5 декември, 2008 - 09:55
[веб кирилица]

Секогаш проверувајте што купувате.

од ALEK-- на 23 ное 2001 - 16:48


Еве што може да Ви се случи доколку не проверувате што купувате, односно што Ви спакувал продавачот, а што му се случило на долунаведениов дечко, проценете сами.

Дечко сакал да и купи на девојката поклон за роденден и бидејќи оделе само кратко време, по долго размислување сфатил дека пар ракавици се совршен подарок...



...Заедно со сестрата на девојката излегле да купат подарок и купил еден пар бели ракавици. Сестрата за себе си купила гаќички.

Додека продавачот ги пакувал ракавиците ги смешал и кај сестрата дошле ракавиците, а кај дечкото - гаќичките. Без уште еднаш да провери што има завиткано во кутијата, дечкото го испратил подарокот со следново писменце:

"Ги избрав нив зошто приметувам дека немаш обичај да носиш кога излегуваме навечер. Да не беше сестра ти ќе ги изберев подолги, но таа носи кратки, зошто полесно се вадат. Продавачката ми покажа едни што ги носела последниве три недели и скоро воопшто не се извалкале. Ја натерав да ги проба твоите за мене и морам да ти кажам изгледаше многу елегантно. Посакувам да сум таму за да ти ги облечам за првпат, зошто додека дојде следна шанса да те видам, други веќе одамна ќе имаат стапено во контакт со нив.
Кога ќе ги соблекуваш запамти да дувнеш еднаш во нив пред да ги тргнеш на страна, зошто ќе бидат малку залепени од носење. Само замисли колку пати ќе ги бакнувам во текот на следната година.

Со сета моја љубов


П.С. Последна мода е да се носат свиткани навнатре, за малку да се наѕира волничката."



БАГРА: No comment! :)

Опции за гледање на коментари


Одговор: Секогаш проверувајте што - од Smoki на 23 ноември, 2001 - 19:49

Ова ми стигна барем десет пати преку chain мејлови [се смее]

Одговор: Секогаш проверувајте што - од bushavko на 2 декември, 2001 - 12:57

alal da ti e

ne da si me iznasmeal

ponatamu ne komentiram

[се смее])))))))))))))))))))))))))))