Господинот David Lynch е хипер-продуктивна жива легенда која се занимава со производство на ултра-психоделични трилер/хорори. Човекот ги има направено најзвозбудливо збунувачките филмови можеби на сите времиња. Прв меинстрим филм му е „Eraserhead“ од 1977, тој филм сигурно лежи врз неколку сектори на мојот хард диск и ако има интерес за темава по гледањето ќе се навратам за коментар. По 3 години во соработка со Мел Брукс го прави „Elephant Man“, филм кој е сниман во црно-бела технологија и кој директно ќе ви сурфа по мозочните виуги, ќе ве натера да се запрашате до каде стигнал вашиот цивилизациски дострел и најсе ќе ви го омекне срцето и ќе ви канонира огромна грутка во грлото. Следениот Линчов филм е „Blue Velvet“, иако некои луѓе го вбројуваат во топ 10 овој филм го гледам само како зачеток на еден нов период на Линч кој лајт мотив ќе достигне во неговите понови филмови. Во 1990 Линч е ангажиран да сними 30 телевизиски серии под името „Twin Peaks“. Токму оваа серија ќе му ја донесе славата која денес ја ужива и серијата ќе биде прогласена за револуција во телевизиските серии, нешто сосема поинакво од сапуниците познати во тоа време. Јас имам 18 серии, доколку некој има некоја нека пише да средиме размена. И конечно двата според мене најдобри филмови, „Lost Highway“ и „Mulholland Dr.“ Секој љубител на психоделични трилери (a.k.a тешки филмови:)) едноставно не смее да ги одмине. По гледањето на овие филмови одредено време имав чудни болки во кичмата, а кога и да помислев на нив једев тешки флешови проследени со инстантно наежување на кожата. Едниот од нив донекаде го разбрав, а другиот и по 4 гледања е далеку од мене. Можеби тоа е и двигателот на оваа тема. Ве очекувам...
Последни коментари