5 декември, 2008 - 09:02
[веб кирилица]

Italijanski Fudbal

од StormAngel на 15 фев 2004 - 14:51

КУП НА ИТАЛИЈА - ПОЛУФИНАЛЕ

МИЛАН \'РАСТУРЕН\' НА ОЛИМПИКО

Европскиот Милан беше тотално декласиран во полуфиналето од националниот Куп од страна на Лацио. Поразително за \'росоњерите\' делува севкупниот резултат од 6:1 во корист на \'лацијалите\', особено по тешкиот пораз на Олимпико од 4:0. Карло Анчелоти не ни смее да бара оправдување во одлуката да игра со резервен состав чувајќи ги силите за калчото и Лигата на шампиони бидејќи се работи за европски првак кој во Рим играше очајно. Ретко се случува екипа од калибарот на Милан по само 45 минути игра да губи со 4:0. \'Росоњерите\' можат и да бидат задоволни за поразот од 4:0 бидејќи благодарение на голманот Абиати избегнаа поголема катастрофа. Интересно е што во голгетерска улога во тимот на Роберто Манчини се најде средниот ред. Победата ја најави Бразилецот Цезар, продолжи преку Ливерани, за капак на одличната партија на \'лацијалите\' да стави двојниот стрелец Стефано Фиоре.

По паузата Лацио се задоволи со високата победа, а Анчелоти се обиде со ставањето на Инзаги во игра да стори нешто, но го спречи црвениот картон на Кристијано Броки во 57. минута.

\'Доживеавме дебакл, но какви работи се случуваат во фудбалот и мораме да гледаме напред. Лацио има квалитетни фудбалери и секогаш имаме големи проблеми во дуелите со нив. Не верувам дека тешкиот пораз ќе има последици за тимот. Се надевам дека ќе играме подобро кон крајот на месецот кога доаѓаме повторно тука, во калчото\', прокоментира по средбата стратегот на Милан, Карло Анчелоти.

РЕЗУЛТАТИ:

ЛАЦИО - МИЛАН 4:0 (2:1) Цезар 11\', Ливерани 16\', Фиоре 36\', 42\'
ЈУВЕНТУС - ИНТЕР (2:2) синоќа

Опции за гледање на коментари


сликата на StormAngel
Italijanski Fudbal - од StormAngel на 19 февруари, 2004 - 12:50

СУСПЕНЗИИ ВО СЕРИЈА 'А'

МАЛДИНИ ГО ПРОПУШТА ГРАДСКОТО ДЕРБИ

Екипата на Милан ќе настапи без својот капитен Паоло Малдини на градското дерби против Интер што ќе се одигра в сабота.

Причина за ова е суспензијата поради четири жолти картони што Малдини ќе ја одлежува токму на натпреварот со 'неро-азурите'.

Местото на Малдини на оваа средба, најверојатно, ќе го заземе ветеранот Алесандро Костакурта.

Покрај капитенот на Милан, суспензии од по еден натпревар заработија уште: Колучи и Пекија (Болоња), Балестри (Модена), Мињани (Сиена), Шериќ (Парма) и Такинарди (Јувентус).

сликата на StormAngel
Italijanski Fudbal - од StormAngel на 20 февруари, 2004 - 12:10

КАРЛО АНЧЕЛОТИ ВО ПРЕСРЕТ НА ГОЛЕМОТО ГРАДСКО ДЕРБИ

'НЕРО-АЗУРИТЕ' СЕ ПЛАШАТ ОД МИЛАН

Карло Анчелоти ги вжешти страстите во италијанската фудбалска јавност во пресрет на големото градско дерби меѓу Милан и Интер изјавувајќи дека 'росоњерите' им имаат набиено комплекс на своите градски ривали.

'Со оглед на резултатите на последните неколку меѓусебни натпревари, јасно е дека играчите на Интер страдаат од комплексот 'Милан'. Тие се плашат да се сретнат со нас и ќе мора да ја искористиме оваа ситуација за да забележиме победа на дербито', изјави Анчелоти.

Сепак, шефот на стручниот штаб на Милан му упати комплименти на Алберто Закерони, кој според него би можел да стави крај на успешната серија на 'росоњерите' во овие дерби-средби.

'Закерони важи за извонреден мотиватор, кој секогаш знае да го извади максимумот од секој фудбалер. Сигурен сум дека играчите на Интер предводени од овој стручњак ќе 'изгинат' на теренот обидувајќи се да слават на Сан Сиро, но квалитетите се на наша страна', заврши тренерот на 'росоњерите'.

Своја изјава во пресрет на дербито даде и ветеранот Алесандро Костакурта, кој, најверојатно, ќе го почне овој натпревар на местото на суспендираниот Паоло Малдини.

'Виери и Адриано го сочинуваат најсилниот напаѓачки тандем во Италија во моментов, но затоа, пак, ние ја имаме најдобрата одбрана во Европа. Ако одиграме внимателно во последната линија сигурно ќе забележиме нова победа над Интер', изјави Костакурта.

