5 декември, 2008 - 10:16
[веб кирилица]

Почина Џорџ Харисон

од Новица на 30 ное 2001 - 12:26

Поранешниот гитарист на Битлси, Џорџ Харисон почина на 58 годишна возраст во Лос Анџелес. Главниот гитарист во најпознатиот светски бенд ја изгуби битката со ракот на грлото - почина во 21:30 (Четврток). Харисон почина во домот на свој пријател, покрај својата жена Оливија и синот Дани.



Изјавата од неговото семејство гласи: „Го напушти светот, исто како што живееше во него, свесен за Господ, непашејќи се од смртта, и во мир, опкружен со семејството и пријателите. Често велеше: 'Се може да чека освен потрагата по Господ, и меѓусебната љубов.'“

Меѓу првите кои изразија сочуство беа Пол Мекартни и Јоко Оно . 'Потиштен сум и многу, многу тажен,' рече Мекартни. 'Знаевме дека беше болен дого време. Беше прекрасен и харбар човек со прекрасна смисла за хумор. Тој е мој помал брат.'

Јоко Оно рече: 'Џорџ ни даде толку многу во својот живот и продолжува да го прави тоа и по својата смрт, со својата музика и со својата мудрост. Неговиот живот беше магичен и сите ние чувствуваме дека сме делеле дел од тоа со самото тоа што сме го познавале. Фала ти Џорџ, беше извонредно човек да те познава.'