5 декември, 2008 - 08:28
[веб кирилица]

Жените се поподлежни на зависности!

од гоце на 30 ное 2001 - 00:20
Последните научни истражувања покажуваат дека естерогенот може да предизвика процеси во целебралниот кортекс кои предизвикуваат појави на штетни навики.
Пвеќето луѓе веруваат дека е многу потешко жена да се откаже од штетните навики, за разлика од мажите, и затоа е полесно жена да постане алкохоличар или наркоман. Ова предизвикува многу дискусии, иако за тоа се уште нема конкретни докази, на човечки субјекти.

Конечно, на универзитетот во Мичиген било изврешно истражување од група предводена од Џил Бекер кое највероватно може да ги објасни причините за овие зависности. За експериментите биле користени глувци во чии организми биле внесувани дроги во различни дози. Се испоставило дека 20-50 проценти од женките побрзо се навикнале на дрогата одколку мажјаците. Во финалните анализи се покажало дека брзината на адаптација кон било која дрога зависи од естерогенот кои ги интензивира долгорочните промени во целебралниот кортекс. Така што, во врска со дрогите, жените се навистина поподложни на зависност.