Почитувани,
Синоќа го гледав Матрикс тројката.
Филмот сам по себе не беше лош. Целата приказна (како што знаете и од вториот дел) заврте ептен накај епски елементи. Што и не е така лошо, за просечен филм.
Сепак, има една мисла што цело време ми се вртеше во глава додека го гледав филмот: многу ќе беше поубаво целата работа да застанеше после првиот филм. Сеуште се памтам себе си колку бев подзинат кога прв пат го гледав. Добро, јасно ми е дека само еднаш ти е прв пат, ама сепак...
Баш ме интересираат размислувањата на другите што го гледаа филмот.
ПС: Маме му ебам на тој (таа) што реши филмот да се прикажува во Универзална сала! Ми се здрви вратот, а и зукот не беше добар таму кај што седев.
ППС: Маме им ебам на новинарите што дури завчера објавија дека филмот ќе игра у Милениум од понеделник. Совет за оние не толку загреаните: стрпете се уште неколку дена.
Последни коментари