Текстот кој следи е извадок од „THE TAO OF SEXOLOGY“ (ако ве интересира повеќе,
книгава едно време ја имаше низ скопските книжарници) од Dr. Stephen T. Chang.
Текстот се однесува на одредување на половите карактеристи и склоности според
некои физички карактеристики на луѓето.
Читајте повеќе...
Според таоистичката теорија, лицето открива се. Ако ја познавате техниката
за анализа на лицето, можете да ја анализирате целосната личност на некој човек
со едноставно разгледување на неговото лице. Освен тоа, од лицето и прстите,
можете да ја одредите големината и обликот на вагината и пенисот. Тоа е поволно
бидејќи е важно вагината и пенисот да се компатибилни. Така на пр. на жена со
длабока вагина, ќе и треба долг пенис за совршен склад. На жена со широка вагина
ќе и треба дебел пенис.
Постојат неколку физички карактеристики, врз основа на кои може да се одреди
должината и обликот на пенисот. Овие знаци во 90% од случаите се точни.
1. Маж со долг нос и долги прсти ќе има долг пенис.
2. Ако прстите му се кратки, ќе има краток пенис.
3. Ако носот му е долг, а прстите кратки, или обратно, ќе има пенис со средна
должина.
4. Ако врвот на носот е дебел, ќе има дебел пенис, и обратно.
5. Палецот е обликуван како пенисот. Ако палецот има печурковидна форма, пенисот
ќе има широка глава и тенко тело. Ако палецот има триаголна форма и пенисот
ќе биде со таква форма. (Пенисот со печурковидна форма се смета за најдобар,
бидејќи највеќе и се допаѓа на жената.)
6. Ако мажот има дебели, широки усни, ќе има голем пенис.
Од анализата на лицето можат да се добијат два пати повеќе заклучоци за карактерот
и големината на вагината. Тие исто така се точни во 90% од случаите.
1. Ако жената има мала уста и кратки прсти, ќе има мала кратка вагина. Ако
прстите не одговараат на тој опис, посматрајте ја само устата.
2. Ако има големи и дебели усни, нејзината вагина ќе биде широка и дебела.
3. Ако има длабоко всадени очи вагината ќе и биде длабока.
4. Жена со тенки очни капаци, исто така ќе има длабока вагина.
5. Ако нејзините капаци се дебели и меснати, ќе има кратка вагина.
6. Ако жената има испакнати очи, вагината ќе и биде кратка. (Многу мажи бираат
жени со кратка вагина, за свое сопствено задоволство. Тие поминуваат низ втората
бариера - утерусот. Мажите сметаат дека тоа е прекрасно, но тоа е многу штетно
за жената.)
7. Кратковидата жена ќе има длабока вагина.
8. Ако има големи и водени очи, ќе има голема и водена вагина.
9. Жена со голема уста и тенки усни ќе има тесна (мала) и долга (длабока) вагина.
10. Испакнати усни и испакната коскена структура, укажуваат на еластична вагина.
Може да биде голема или мала, ама ќе биде влажна, топла и мека. Таа исто така
вибрира и многу мажи ја сметаат за најдобра. Таоистите ја нарекуваат „вагина
која збори“.
11. Тврда жена, без емоции, која не плаче, ќе има тврда и сува вагина.
12. Ако има мали образи и вилица ќе има мала и искривена вагина. Ако е само
малку искривена, проблеми нема да има. Меѓутоа ако закривувањето е големо, ќе
и треба долг и тенок пенис.
13. Ако има кратко чело и сплескан нос, ќе има кратка и широка вагина. (Надворешниот
дел ќе биде сплескан, а внатрешноста ќе биде широка, ама кратка.)
14. Ако има испакнати јаболчници, ќе има многу длабока вагина и силен сексуален
нагон. Се смета дека тоа е многу непожелно, бидејќи тој вид на жени можат сексуално
да го исцрпат својот партнер.
15. Ако има дупче на брадата, тогаш има многу кратка вагина, веројатно вагина
со два прстена.
Мажите и жените делат неколку карактеристики во анализата на лицето.
1. Линиите во аголот на окото укажуваат дека личноста има јаки сексуални склоности
и дека лесно може да и се приближиш. Личност без линии во тоа подрачје има слаб
или никаков сексуален поттик.
2. Длабоките линии на крајот на устата укажуваат на силна сексуална желба.
3. Личност со долга силна брада има силен полов поттик.
Интензитетот на сексуалните склоности зависи од тоа колку од тие карактеристики
се споени, и како се изразени. Секако тие карактеристики можат да бидат изменети
со други карактеристики на личноста.
Сте за еден тест? []-)
п.с. Следат уште два можне интересни (поучни?) текста.
Последни коментари