сликата на StormAngel
Italijanski Fudbal - од StormAngel на 21 февруари, 2004 - 14:50

ОТКАКО ЈА ПОПОЛНИЈА КЛУПСКАТА КАСА

ЛАЦИО ГО КУПУВА СОЛАРИ

Иако се наоѓа во незавидна финансиска ситуација, Лацио по продажбата на Дејан Станковиќ во Интер и сй поизвесниот трансфер на Јап Стам во Милан, управата на клубот ќе може да си дозволи на лето да ангажира некое квалитетно засилување.

Добро е познато дека тренерот на 'лацијалите', Роберто Манчини, е голем фан на крилниот фудбалер на Реал Мадрид Сантијаго Солари откако имаше неколку неуспешни обиди да дојде до неговите услуги. Но сега со пари во клупската каса Манчини би можел да понуди отштета која би го достигнала барањето на 'Кралскиот клуб'.

Аргентинецот кој е под договор со Реал до 2005 сезонава добива многу малку шанса да заигра од тренерот Карлос Квеироз. Можеби затоа по години одбивање да си замине од Мадрид пред извесно време изјави дека посакува нови искуство надвор од Шпанија.

сликата на StormAngel
Italijanski Fudbal - од StormAngel на 23 февруари, 2004 - 11:58

МУ ЗДОДЕА ОД ФУДБАЛОТ

ГАУЧИ ЈА ПРОДАВА ПЕРУЏА

Ексцентричниот претседател на калчолигашот Перуџа, Лучијано Гаучи, се одлучи да го продаде клубот, но има голем проблем бидејќи никако не може да најде купец.

'Веќе ја донесов одлуката за продажба на Перуџа. Но додека не најдам купец ќе се залагам максимално за клубот. Проблем е тоа што не може лесно да се најде купец. Ги разбирам бизнисмените што не сакаат да инвестираат во фудбалот затоа што тоа не е некој добар бизнис потег, но се надевам дека сепак некој фудбалски фан кој има пари ќе ми се јави', објасни Гаучи.

Гаучи се прослави со ангажирање на синот на либискиот лидер Моамер Гадафи, Ал Саади, кој сй уште нема настап за првиот тим поради долгата суспензија за користење допинг. Последната негова авантура беше проектот ангажирање на фудбалерка, но неговите понуди ги одбија сите ѕвезди од женскиот фудбал.

сликата на StormAngel
Italijanski Fudbal - од StormAngel на 23 февруари, 2004 - 13:41

РЕЗУЛТАТИ

САМПДОРИЈА - ПАРМА 1:2 Флорес 82' - Џилардино 59', Брешано 74'
МИЛАН - ИНТЕР 3:2 Томасон 56', Кака 57', Сидорф 85' - Станковиќ 15', К. Занети 40'
БОЛОЊА - ЈУВЕНТУС 0:1 Јулијано 56'
КИЕВО - ЛАЦИО 0:0
МОДЕНА - ЕМПОЛИ 1:1 Аморусо 38' - Роки 50'
РОМА - СИЕНА 6:0 Касано 20', 25', 70', Мансини 30', Делвекио 81', Тоти 86'
УДИНЕЗЕ - АНКОНА 3:0 Фава 58', Јанкуловски 83', Пизаро 86'
РЕЏИНА - ПЕРУЏА 1:2 Коца 53' (п) - Зе Марија 20', Хубнер 90'
БРЕША - ЛЕЧЕ Синоќа

ТАБЕЛА

1. Милан 22 17 4 1 43:13 55

2. Рома 22 15 5 2 47:9 50

3. Јувентус 22 15 4 3 44:25 49

4. Лацио 22 12 4 6 33:22 40

5. Парма 22 11 6 5 32:26 39

6. Интер 22 10 6 6 38:20 36

7. Удинезе 22 10 6 6 28:23 36

8. Сампдорија 22 7 9 6 27:26 30

9. Киево 22 8 5 9 25:26 29

10. Болоња 22 6 7 9 23:29 25

11. Бреша 21 5 9 7 29:33 24

12. Модена 22 5 8 9 18:28 23

13. Сиена 22 5 6 11 28:36 21

14. Реџина 22 4 9 9 19:33 21

15. Лече 21 5 4 12 25:38 19

16. Емполи 22 4 5 13 16:39 17

17. Перуџа 22 1 11 10 25:40 14

18. Анкона 22 0 6 16 8 42:34 6

ЛИСТА НА СТРЕЛЦИ:

17 гола - Шевченко (Милан); 12 гола - Тоти (Рома), Трезеге (Јувентус); 11 гола - Бацани (Сампдорија), Шевантон (Лече), Виери (Интер)

ИДНО КОЛО (28.2.2004)

Емполи - Удинезе; Сиена - Реџина; Јувентус - Анкона; Сампдорија - Киево; Интер - Бреша; Лече - Модена; Парма - Рома; Перуџа - Болоња; Лацио - Милан

Italijanski Fudbal - од dime_bt на 24 септември, 2004 - 23:38

JUVEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEEE

ne se forsiraj Strom ... [тажен]((((

сликата на StormAngel
Italijanski Fudbal - од StormAngel на 25 септември, 2004 - 02:24

Добро де,признавам.Оваа година се нешто подобри,ама сепак шутраци се.
`Старата дама` а бе дај. [плази јазик]
Глупа екипа со глупо име,Џувентус.Блах!
И плус тек само што почна сезоната,тек ќе го кркате и сркате.

