Покрај M. Night Shyamalan, Darren Aronofsky е најуспешниот млад режисер и сценарист кој на свој начин го менува Холивуд. Неговата желба да сними филм ќе резултира со собриање млади и амбициозни луѓе, главно студенти по филм. Сите вклучени во снимањето на филмот, како и нивните роднини донирале по 100 долари и собрале $60.000 што е целиот буџет на филмот Pi. Филмот немал добиено дозвола за локацијата на снимање а имало луѓе кои биле задолжени да чуваат стража и ако виделе полиција целата екипа набрзина се пакувала и го напуштала снимањето. Кога „Artisan“ (моето омилено филмско студио) го погледнале филмот и сфатиле под какви услови е сниман веднаш ја превземале дистрибуцијата. Филмот е приказна за математичар кој мисли дека може да ја најде формулата за шемата и концепцијата врз која е изграден настанокот на светот и се во него.
По успехот со Pi Артисан го ангажира Аронофски во снимањето на „Requiem for a Dream“. Прв пат филмот го гледав во кино и по завршетокот бев толку зашеметен што искрено незнаев дали кога ќе искочам надвор ќе биде ден или ноќ. Значајно за Дарен е неговото пријателство со Клинт Мансел кој е композитор на музиката и во двата филма. Покрај тоа што овие два филма не смеат да се пропуштат, препорачувам и преслушување на филмската музика која на посебен начин ќе ве возврати кон доживувањето од филмовите.
Последни коментари