Published on Опасна Багра (http://bagra.org)

nezadovolstvo vo zivotot?

Од arsov
Креирано 25 фев 2003 - 21:38

Задоволството од себеси го облагородува човека.
Поради незадоволството од себеси, настануваат големи меѓучовечки проблеми. Заради незадоволство од себеси, еден човек ќе „плука“ со зборови врз друг, кој со самото свое битиствување на „повисока“ социјална положба го тера незадоволникот да се осеќа подолно, без оглед дали „плукањето“ има фактичка основа или не; без оглед на тоа што другиот нема ништо направено за да го испровоцира „плукањето“. Незадоволникот својата причина за плукање ја наоѓа во самото негово и постоењето на оној по кој плука: зашто самиот тој е на место кое е „пониско“ на скалата на незадоволникот, од местото на оној по кој тој плука? Зошто не е обратното? Зошто... смреките шумат, реките жуборат, има луѓе кои тој поради самото нивно битиствување на земјава, ги мрази... зошто е прашањето кое му го мати умот на незадоволникот.
Заради незадоволството, незадоволникот нема да престане да плука дури и кога ќе му биде предочено со „суви факти“ дека она поради кое „плука“ нема никаква основа.
Зошто?
Дали е можно да незадоволството од себеси е толку јако да преминува(или се поистоветува) со самата верба?
Самата верба е нешто апсолутно на страна од рационалното. Верба и рацио, се двете можни состојби на умот, иако се можни и меѓу-состојби. Човек може да верува дека вонземјани го имаат донесено на земјава, може да верува дека е најпаметниот човек кој ја газел земјата... може да верува дека е создаден од некое „вишо“ битие, без оглед на тоа дали фактичката состојба укажува на нешто поразлично... може да верува дека земјава е стара 10000(или помалку) години.
Можеби веррбата на незадоволникот е најјаката верба! Можеби ја овде пишувам бесмислици! Можеби вербата на незадоволникот има основа во... реалноста!?

Кога очекувањата од себеси нема да се достигнат, е - тогаш, тогаш му е мајката! Тогаш настануват перипетиите во човечкиот живот. Тогаш човекот знае дека не успеал... а што сега понатаму; кога она за што сме сметале дека „не` бива“ испаднало грешка? Што откако сме сфатиле дека ние сме само едно мало, незначајно делче од Универзумот? Што кога сме сфатиле дека за 4милијарди години од Земјата како планета ќе останата само суви карпи, усвитени од топлина? Што кога сме сфатиле дека - евентуално - се` она за кое овде живееме, работиме, сите смисли за животот за кои сме мислеле дека ги има... едноставно нема да бидат важно дали воопшто постоеле!?
Тогаш - е тогаш, вербата зема замав кај човекот!
Тогаш човекот, како по навика, наместо да се соочи со фактичката состојба, ја закопува главата во песокот и - сонува! Сонува дека има „нешто“ кое не` „створило“... кое, евентуално, ќе се вратина Земјава од која избегало, и - ќе не` однесе некаде... или како што прекрасно се изразува Боб Марли во песната Стани, застани за твоите права:

Пороповедниците ќе ми кажат: небото е над земјата,
Јас знам дека ти не знаеш колку навистина вреди животот,
...
Најмногу од луѓето мислат дека Големиот Господ ќе спадне од Небото,
Ќе одземе се` и ќе направи сите да се чувствуваат „хај“(напафкани со марихуана),
Но ако ти навистина знаеш колку вреди животот,
Ти ќе ја бараш твојата радост на земјата...
Дали сега ја гледаш светлината - едноставно само,
Застани за своите права... не се откажувај од борбата.

Дали не ќе да е полесно ако животов го прифатиме каков што е, ама овде, на земјава која леб и вода ни` дава? Дали тогаш не ќе сфатиме дека всушност, кој е „погоре“ а кој „подоле“ на некои општествено поставени скали апсолутно е небитно... дали не ќе сфатиме дека сето тоа нема врска... дали тогаш не ќе сфатиме дека ние сме само одвај забележлив блесок во огромниот оган на универзумот... дали тогаш не ќе сфатиме дека овој живот е она што сигурно го имаме, несигурни во „живот откако ќе го снема животот“... дали тогаш нема да сфатиме дека разликата која можеме да ја направиме е само во контекстот, а фактите се независни...дали нема да сфатиме дека единствена разлика меѓу задоволството и незадоволството е - што е она што ние ќе го одбереме од двете и нема друга разлика... дали нема да сфатиме дека единственото нешто што вреди е дали во фактичката ситуација ние ќе ја најдеме радоста или не-радоста... дали тогаш нема да сфатиме дека ако во фактичката ситуација ја одбереме не-радоста, го одбираме очајот... имаме изгубено сигурно, дури и кога евентуално, плуканиците ќе бидат ефектуирани и ќе ја постигнат својата цел: незадоволникот да биде на повисоко социјално скалило од оној врз кого тој плукал...дали тогаш незадоволникот нема да сфати дека цело време додека плукал - тој губел... дали нема да сфати дека за целото време додека плукал, губеле и оние околу него: губеле да го видат радосен, насмеан, задоволен од себеси... дали тогаш незадоволникот нема да сфати дека и откако ја има постигнато целта... тој уште губи: оти - секогаш има човек кој тој го мрази од дното на својот ум, кој е на повисоко место од него!
Дали кога ќе ја сфати својата временска, ништожна улога во Големата слика, незадоволникот нема да сфати дека во основа, она што му останува е да проба да се осеќа радосен заедно со другите ништожници на земјава - додека може, секако.
Дали тогаш незадоволникот нема да сфати дека дали некој бил на оваа или на онаа позиција во општествените мерки на ништожниците - е едноставно, апсолутно небитно.

Дали кога ќе ја сфатиме големината на искрата во оганот на Универзумот нема да сфатиме дека она што ни` останува е да ја бараме радоста во овој живот, оваа секогаш единствена искра во оганот на Универзумот, а да не ги спречуваме и другите да ја најдат својата радост во него... додека краткиот блесок од малата искра не згасне.

‹ Книга на жалост за Претседателот [0] Еден Збунет Млад Човек › [0]

Изворно URL:
http://bagra.org/node/2364