ПРАШАЊЕ: Вчера со девојка ми пушевме марихуана од бонг. Решивме да експериментираме,
така што јас и дадов „шат“ директно во нејзината вагина и ја држев затворена
неколку секунди. Кога пуштив значителна количина на дим излезе надвор. Го направив
ова неколку пати и подоцна таа ми кажа дека се чуствува „хај“.
Мојата девојка има астма, што ја спречува да пуши колку што таа сака. Ако вагиналното
внесување на марихуана е безбедно би сакал да и овозможам да биде хај без да
и ги иритирам белите дробови. Дали е ова безбедно за вагината и остатокот на
телото?
ОДГОВОР: За жал, ваквата практика може да биде опасна. Дувањето на воздух во вагината може да доведе до воздушен емболизам, додека меурчиња на воздух влегуваат во крвта. Ова е поверојатно да се случи ако воздухот е јако дувнат во вагината (се ствара поголем притисок), и е повероватно ако жената е трудна. Емболизмот може да предизвика сериозни компликации, вклучително и смрт. Дувањето на чад во вагината го носи истиот ризик.
Повеќе информации на темава на:
http://thriveonline.oxygen.com/sex/experts/drgardos/drgardos.08-04-99.html
[1]
http://www.ivillage.com/TWN/print/0,2707,8146,00.html [2]
Има неколку алтернативни методи кои се корисни за употреба за астматичарите. Еден е да се јаде канабисот или да се готви. Другиот е да се користи техника на пушење со луле. Со малку вежба, димот може да биде вовлечен во устата и да се држи таму пред да се издиши. Со оваа техника димот никогаш не е вовлечен во белите дробови и се апсорбира преку кожата во устата. Двата методи се помалку ефективни од нормално пушење, но се добри за да се избегне иритација на белите дробови. Треба да се биде претпазлив со оралната употреба на канабис затоа што траењето е подолго и кавалитативното искуство е различно од тоа што се добива само со пушење (често е опишано како појако и има „подобар трип“).