За тие што не студираат Правен Факултет, незнаат што пропуштаат. :-)
Хамурабиев Законик. Главната поента на целиот Законик е око за око, сирење
за пари, а има и некои други интересни моменти.. :-) Еве неколку членови.
Чл. 1
Ако некој човек обвини друг човек и ако на него фрли проклетство, а се докаже
дека не е виновен, тој што обвинил да се убие.
Чл. 3
Ако неков во процес сведочи на товар на обвинетиот и она што го кажал не го
докаже, а се работи за процес во врска со животот, СВЕДОКОТ да се убие.
Тука ми текнува еден виц:
- Колку мафијаши се потребни да се смени сијалица?
- Тројца. Еден да ја смени, еден да сведочи и еден да го убие сведокот.
Чл. 6
Ако некој украде божји или дворски ствари, од храмот или дворот, да се убие
а и оној кој од него ќе го прими украденото да се убие.
Сеуште би купувале бугарски коли?
Чл. 127
Ако некој направи да се покаже со прст на посветена жена или жена на друг и
тоа не го докаже, тој човек да се изведе пред судија и да се ЖИГОСА НЕГОВОТО
ЧЕЛО:
А би оговарале ли сега некоја девојка дека е многу лесна, а?
Чл. 129
Ако жената на некој човек биде фатена во постела со друго машко суштество, да
се врзе и да се фрли во вода.
Чл. 153
Ако жената на некој човек го убие својот сопруг поради друг маж, да се набие
на кол.
Читате девојки? Да не ви шета опашката многу, многу...
Чл. 157
Ако некој, после својот татко, спие со својата мајка, двајцата да се спалат.
Така им треба. Тука уште еден виц ми текнува. „Инцест, забава за целото семејство“
:-)
Е сега следат оние интересните членови око за око, паста за заби:
Чл. 196
Ако некој на друг му го иништи окото, да се уништи неговото око
Чл. 197
Ако некој на друг му скрши коска, да му се скрши неговата коска.
Чл. 205
Ако роб на слободен човек удри слободен човек, да му се отсече увото.
Чл. 229
Ако градежник за друг направи куќа и не ја направи цврсто и подигнатата куќа
се урне и го убие сопственикот, да се убие градежникот.
Чл. 230
Ако иде убиен синот на сопственикот, да се убие синот на градежникот
Еве ти тука дупка во законот, а ако нема градежникот син?
Чл. 282
Ако робот му каже на господарот: „Ти не си мој господар“ и ако тој на суд докаже
дека е негов роб, неговиот господар да му го отсече увото.
Што имале луѓево против ушите?
Гледате ли колку паметни биле еѓипчаниве...или Хамураби не бил еѓипчанец...толку
знам и јас инжињер сум. :-)
Последни коментари