тоа што администраторите и модераторите (кои накнадно може да се додаваат) ќе решаваат како да се модерира.
Придобивките од модерирањето ќе бидат:
- Глупостите кои ќе бидат оценети со -1 (за ова треба 2 негативни оценки пошто иницијалната оценка е 1) нема да можат да ги видат нерегистраните членови, како и тие што не си наместиле во својот профил да гледаат коментари оценети со -1.
- Добрите коментари ќе дојдат до израз ако си одберете во профилот да гледате се што е означено со +2.
- Почетниот коментар од нишката оценет со -1 повлекува и сите негови одговори да бидат невидливи.
Итн.
Очекувам ваши кометари, предлози, па после фино лепо сето ова да биде напишано како соопштение на главната страна, заедно со линкови до ЧПП.
Коментари нема да се бришат, освен во случај кога го нагрдуваат изгледот на сајтот (на пример предолго стисната некоја буква која ја уништува табелата).
[Сменето на 11/3/2004 од гоце]
Последни коментари