Како е создаден Интернет-от
од micko на 1 дек 2001 - 05:10
За да се објасни како е создаден интернетот ќе мора да се објаснат и причините. Во далечната 1957 (што сигурно никој не ја памти) беше година со голема соларска активност и собирање информации на горниот дел од атмосферата.
Кликни на “Читај Повеќе” за да се образуваш...
Значи да продолжам, Ајзенхаувер (тогашен претседател на америка) изјавил дека америка планира да прати мал сателит кој ќе орбитира околу земјата. Како резултат на оваа изјава Кремлин исто така дал изјава, само за разлика од америка, СССР имаа повеќе успех и на 4 Октомври 1957 го лансираа Спутник. Секако американците беа малце спопиздени зошто не го извеле тоа први и за да не се осеќаат како заостанати, од страна на министерството за одбрана е формирано Advanced Research Project Agency или скратено ARPA. Нивната цел била да формира технологија за одбрана да не бидат (повторно) изненадени на полето на технички развој од страна на своите непријатели. ARPA била прва на листа за развој, за која биле вработени најдобрите научници, и поради дебелиот буџет изработката на системите била изведувана од страна на најдобрите американски институции. И покрај тоа што главната задача на ARPA била вселената, ракети и нуклеарно тестирање, голем фокус се дава на развој за напредни компјутерски системи. Во 1962 година ARPA започна посебен програм за развој за компјутерите, и како главен батка за развој бил назначен John Licklider од MIT (Massachusetts Institute of Technology) кој имал објавено “Galactic Network Concept”, визија во која компјутерите би биле мрежно поврзани и били достапни до сите. Во исто време ARPA ја развилала идејата за праќање пораки на повеќе делови, кои одкако би пристигнале на својата дестинација и биле повторно составени. Со тоа би се добило флексибилност наместо да се праќа све од еднаш, исто така потешко за шпиунирање од страна на браќата од Советскиот Сојуз. Цел тој план во 1965 е преставен на јавноста, и како експеримент компјутерите од MIT и Berkeley биле поврзани преку многу спора телефонска линија, и со тоа бил создаден првиот WAN (Wide Area Network). За да се собере знаењето и сите резултати кои биле развивани од страна на MIT, National Physics Laboratory (Англија) и RAND Corporation, создаден е ARPANET. Како последен чекор било да се најде протокол кој ќе им овозможи на компјутерите да испраќаат и да примаат информации меѓусебно познат како “interface message processor (IMP)”. Развојот бил завршен во 1968, и во Октомври 1969 била инсталирана првата мрежа помеѓу UCLA и Stanford. Мрежата им овозможила на студентите да се логираат на системите и да ги прегледуваат базите на податоци на двете страни. До крај на 1969 година, ARPANET била составена од 4 компјутери која имала многу брз развој. Во Октомври 1972 година, ARPANET била претставена на јавноста во Washington на првата конференција за компјутери и комуникации, со што пред јавноста било презентирано поврзување на 40 компјутерски системи кои биле на различни локации. Големиот интерест од страна на сите научници под контрола на експертите од Stanford, во 1974 година создале заеднички јазик за комуникација помеѓу сите различни системи познат како Transmission Control Protocol/Internet Protocol (TCP/IP). Овој протокол направил голема промена во комуникациите со што им дозволил на сите заинтересирани компании да бидат дел од мрежата, да можат да развиваат свои апликации без големи модификации на начинот за учество во мрежата.
И тука заврушува приказната за создавање на интернетот, која била читана на децата пред спиење. Секако можете и вие да ја кажувате на вашите деца, но запамтете дека текстовите се © Опасна Багра.
|
Последни коментари