сликата на StormAngel
Italijanski Fudbal - од StormAngel на 26 септември, 2004 - 22:12

Леле каков партал Милан направи денеска на Олимпико,и тоа со само 10 играчи.
Имено,Лацио претходната година не победи со 4-0 ама оваа година им вративме,а победата е послатка поради тоа што игравме со 10 играчи и плус бевме во една криза после нерешениот со Ливорно и поразот од Месина на домашен терен.

Џувентус како што ви реков,слаб...послаб здравје.Само 1-1 одигра вчера и тоа голот на Јувентус после една контроверзност на судијата.Имено,Ибрахимович беше 3 км во офсајд,ама судијава не ставил леќи тој ден и не го видел тоа.

Нема везе,
Интер денеска ремизираше со Парма,и то.

Форца Милан! [намигнува]

сликата на anastas87
Italijanski Fudbal - од anastas87 на 27 септември, 2004 - 00:48

Криво ми е шо Пандев не го дае голот.

Иначе, италијанско не е за глеање, све е местено. Мада Милан си тепаа чесно. Ама Палермо осеќам ако не скудето, влага у ЛШ.

На Шева не му стои косица, али даа голови ко луд. Форца Росонери! [се гази од смеење]

сликата на StormAngel
Italijanski Fudbal - од StormAngel на 3 октомври, 2004 - 23:39

Денеска ептен супер фудбал!
Милан како што се очекуаше победи со 3-1 против Реџина,два гола на Шевченко и еден на Кака.
Најинтересното беше у Рим,каде што Рома и Интер играа нерешено 3-3
Зверски фудбал беше! Рома водеше со 1-0 за да Интер направи пресврт и да води со 3-1 се додека на сцена не стапи Тоти,од 31 метар го закопа Толдо меѓу стативите.На крај гостите од Милано од 1-3 мораа да се задоволат со еден бод.

Шевченко води во листата на стрелци и голема е веројатноста и оваа година да го понесе пехарот за најдобар стрелец во Сериа А.

сликата на JohnFoe
Italijanski Fudbal - од JohnFoe на 31 октомври, 2004 - 20:16

Ако е за информација..
Милан сакс, Јувентус рулз!
[се смее]

сликата на StormAngel
Italijanski Fudbal - од StormAngel на 7 ноември, 2004 - 01:18

Цитат:

Ако е за информација..
Милан сакс, Јувентус рулз!
[се смее]

Ве поздрави Реџина. [плази јазик]

сликата на JohnFoe
Italijanski Fudbal - од JohnFoe на 7 ноември, 2004 - 19:52

Педер црнчето си даде најфер гол, имаше пасивен офсајд, а он си ја смири со рамо. Вржана беше оваа..
Него вечер, вечер.. Форца Тоти винчере пер нои!
[се гази од смеење]

сликата на StormAngel
Italijanski Fudbal - од StormAngel на 7 ноември, 2004 - 23:17

Е да ти се наебам у среќата и стативата у последна минута.
Милан-Рома 1-1
Анчелоти е дефинитивно глуп што го смени Шева. [глава у ѕид]
Него,нема везе,среќата беше на страната на Римските педеришта овој пат,ама следниот пат ќе ги добиеме.
Форца Милан

сликата на JohnFoe
Italijanski Fudbal - од JohnFoe на 11 ноември, 2004 - 14:32

И разликата се продлабочува...

сликата на JohnFoe
Italijanski Fudbal - од JohnFoe на 24 јануари, 2005 - 20:49

Миланисти-сталинисти? Како е? Хехехехе
Боли а? Е боли, коа не можите да одите...
И брао за рома шо ми донесе малку кеш.
Јувентус шампион.

сликата на StormAngel
Italijanski Fudbal - од StormAngel на 24 јануари, 2005 - 20:54

Тек ќе правиме муабет ние. [намигнува]

сликата на StormAngel
Italijanski Fudbal - од StormAngel на 6 февруари, 2005 - 15:45
сликата на StormAngel
Italijanski Fudbal - од StormAngel на 20 февруари, 2005 - 00:34

Јувентус лузери,Милан пак први! [намигнува]
Eat this suckers!

[Сменето на 19/2/2005 од StormAngel]

сликата на JohnFoe
Кои тоа беа - од JohnFoe на 11 мај, 2005 - 12:32

Кои тоа беа лузери!?
Хехехе, абе миланисти-сталинисти...Како е? Го сањате Трезегол навечер?