Во темата за Марјан Стојановски спомнав нешто за формата и содржината. Па некако ми се чини дека ќе се забегаше со филозофирањето околу Марјан Стојановски. Затоа одлучив овде да отворам тема за формата и содржината.
Дискутантот сељачиште рече дека важни се двете компоненти, и формата и содржината. Јас се согласувам со него за тоа. Ама кога ќе се исполни условот да за некоја личност е исполнет со содржина и со форма тоа значи таа личност го достигнало совршенството, а сите се стремиме кон тоа. Ама ретко е кај некои да бидат исполнети двата услова истовремено.
Инаку одлика на Буржоаскиот систем е да ја развива формата и со тоа од формата ја изведува содржината за таа личност. Или со практичен пример. Секој граѓанин кој сака да претставува некој или нешто мора да биде совршено облечен. Мора да има машна на себе, да биде убаво избричен, да носи облека од позната модна куќа, да биде убаво исчешлан итн. Значи се нај нај. И штом ќе видиме ваква личност, тогаш се восхитуваме на ваквата убавина и потсвесно закључуваме за таа личност дека е нај, нај, и со знаење, и со со содржински квалитет. Значи од формата се изведува содржината за таа личност, а кој содржински квалитет најчесто е лага. Ама тоа е таа буржоаска идеологија, да од формата се изведува закжучок за содржината на таа личност.
Интересното е што ако некој се покаже некоја содржинска личност, а која не е се изразува преку формата, односно не се покажува многу во носењето и во личниот изглед, на таа личност ќе се врши притисок за да неговиот богат содржински опус биде изразен и преку формата, со цел да се има едно мнение, пример, дека кога ќе се има форма, таа личност е и содржајно богата.
Па така во реалноста ретко е да се стопат овие две компоненти во една компонента. Најчесто се појавува разлика меѓу содржината и формата. Оној кој е содржински богат, не обрнува многу внимание на формата и на елеганцијата. И обратно оној кој многу пази на формата, елеганцијата, најчесто е содржински сиромашен. Ама постојат и многу примери кај некои личности кои не обрнуваат многу внимание ни на формата, а со тоа и содржински е сиромашен, каде најчест е изговорот во буржоаскиот систем на вредности. Оној кој е сиромашен, се знае дека нема да се носи елегантно, а со тоа од сиромашниот не може да се очекува и некој квалитет.
Ама не е така постојат многу вредни луѓе кои не пазеле многу на модата и елеганцијата. Да речеме Ајнштајн, кој секогаш имал разбушавена коса и кој не пазел многу на формата, ама знаеме каков квалитетен научник бил. Има и други научници и писатели кои свесно или несвесно не обрнуваат многу внимание на формата. За нив приоритетни им се делата.
Ама гледам дека полека во Македонија навлегува и Буржоаската идеологија, да приоритетна е формата. Посебно кај девојките, кај личностите од музичката естрада кои многу пазат на изгледот, се со цел да кога ја слушаме нивната песна, да го закључиме и квалитетот на песната, потсвесно преку нивната форма.
И на крај како закључок. Буржуите знаат како да привлечат. И неквалитетното (по содржина) ќе ни изгледа дека е супер, за тоа што неквалитетното е многу убаво оформено. ![[се смее] [се смее]](/misc/smileys/smile.gif)
Последни коментари